Свет
(Видео) Тешка несреќа во Канада: најмалку 15 загинати
Најмалку 15 лица загинаа во канадската провинција Манитоба откако камион удри во возило во кое се превезувале стари лица и инвалиди.
Несреќата се случила во близина на градот Карбери, 170 километри западно од Винипег.
Кралската канадска коњичка полиција соопшти дека сите расположливи ресурси се распоредени на местото на настанот.
„Срцето ми се скрши кога ја слушнав веста за трагичната несреќа кај Карбери“, напиша на Твитер премиерката на Манитоба, Хедер Стивенсон.
Доколку се потврди бројот на жртвите, ова ќе биде една од најсмртоносните сообраќајни несреќи во поновата историја на Канада.
Во Саскачеван, соседна провинција, 16 лица загинаа во април 2018 година, откако камион удри во автобус кој превезуваше јуниорски хокеарски тим на рурален пат.
Во 2019 година, возачот на камионот беше осуден на осум години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија го осудува „нападот без преседан“ врз Либан и повикува на темелна истрага
Претставничката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Руската Федерација најостро го осудува „нападот без преседан“ врз Либан и неговите граѓани и ги повикува сите инволвирани страни да покажат воздржаност за да се спречи понатамошна дестабилизација на ситуацијата на Блискиот Исток.
Пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах експлодираа истовремено во вторникот во јужен Либан, а Хезболах денеска соопшти дека бројот на загинати во експлозијата на пејџер се искачи на 12 откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите, објави „Тајмс оф Израел“.
Русија го гледа тој инцидент „како уште еден чин на хибридната војна против Либан, во која загинаа илјадници невини луѓе“, рече таа, пренесува ТАСС.
Свет
Будимпешта се подготвува за поплави – се поставуваат бариери пред куќите и брани околу Дунав, за викендов најавена опасноста
Во градовите северно од Будимпешта, властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за рекордно ниво на вода, поради што е затворен островот Маргит, одморалиште со хотели и ресторани.
На сила стапи указот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за заштита од поплави, според кој беа наредени координирани мерки за заштита на целата територија на Унгарија, а Орбан денеска изјави дека во тек е најтешката фаза на заштита.
Циклонот Борис донесе многу дожд низ Европа и предизвика поплави, кои стигнаа и до Унгарија, каде Дунав се излеа од коритата. Се наведува дека моменталниот водостој на Дунав е 683 сантиметри, додека вчера бил под 600 сантиметри.
Поплавен е кејот покрај Дунав, а врвот на поплавниот бран, како што изјави градоначалникот на Будимпешта, се очекува да биде во недела, иако вчера беше најавено дека ќе биде ноќта меѓу петок и сабота.
Разорните поплави предизвикаа пустош во Полска, Австрија, Чешка, Словачка и Романија, а според последните информации, најмалку 20 луѓе загинале низ Стариот континент. Во Словачка, министерот за животна средина, Томаш Тараба, рече дека нивото на водата на Дунав во текот на ноќта достигнала речиси 10 метри и дека нема така лесно да се спушти. Тој додаде дека штетите од поплавите низ државата се проценуваат на околу 20 милиони евра.
Свет
Ердоган со премиерот на Либан: Исклучително се опасните напорите на Израел да ја прошири војната
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со либанскиот премиер Наџиб Микати, изразувајќи жалење за смртта на луѓе во истовремени пејџери експлозии во Либан.
Ердоган му рекол на Микати дека аспирациите на Израел да го прошири конфликтот во регионот се „исклучително опасни“ и дека ќе продолжат напорите да се запре „израелската агресија“, пренесува Анадолија.
Пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах вчера експлодираа истовремено во јужен Либан, а Хезболах денеска објави дека бројот на загинати во експлозијата се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите.