Свет
„Тик-ток“: Утре се гаснеме во Америка

„Тик-ток“ синоќа предупреди дека ќе биде принуден да престане со работа во САД утре, освен ако не добие јасна изјава од Белата куќа за својата иднина.
Ова се случува откако Врховниот суд го потврди законот со кој се забранува Тик-ток во Соединетите држави поради национална безбедност, освен ако кинеската матична компанија „Бајт денс“ не го продаде на одобрен американски купувач, што компанијата го одбива.
Со оваа одлука, популарната апликација за кратки видеа е во опасност утре да исчезне.
Судската одлука ги фрла платформата и нејзините 170 милиони американски корисници во неизвесност, а нејзината судбина во рацете на Доналд Трамп, кој вети дека ќе го спаси ТикТок откако ќе се врати на претседателската функција во понеделник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Руте: НАТО не смее да дозволи Путин во иднина да окупира ниту најмал дел од украинската територија

На дневен ред на НАТО денеска е прашањето за воената индустрија и како да се зголеми производството на оружје, изјави генералниот секретар Марк Руте.
„Ние не произведуваме доволно и тоа е проблем со кој се соочуваме сите – од САД, преку Турција и Европската унија, до Норвешка и Обединетото Кралство. Имаме силни воени индустрии, но тие не произведуваат во доволни количини“, рече тој.
Руте нагласи дека Русија во моментов произведува значително повеќе од НАТО сојузниците и додаде: „Тоа едноставно не е одржливо, треба да го зголемиме производството на воена опрема“.
Тој посочи дека меѓу членките на алијансата постои „јасно единство“ во желбата што поскоро да се заврши војната во Украина и Украина да биде „на најсилната можна позиција“ за преговори.
„НАТО не смее да дозволи Путин во иднина да окупира ниту најмал дел од украинската територија“, рече Руте.
Свет
Американскиот министер за одбрана: Не ја предадовме Украина

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека обидите на САД да преговараат за мир меѓу Украина и Русија „секако не се предавство“ на украинските војници.
Хегсет нагласува дека САД дале „неверојатна посветеност“ на НАТО, додавајќи дека ниту една земја нема поголема посветеност на украинската мисија од САД.
Тој додава дека САД инвестирале повеќе од 300 милијарди долари во стабилизирање на линијата на фронтот по руската агресија, велејќи дека светот е среќен што го има претседателот Трамп и дека во овој момент само тој може да ги собере силите за да се донесе мир.
Хегсет вчера изјави дека би било нереално да се мисли дека Украина би можела да ги врати своите граници пред 2014 година, со што ќе се намалат шансите на Киев да се приклучи на НАТО.
Свет
Петмина загинати во експлозија на гас во трговски центар во Тајван

Најмалку пет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во централниот тајвански град Таичунг, соопшти противпожарната служба.
Експлозијата се случила на 12 кат од зградата каде што се одвивале градежни работи, соопштија пожарникарите.
Ресторанот во тоа време бил затворен поради градежни работи, се додава.
Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те преку објава на Фејсбук повика на брза истрага за причините за експлозијата.