Свет
Трамп бара специјален совет за истрага на изборите во ноември

Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека е потребно да се назначи специјален совет за истрага на наводно наместените избори што се одржаа во земјата на 3 ноември, на кои победи противникот на Трамп, демократот Џозеф Бајден, пренесува ТАСС.
„Откако ја видов огромната измама со гласачите на претседателските избори во 2020 година, не се согласувам со некој што смета дека не е потребен силен, брз и фер специјален совет веднаш. Ова беа најкорумпираните избори во историјата на нашата земја и тој мора да внимателно да ги истражи!“, напиша Трамп на „Твитер“.
Претходно, „Волстрит џурнал“ објави дека Трамп се залага за назначување специјални совети за да ги испитаат неговите тврдења за изборни измами поврзани со гласањето во ноември, како и да почнат истрага за синот на избраниот претседател Џо Бајден, Хантер.
„Државниот јавен обвинител, Вилијам Бар, во понеделникот рече дека не гледа причина да се назначи специјален совет за истражување на обвинувањата против Хантер Бајден или за изборните измами велејќи дека верува оти истрагата за синот на новоизбраниот претседател Џо Бајден се водела одговорно и професионално“, напиша ВСЖ.
На 14 декември Електроскиот колеџ на САД ја потврди изборната победа на Џо Бајден. Демократот доби 306 гласа, а актуелниот претседател Доналд Трамп обезбеди 232 гласа. Со 538 електори, кандидатот треба да добие 270 електроски гласа за да биде избран на претседателската функција во САД.
Трамп не го призна поразот и водеше немилосрдна борба за оспорување на резултатите поднесувајќи мноштво тужби за нерегуларности и за измама на гласачите во голем број клучни држави. Правните битки на Трамп не успеаја да добијат никаква основа и беа отфрлени од државните судови, како и од Врховниот суд на САД.
Инаугурацијата на Бајден ќе се одржи на 20 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
САД повикуваат на итно ослободување на Навални

САД ги повикуваат руските власти веднаш да го ослободат блогерот и опозиционер Алексеј Навални, се вели во изјавата на американскиот државен секретар Мајкл Помпео, пренесува ТАСС.
„САД најостро ја осудуваат одлуката на Русија да го уапси Алексеј Навални. Забележуваме со голема загриженост дека неговиот притвор е последниот во низата обиди за замолчување на Навални и на другите опозициски фигури и независни гласови кои се критични кон руските власти”, се вели во соопштението.
„Апелираме до руската влада да обезбеди еднакви услови за сите политички партии и кандидати кои сакаат да се натпреваруваат во изборниот процес. Алексеј Навални не е проблемот. Бараме негово итно и безусловно ослободување”, додаде Помпео.
Навални, баран за кршење на условите за условна казна во случајот Ив Рошер, беше приведен на московскиот аеродром „Шереметјево“ по пристигнувањето од Берлин во неделата.
Свет
Пекинг: Повлекувањето на Русија од Договорот за отворено небо беше неизбежно

Повлекувањето на Русија од Договорот за отворено небо, објавено од руското Министерство за надворешни работи, беше неизбежно поради немањето желба за соработка од САД, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.
„Како што сфаќам, директната причина за одлуката на Москва да почне постапка за излез од Договорот за отворено небо е едностраното повлекување на САД и покрај меѓународната позиција. Тоа значително ја поткопа билатералната доверба меѓу вооружените сили на двете земји и транспарентноста меѓу страните. Русија се обиде да го зачува договорот, но не доби никаква позитивна реакција од САД или од другите страни во договорот,“ рече таа.
„Веќе подолго време, САД се држат до менталитетот на Студената војна и на политиката ‘прво Америка’, истовремено напуштајќи мултилатерални договори и меѓународни организации што влијаат на меѓународниот режим на контрола на оружјето и на разоружувањето“, подвлече дипломатката.
Фактите покажуваат дека иднина може да се обезбеди преку дијалог и соработка, а не преку еднострана политика. Кина ги повикува САД да ја сослушаат загриженоста на меѓународната заедница и да преземат мерки за одржување на глобалната стратешка стабилност, мир и безбедност во регионот и пошироко, додаде таа.
На 15 јануари, руското МНР објави дека Русија почнува повлекување од Договорот за отворено небо. Другите страни ќе го добијат релевантното известување кога ќе завршат домашните процедури.
Вашингтон ја обвинуваше Русија за селективно почитување на договорот и кршење на голем број клаузули на договорот за неколку години. Русија има свои поплаки до Вашингтон во врска со спроведувањето на договорот.
Во 2017 година, Вашингтон објави воведување на одредени ограничувања против рускиот набљудувачки лет над територијата на САД, предизвикувајќи ја Русија да реагира соодветно. САД се повлекоа од Договорот за отворено небо на 22 ноември.
Регион
Во Словенија 24 лица затруени со јаглен моноксид

Поради труење со јаглерод моноксид, 12 лица се пренесени во болницата, пишува 24ur.com. Никој од нив не е во животна опасност.
Труењето се случило во една зграда во Добрна во неделата околу 18 часот, а во нивната крв била пронајдена поголема количина јаглен моноксид.
Пожарникарите брзо пристигнале на самото место и евакуирале 24 лица, од кои 12 имале јасни симптоми на труење и сите биле пренесени во болница во Целје.
Портпаролката на полицијата во Целје, Милена Трбулин изјави дека жителите поминале цел ден во мала просторија без вентилација, каде што готвеле и пушеле.
Се верува дека системот за греење не е причина за труењето, а полицијата сè уште го истражува целиот случај.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира