Контакт

Свет

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Објавено пред

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град.

Ударите на ветрот достигнале јачина до 140 километри на час, а во 16 окрузи во Тексас прогласена е декларација за катастрофи, пренесе АП.

Неколку куќи се значително оштетени во близина на аеродромот, додека самот аеродром не претрпел материјална штета.

Во источна Оклахома загинаа три лица, од кои двајца тинејџери, кои починале од труење од јаглерод диоксид додека се обидувале да уклучат светло, а едно лице настрадало кога дрво паднало врз неговата куќа.

На аеродромот во северен Тексас и Арканзас откажани се летовите, како и на меѓународниот аеродром во Далас.

Свет

Русија инсталирала „Јарс“ на „возот на смртта“

Објавено пред

Во Русији е направен унифициран ракетен комплекс „Јарс“ за различни типови базирања, вклучувајќи го и железничкото, изјави творецот на балистичките ракети „Топољ-М“, „Јарс“ и „Булава“, генералниот конструктор на Московскиот институт за термотехника , академик Јуриј Соломонов, пренесува „Спутник“.

„Направивме ракетен комплекс „Топољ-М“ и „Јарс“ за различни типови базирања: и за стационарно и за подвижно и за железничко – секаде е една ракета“, изјави Соломонов во интервју за „Национална одбрана“.

Според Соломонов, морскиот стратешки ракетен комплекс „Булава“ за подморници од класата „Бореј“ исто така е унифициран со горенаведените ракети по одредени елементи и технички решенија.

Проектот за изградба на железнички носaч на балистички ракети, комплексот „Баргузин“ и понатаму е замрзнат. Барем нема официјални информации дека работата на него продолжила.

Советскиот борбен железнички ракетен комплекс со ракета „Молодец“ (воз на смртта) престана да се користи во 2005 година согчасно спогодбата СТАРТ-2. Следната спогодба СТАРТ-3 не забранува создавање нови ракетни комплекси од ваков тип.

Како што се претпоставуваше, борбениот воз на новата генерација „Баргузин“ требало да се заврши во 2018 година, но во 2017 година „Росијска газета“ објави, повикувајќи се на извор во воената индустрија, дека работата на него е прекината.

„Багузин“ претставува воз кој надворешно не се разликува од обичниот товарен воз. Во неговите вагони се инсталираат три интерконтинентални балистички ракети со 30 боеви глави, секоја по 550 килотони. Во него се наоѓа и команден центар, технолошки, технички и комуникациски системи.

Во случај на закана од нуклеарна војна, оклопниот воз излегува на патролирање и се вклопува со другите железнички возови. По наредбата за борбена примена, возот запира и спречува да почне напад. Покривите на трите вагони се отстрануваат, скриените механизми со контејнерите за ракети се креваат во вертикална позиција и за неколку минути се изведува лансирање.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Петер Баер e новиот известувач на ПССЕ за Косово

Објавено пред

Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го избра пратеникот во Бундестагот, Питер Баер, за известувач за ситуацијата во Косово.Во соопштението за медиумите за назначувањето на Баер, Советот на Европа посочи дека Косово се споменува во целосна согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244 и без прејудицирање на статусот.

Баер, известувач за Западен Балкан во германскиот парламент, на 3 септември во Приштина изјави дека Берлин се спротивставува на промена на границите како дел од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и ги повика петте членки на ЕУ кои не го признаваат Косово тоа да го направат.

Прикажи повеќе...

Свет

Пукање во училиште во Лос Анџелес, еден загинат и шестмина повредени

Објавено пред

Канцеларијата на шерифот во Лос Анџелес, САД соопшти дека имало пукање во средното училиште Саугус, при што едно лице загина, а шестмина се повредени.Како што јавуваат агенциите, во нив пукал ученик, при што е застрелана жена, која им подлегнала на повредите. Осомничениот за убиството е приведен и се наоѓа во болница.Нема информации за неговиот идентитет.
        
„Избегнувајте ја областа. Осомничен е млад човек од Азија облечен во црно. Тој последен пат беше виден во училиштето“, соопштија надлежните, додавајќи дека полицајците се на терен.
        
Според АП, повикувајќи се на изјава на властите, во пукањето се повредени шест лица.Не е познато дали се работи за прострелни рани или други повреди. Надлежните соопштија дека училиштето е затворено, како и две блиски основни училишта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура12 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија13 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион13 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија16 часа

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет18 часа

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија19 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија19 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија20 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија20 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет21 час

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа21 час

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија22 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион1 ден

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион1 ден

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија2 дена

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Досие