Европа
Тинејџер спаси девојче од автомобил во пламен во немирите во Париз
Еден 16-годишен демонстрант се смета за херој откако успеа да спаси мало дете од автомобил во пламен. Настанот се случил во саботата навечер за време на немирите во предградие на Париз.
Нередите ескалираа во текот на протестот против бруталност во врска со наводно силување на црнец од страна на полицијата.
Демонстрантите се насобраа во северното предградие Бобињи за да го искажат својот гнев откако млад човек, јавно идентификуван само како Тео, наводно бил нападнат и сексуално злоставуван со пендрек од страна на полицаец при проверка на лични документи. Настанот се случил на 2 февруари.
Емануел Туола, демонстрантот кој го спаси девочето од сигурна смрт е многу скромен и вели дека тој не е херој. Ова младо момче кое има само 16 години протестирал прв пат во својот живот. Тој забележал мал автомобил опкужен со млади луѓе кои почнале да палат оган во контејнер за ѓубре во близина.
Преплашена жена скокнала од автомобилот, земајќи го својот млад син со неа, пренесува RT.
„Во тој момент, јас дојдов до автомобилот и видов едно мало девојче”, рече Туола. Таа беше во шок. Ми беше страв бидејќи си помислив дека автомобилот може да експлодира во секој момент. Имам четири мали браќа и две сестрички и си помислив дека не може да го оставам ова девојче само”, вели тинејџерот.
Никој од насобраните не забележал дека во автомобилот има дете кога започнале да фрлаат камења врз возилото, да го тресат и да ставаат запалено ѓубре до него. Тогаш Тулоа одлучил да реагира.
Девочето било престрашено но не плачело. „Се обидов да го откачам појасот, рацете и дланките ми трепереа,“ вели Туола. „Потоа ја кренав во раце и почнав да трчам“.
Но, ова не бил крајот на драмата. Полицијата почнала да фрла канистри со гас солзавец во правецот во кој Туолоа трчал со девојчето во раце.
„Трчав колку што можев посилно и го чувствував гасот во очите. Канистрите паѓаа околу нас.“
Тулоа почнал да ја бара мајката на девојчето и видел како автомобилот експлодирал. Девојчето го оставил кај полицаец и продолжил да трага по мајка ѝ. Но, не ја пронашол.
Париската полиција подоцна објави соопштение во кое тврди дека “морале да интервенираат” за да му помогнат на девојчето од автомобилот, но тројца сведоци, вклучувајќи и еден полицаец, потврдија дека тинејџерот го спасил детето.
„Тоа беше младо црно момче кое дојде да му помогне на детето во автомобилот додека ѓубрето гореше до неа”, потврди еден полицаец. „Откако излегоа патниците од автомобилот демонстрантите го превртеа и го запалија,“ изјавија сведоците. /крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
