Контакт

Вести

Тилерсон ќе бара од сојузниците во НАТО поголеми вложувања

Објавено пред

На својот прв состанок во НАТО во петок, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе побара од европските сојузници повеќе да вложуваат во одбраната.

dobivaj vesti na viber

Во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на 28-те земји членки на Атлантскиот сојуз во Брисел, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во четвртокот ќе ја посети Турција, една од клучните членки на НАТО, за да разговара со претседателот Реџеш Тајип Ердоган за борбата против џихадистите во Сирија.

Состанокот на НАТО требаше првично да се одржи на 5-ти и 6-ти април, но Тилерсон објави дека нема да може на него да присуствува, споменувајќи патување во Москва, и можната посета на САД на кинескиот претседател Кси Џинпинг. Затоа беше потребно да се убедат другите 27 членки на Алијансата да го поместат состанокот за 31-ви март, за да може Тилерсон како министер на земјата основач на НАТО да присуствува.

Главната цел на срдбата е подготовка на самитот на НАТО на 25-ти мај во Брисел, на кој би требало да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп. Тоа ќе биде неговото прво патување во Европа каде што ќе се сретне со европските сојузници коишто претходно ги вознемири со изјавите дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија е „добра работа“ и оти НАТО е „застарен“.

„Претседателот беше многу јасен, а неговиот државен секретар тоа ќе го повтори во петокот: САД не можат повеќе да сносат непропорционален дел од трошоците за одбранат на НАТО“, предупреди дипломат од Стејт департментот, пренесува AFP.

Ден по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, која на 17-ти март ја прими во Вашингтон, Трмоп на Twitter порача дека Берлин им должи огромни суми на НАТО и на САД.

Најголемата воена светска сила со годишен воен буџет кој Трамп сака да гои зголеми на 639 милијарди долари, обезбедува 68 отсто од трошоците за одбраната на 28 земји членки на НАТО. И пред доаѓањето на власт на републиканскиот претседател, Вашингтон се жалеше на нерамнотежата во однос на европските сојузници. На самитот во Велс, во 2014 година, сојузниците се договорија за издвојувања од 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбраната./крај/мф/сн

Вести

(Видео) Пукање во Приштина: пресметка на две грпи заврши крваво, неколку повредени

Објавено пред

Неколку лица се повредени од истрели од огнено оружје вечерва околу полноќ, во центарот на Приштина, во познат локал, јавуваат косовските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според изворите од местото на настанот на порталот „Репортери.нет“, тепачката меѓу двете групи започнала надвор од локалот, која потоа продолжила во внатрешноста на локалот, каде што се пукало. Соопштено е дека од истрелите се повредени неколку лица, додека еден од нив е во тешка состојба. Сведоците виделе како Брзата помош ги одвела повредените да ги испрати на лекување.

Полицијата целосно ја блокирала областа, вклучувајќи ја и улицата „Луан Харадинај“.

За случајот преку известување се изјасни и косовската полиција: „Околу 23 часот и 30 минути во кафеана на улицата „Реџеп Луци“ во Приштина биле пријавени истрели од огнено оружје. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и од првите информации се сомнева дека има повредени од огнено оружје, па дури и од фрагменти од стакло. Додека повредените се испратени на неопходна лекарска помош, полицијата продолжува со работа, односно увид на местото на настанот како и со други оперативно-истражни дејствија“.

Во моментов, најмалку двајца осомничени се идентификувани како вмешани во случајот, додека се работи и на идентификување на други можни осомничени./Reporteri.net

Прикажи повеќе...

Вести

Сингапур погуби жена првпат по речиси 20 години, тоа е една од двете планирани егзекуции за оваа недела

Објавено пред

Сингапур погуби жена првпат по речиси 20 години, една од двете планирани егзекуции за оваа недела.

dobivaj vesti na viber

Сингапурката Саридеви Џамани беше осудена на смрт во 2018 година кога беше прогласена за виновна за поседување 30-ина грама хероин за кој полицијата рече дека планирала да го продаде, тврди Колективот за трансформативна правда (TJC), кој ги следи случаите на осудени на смрт.

Активистите велат дека тоа е првата жена погубена во Сингапур од 2004 година, кога Јен Меј Воен, 36-годишна фризерка, беше обесена поради трговија со дрога. Сингапур има некои од најстрогите закони за дроги во светот и е под меѓународна критика во последните години за егзекуција на затвореници осудени за прекршоци за дрога.

Саридеви е една од двете жени осудени на смрт во Сингапур, според Кирстен Хан, новинарка и активистка, која поминала една деценија во кампања против смртната казна.

„Откако ги исцрпи своите можности за жалба, беше само прашање на време кога ќе добие известување за егзекуција“, рече Хан.

„Властите не се грижат што мнозинството луѓе што чекаат смртна казна доаѓаат од маргинализирани и ранливи групи. Луѓето што се осудени на смрт се оние што се сметаат за непожелни и од наркокартелите и од државата Сингапур. Ова не е нешто со што Сингапурците треба да се гордеат“, додаде таа.

Владата тврди дека смртната казна е ефикасно средство за борба против дрогата во таа земја, дека ја одржува земјата безбедна и дека има широка јавна поддршка. Тврдат и дека нивните судења се фер.

Истражувањето на „Амнести интернешнл“ покажа дека Сингапур е една од неколкуте земји што егзекутирале луѓе за злосторства поврзани со дрога во изминатата година, заедно со Кина, Саудиска Арабија и Иран.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Торнадо опустоши град во Швајцарија: кран уби едно лице, повеќе од четириесет се повредени, евакуирани згради

Објавено пред

Торнадо го зафати швајцарскиот град Шауси во понеделникот попладне, а едно лице загина во невремето, соопшти полицијата. Лицето починало како последица на пад на кран, кој бил поставен на градилиште. Повредени се околу 40 лица, дел пренесени и во болница.

dobivaj vesti na viber

Невремето не траеше долго, но штетите што му ги нанесе на градот се огромни. Уништени се автомобили, откорнати покриви, а работите летаат од терасите на куќите. Сликите и видеата на социјалните мрежи го прикажуваат пустошот што го остави невремето.

Градоначалникот ги повика жителите да бидат крајно внимателни кога се движат низ градот или природата.

Освен тоа, превентивно се евакуирани пет згради, вклучително и трговски центар, а во акцијата учествувале повеќе од 100 полицајци.

„Беше страшно. Вакво невреме во Швајцарија не сум доживеал! Сè леташе низ воздухот. Прво имаше само молњи и громови, а потоа дојде торнадото. Сега сите патишта овде се затворени, дрвја паднаа, сè е уништено“, вели еден читател на „Блик“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Ковачевски апелира на деескалација во Косово и уверува дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна

Премиерот Димитар Ковачевски се огласи со коментар по денешните престрелки на северот на Косово апелирајќи на деескалација и осудувајќи ги...

Регион57 минути

Косовската полиција: Уапсен и вториот напаѓач на полицијата, ситуацијата се’ уште е тензична

Косовската полиција вечерва соопшти дека надлежните полициски единици го уапсиле вториот напаѓач, кој исто така бил во воена униформа и...

Регион2 часа

Вучиќ го осуди убиството на полицаецот: Се побунија Срби од Косово не можејќи да го трпат теророт на Курти

Србите, а не луѓето од централна Србија како што лажеа, се револтираа и не сакаат повеќе да го трпат теророт...

Македонија3 часа

МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во близина на манастирот во Косово

Министерството за надворешни работи објави дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е...

Топ6 часа

Дете од Прилеп загина при пад од дрво

Малолетно момче од селото Црнилиште, Прилепско загина вчера по пад од дрво. Момчето од здобиените повреди починало на лице место. Според...

Македонија7 часа

Мицкоски му посака добро здравје на Груевски: „И’ заби нож во грб на сопствената партија“

Морам да кажам дека како човек оваа јавна преписка со поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ не ме прави среќен, ниту ова...

Регион10 часа

Курти: Триесет вооружени лица продолжуваат со нападите врз косовската полиција

Косовскиот премиер Аљбин Курти  изјави дека продолжуваат нападите врз косовската полиција, како и дека во нив учествуваат 30 вооружени лица....

Македонија13 часа

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации,...

Македонија14 часа

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Вчера биле регистрирани 36 поголеми пожари. Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување...

Свет15 часа

Италија ќе произведува нови борбени авиони заедно со Британија и Јапонија

Италија денеска соопшти дека ќе стане рамноправен партнер во борбената програма на следната генерација со Британија и Јапонија, додека во...

Свет15 часа

Ким Џонг-ун му испрати писмо на кинескиот претседател: „Се надевам на пријателство и соработка“

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-Ун, во писмо до кинескиот претседател Шји Џинпинг вети дека ќе ги унапредува односите на соработка, објави...

Култура15 часа

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски го отвори „Браќа Манаки“

Филмот „Домаќинство за почетници“, по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција го отвори...

Македонија1 ден

Албанската опозиција за измените во Кривичниот законик: Злоупотребено е европското знаменце

Демократското движење, Алтернатива и Движењето Беса ја обвинија власта дека го злоупотребила европското знаменце за измените на Кривичниот законик. Потпретседателот...

Македонија1 ден

Пресврт во случајот со пожарот во Хром: мажот кој беше извлечен мртов, претходно бил избоден

Триесет и петгодишниот маж од скопската населба Хром чиешто тело беше извлечено вчера за време на пожарот во станот, претходно...

Топ1 ден

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје – родителите тврдат дека кога го зеле не престанало да плаче

Единаесетмесечно бебе било земено од градинка во Шуто Оризари со тешки повреди. Родителите кои го пријавиле случајот во МВР, велат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

При денешната посета на општина Брвеница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на споменатите информации...

Македонија1 ден

Пожарот кај Милетино се гасне и од воздух – гори борова шума

Центарот за управување со кризи (ЦУК), известува дека полета еден авион на ДЗС, а втор авион се подготвува, за дејствување...

Македонија2 дена

Османи до Македонците во Албанија: Слободно да ја изразите вашата припадност на пописот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача до Македонците во Албанија во следните шест недели слободно да ја изразат својата...

Култура2 дена

Под мотото „Прекрасното непознато“ почнува 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Под мотото „Прекрасното непознато“ Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 44. издание. Свеченото отворање е...

Свет2 дена

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчера му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не ги навредува Полјаците, продолжувајќи со својата...