Контакт

Свет

Трамп: Ако нема решение, санкциите кон Турција ќе бидат разорни

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се обидуваат да најдат решение со Турција по нападот во североисточна Сирија, но додаде дека санкциите против Анкара ќе бидат разорни ако разговорите не успеат.

„Ние сме во одлична позиција. Се надевам дека потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео имаат успешни состаноци во Анкара. Ако тоа не биде случај, санкциите, тарифите и другите работи што ги правиме и ќе ги направиме кон Турција, ќе бидат погубни за нејзината економија“, рече Трамп на заедничка прес-конференција со италијанскиот претседател Серџо Матарела во Вашингтон.

Трамп во понеделникот ги зголеми даноците на увоз на челик од Турција за 50 проценти и се закани со построги санкции поради офанзивата на земјата во Сирија, додека претставниците на Конгресот најавија воведување санкции кон Анкара.

Mинистерството за надворешни работи на Турција, пак, денеска соопшти дека подготвува реципрочни санкции против САД.

По состанокот на Владата во Анкара, портпаролот на турското претседателство, Ибрахим Калин, рече дека на американските власти јасно им е кажано дека Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и дека нема да преговара со курдските борци.

Трамп последниве денови беше критикуван за одлуката да ги повлече американските трупи од североисточна Сирија, што ја отвори вратата за турска офанзива.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Објавено пред

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП.

Засега нема повеќе информации за тоа дали карантинот во Мелбурн ќе биде целосен или се работи за дополнителна контрола на влез и излез од градот.

Австралија вчера ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и воведе мерки без преседан како дел од борбата против зголемувањето на бројот на новозаразени од коронавирус.

Најавената мерка за изолација, која би требало да биде во сила до 29 јули, ќе погоди над 300.000 од пет милиони жители на овој град.

Австралија досега успеа да го сузбие ширењето на коронавирусот многу подобро од голем дел од другите земји. Досега забележа вкупно 8.500 случаи на зараза и 105 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Свет

Коронавирусот може да се пренесе преку воздух, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Објавено пред

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк Тајмс“.

Весникот наведува дека новите мерки би значеле носење маски во затворено, дури и ако се почитуваат мерките за физичко растојание.

„Њујорк Тајмс“ вчера објави дека група од 239 научници од 39 земји, оваа недела ќе објават отворено писмо до Светската здравствена организација во научно списание, така што агенцијата на ООН може да ги ревидира препораките за тоа како да се избегне корона инфекција со вирусот.

Научниците тврдат дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, што значи дека честичките од тој вирус можат да лебдат во воздухот во затворен простор и дека луѓето можат да се заразат кога ќе ги вдишат.

Позицијата на СЗО е дека вирусот се шири првенствено од личност до личност преку мали капки од носот или устата, кои се исфрлаат кога некое лице со ковид-19 кашла, кива или зборува.

Доколку вирусот се пренесува преку воздухот, според „Њујорк Тајмс“, последиците за неговата контрола ќе бидат значителни.

Како што е објаснето, новите превентивни мерки вклучуваат носење маски во затворен простор, дури и ако се почитуваат мерки за социјално дистанцирање и задолжителни маски – Н96 за здравствените работници кои се грижат за заразени пациенти „да ги филтрираат дури и најмалите капки за дишење“.

Покрај тоа, според „Њујорк Тајмс“, системите за вентилација би требало да се менуваат за да се намали циркулацијата на воздухот.

Весникот исто така наведува дека, по разгледувањето на внатрешните електронски пораки на СЗО и интервјуата со 20 научници, вклучително и консултантите на СЗО, се добива слика на агенцијата како некој кој „и покрај добрите намери, не се придржува до науката“.

„Њујорк Тајмс“ наведува дека неодамнешното зголемување на бројот на жртви на коронавирус, по повторното отворање на компании и канцеларии, „сè повеќе го потврдува она што многу научници го велат со месеци: Вирусот останува во воздухот во затворено, заразувајќи ги оние што се во близина“.

Прикажи повеќе...

Свет

Од громови во Индија за 10 дена загинале 147 лица

Објавено пред

Најмалку 147 луѓе загинале од удар на гром во последните 10 дена во индиската држава Бихар на североисток и се предупредува дека невремето би можело да зачести деновиве.

Само минатиот четврток властите регистрирале околу 26 жртви на гром, 15 лица во петокот, а 21 во саботата, додека 40 се повредени.

Во тек е сезоната на монсуните, која трае од јуни до септември и во текот на која земјоделците работат на нивите. Минатата година 170 луѓе беа погодени од гром за време на монсунскиот период.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет23 минути

Коронавирусот може да се пренесе преку воздух, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија11 час

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија11 час

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет12 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион14 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија16 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија18 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија18 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија19 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион19 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија19 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион22 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ22 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура22 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија22 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион2 дена

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион2 дена

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава2 дена

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Досие