Контакт

Свет

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските интереси.

„Ако Иран сака да се бори, тоа ќе биде официјално неговиот крај. Повеќе никогаш нема да се заканува на САД“, напиша Трамп на „Твитер“.

Иако неодамна се обиде да ги смири работите, велејќи им на своите соработници дека не сака притисокот врз Иран да се претвори во судир, со овој твит Трамп го сменува својот тон.

Би-би-си потсетува дека Трамп минатиот четврток им изјави на новинарите дека се надева оти нема да има војна.

„Нема да има војна бидејќи ние не го сакаме тоа“, изјави минатата недела иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф. Сепак, тензиите меѓу Вашингтон и Техеран нагло пораснаа кога САД објавија дека во Персискиот Залив испраќаат носач на авиони „Абрахам Линколн“ и бомбардери „Б-52“ оправдувајќи го тој потег со иранската закана.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Кина им се закани на американските компании со санкции за продажбата на оружје на Тајван

Објавено пред

Пекинг се спротивставува на одлуката на САД да одобри продажба на оружје на Тајван и има намера да им наметне санкции на американски компании кои го снабдуваат островот со оружје, изјави портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг, пренесува „Спутник“.

„Кина ја осудува одлуката на САД. Ние веќе доставивме официјална жалба до американската страна и го повикуваме Вашингтон целосно да ги препознае сериозните опасности од продажбата на оружје на Тајван“, рече Генг.

Изјавата доаѓа како одговор на одобрувањето на Пентагон на евентуална продажба на 66 авиони Ф-16Ц / Д Блок 70 на Тајван, соодветна опрема и поддршка за нив со проценета вредност од 8 милијарди долари.

Во јули, Пекинг го предупреди Вашингтон да не меша во внатрешните работи на Тајван и побара САД да прекинат какви било службени и воени контакти меѓу Вашингтон и Тајпеј.

Кинеското МНР постојано го нарекува Тајван најчувствителното прашање што влијае на билатералните односи меѓу САД и Кина. Пекинг го смета островот за суверена територија и се надева дека ќе го обедини со Кина еден ден.

Кина ги прекина официјалните врски со секуларната провинција во 1949 година кога Тајван ја прогласи својата независност. Кина и Тајван повторно воспоставија дипломатски контакти кон крајот на 80-тите години.

Прикажи повеќе...

Европа

Илјадници заинтересирани за забава на плажа по повод брегзит

Објавено пред

Како што се приближува крајниот рок за излез од Велика Британија од ЕУ, илјадници луѓе покажале интерес да учествуваат на проштална забава на плажа во Холандија.

До среда наутро, скоро 10.000 луѓе се најавиле преку „Фејсбук“ за да присуствуваат на настанот – гледајќи од лежалките на море додека Велика Британија се буди како „затворена институција додека тие продолжуваат да уживаат во холандски чипс, француско вино и германско пиво“.

Прикажи повеќе...

Свет

Соборен американски дрон во Јемен 

Објавено пред

Беспилотното летало на американската армија МК-9 било соборено во област југоисточно од јеменската престолнина Сана, соопштија за „Ројтерс“ анонимни американски официјални лица.

Според нив, дронот бил соборен во вечерните часови во вторникот.

Портпаролот на побунетите Хути, кои ја контролираат територијата над која беше соборен дронот, изјави за телевизијата Ал-Масир дека бунтовничката противвоздушна одбрана го соборила американскиот дрон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Полицијата ја изнесе Катица Јанева од дома

Полицијата ја изнесе специјалната обвинителка Катица Јанева од нејзиниот дом во Козлe. Во 14 часот ќе биде одржана прес-конференција во...

Топ3 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион4 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет4 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија5 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион5 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија6 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech16 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија23 часа

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет1 ден

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет1 ден

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет1 ден

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија1 ден

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион2 дена

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет2 дена

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Досие