Контакт

Свет

Техеран со протестна нота до данскиот амбасадор поради изјавите за тајната служба на Иран

Објавено пред

Иранското Министерство за надворешни работи го повика амбасадорот на Данска во Техеран, кој вложи официјален протест по веста за операцијата на иранската тајната служба во оваа нордиската држава, објави официјалниот претставник на министерството, Бахрам Гасеми.

„Утрово амбасадорот на Данска во Техеран оствари средба со шефот на првото одделение за прашања во Северна Европа, за време на која му била врачена протестна нота поради предизвиканата политичка реакција на неколку дански политичари и медиуми во врска со притворањето на еден лице кое има норвешко и иранско државјанство и обвинувањата дека тоа заговарало убиство во Данска”, истакна Гасеми.

Данските медиуми во вторникот објавија, цитирајќи го министерот за надворешни работи, Андерс Самуелсен, дека Копенхаген го отповикал данскиот амбасадор во Иран за консултации по обвинувањата.

Претходно, данската полиција го објави апсењето на норвешки државјанин со иранско потекло во врска со наводен ирански разузнавачки напад врз поединец во Данска. Во исто време, норвешката полиција потврди дека им помага на данските колеги за ова прашање.

Техеран, пак, ги отфрли изјавите за нелегалните активности на иранските разузнавачки служби во Данска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Шефот на грчката дипломатија на средба со Помпео во Вашингтон

Објавено пред

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и неговиот американски колега Мајк Помпео денеска ќе се сретна во Вашингтон. На средбата се очекува да разговараат за прашањата од билатерален, регионален и меѓународен интерес.

Дендиас ќе престојува во дводневна посета на САД, а ќе оствари средби и со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон, со сенаторот Боб Мендез и ќе учествува на министерската конференција за унапредување на верската слобода што ќе се одржи во Вашингтон.

Прикажи повеќе...

Свет

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Објавено пред

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и „ламборџини“.Случајот е оркриен во Бразил, во државата Санта Клара.

Оваа фабрика во која биле изработени осум такви лажно возила, а во подготовка биле и други, е откриена откако се пожалиле италијанските комапнии дека фалц автомобили се појавиле на пазарот. Тие ги нуделе возилата преку социјалните мрежи по цена од 45.000 до 60.000 долари.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Шкотска најмногу починати од дрога

Објавено пред

Во Шкотска минатата година од употреба на дрога починале 1.187 луѓе, што е за речиси 27 отсто повеќе отколку во 2016 година, а во однос на бројот на населението, станува збор за најголем број во ЕУ, пренесува Би-би-си.

Според официјалните податоци, во Шкотска во 2018 година се регистрирани 218 смртни случаи од дрога на милион жители, додека во Велика Британија бројката е 74, а во ЕУ 23, речиси десет пати помалку.
       
Според најновите проценки на здравствените работници, во Шкотска има околу 60.000 зависници од дрога, или околу 1,6 отсто од населението.
       
Најголем број од починатите од дрога во Шкотска користеле опојни дроги како хероин и медатон, а забележано е дека се повеќе зависници консумираат смртоносни коктели на дрога , кои вклучувајќи бензодиазепини, етизоламeм, апчиња кои дилери ги рекламираат како ,,уличен валиум”.
      
Етизолам предизвикал смрт на 548 луѓе во 2018 година, се наведува во извештајот.
       
Исто така е интересно дека употребата на дрога во најсиромашните делови на Шкотска е 17 пати повисока отколку во од најбогатите делови.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Свет13 минути

Во Шкотска најмногу починати од дрога

Во Шкотска минатата година од употреба на дрога починале 1.187 луѓе, што е за речиси 27 отсто повеќе отколку во...

Македонија10 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион12 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа13 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет13 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија15 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа17 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија17 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија17 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт18 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија19 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија21 час

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет22 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет22 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион23 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет23 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија24 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа1 ден

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Досие