Свет
Трамп: Американците треба да се плашат од Русија

Поранешниот американски претседател зборуваше за потенцијална ескалација на ситуацијата во Украина, бидејќи НАТО со поддршка на САД и понуди поддршка на Украина среде војната со Русија.
Трамп рече дека Американците „треба да се плашат бидејќи на чело на нашата земја имаме неспособни луѓе“.
Признавајќи дека Русија е навистина нуклеарна сила, Трамп во радио емисија ги потсети слушателите дека Америка има слични способности кои би ја спречиле агресијата на Москва.
Сепак, тој призна дека постои „шанса“ за светска војна, со оглед на моменталните тензии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрватскиот суд донесе историска пресуда – геј-паровите од сега ќе може да посвојуваат деца

Вишиот управен суд на Хрватска ја отфрли жалбата на надлежното Министерство и им овозможи на истополовите парови да може да пристапат до процената за посвојување деца, а како што се наведува, тие не може да бидат дискриминирани врз основа на нивната сексуална ориентација.
Според организацијата Rainbow Color, судот го отфрлил аргументот на Министерството дека истополовите двојки не треба да пристапуваат кон процената за посвојување деца поради целта „заштита на интересите на детето“.
Оваа одлука судот ја донел во случајот со партнерите Младен Кожиќ и Иво Шегота, на кои сега им е дозволено да присуствуваат на постапката за посвојување дете, е соопштено на прес-конференцијата во Загреб, пренесоа хрватските медиуми.
Кожиќ и Шегота пред шест години се пријавиле во центарот за социјална заштита во желба да станат посвоители, но во два наврата биле одбиени бидејќи се во животно партнерство. По долга правна битка во 2020 година, тие успешно станаа згрижувачки родители на две деца.
Минатата година првостепениот управен суд донесе одлука дека тие може да станат и посвоители, а по жалбата на Министерството, одлуката на Вишиот управен суд, конечно, ги отстрани сите дилеми.
Шегота и Кожиќ на новинарите, меѓу другото, им рекоа дека се изгубени шест години и дека, како што велат, тоа е во духот на политиката.
„Шестте изгубени години на тие деца одат во духот на политиката, која е во име на одбрана на т.н. традиционални вредности, таа беше подготвена да го погази правото на семејство на деца што општеството го заборави“, изјавија Шегота и Кожиќ.
Организацијата Rainbow Colors објави дека оваа пресуда има далекосежни последици за правата на ЛГБТИК-лицата и истополовите парови во Хрватска.
Свет
Советот за безбедност ќе одлучува за проширување на санкциите против Северна Кореја

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе гласа за предлогот на САД за заострување на санкциите кон Северна Кореја.
Сакаат да се заострат санкциите поради лансирањето балистички ракети, но Кина, која има право на вето, соопшти дека резолуцијата нема да реши никакви проблеми.
Гласањето ќе се одржи еден ден откога Пјонгјанг лансира три проектили, вклучително и една за која се верува дека е најголемата интерконтинентална балистичка ракета, потсетува „Ројтерс“.
Ова е само последната во серијата балистички ракети лансирани оваа година од севернокорејскиот полуостров, што беше забрането од Советот за безбедност.
Нацрт-резолуцијата „дополнително ќе ја ограничи способноста на Северна Кореја да развива нелегално оружје за масовно уништување и програми за балистички ракети, ќе ги поедностави санкциите и ќе помогне во испораката на хуманитарна помош до оние на кои им е потребна“, рече американскиот функционер.
Кина и Русија претходно повикаа на олеснување на санкциите кон Пјонгјанг од хуманитарни причини.
За да се усвои резолуцијата, потребни се девет гласа „за“, а Франција, Русија, Кина, Велика Британија и САД да не стават вето.
Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.