Контакт

Свет

Трамп: Би можел веднаш да го средам Авганистан, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД во последните неколку недели постигнале голем напредок во преговорите со талибанците и јасно даде до знаење дека не му е драго што американските воени сили се присутни во Авганистан, објави Си-ен-ен.

За време средбата со пакистанскиот премиер Имран Кан, Трамп рекол дека 18-годишната војна со Авганистан била повеќе од контролна природа, односно дека воените сили на САД дејствувале како полицајци, а не како војници. Трамп нагласил дека доколку сакаат, САД би можеле бргу да стават крај на таа војна со брутална воена сила, но дека тогаш би загинале 10 милиони луѓе.

„Ако сакам веднаш да победам во војната, Авганистан би бил избришан од лицето на земјата за најмногу десет дена. Но, јас тоа не го сакам, не сакам да одам по тој пат. Ние, всушност, сме како полицајци. Не водиме војна. Да сакавме да војуваме и да го победиме Авганистан, ќе го освоевме за една недела. Но, не сакам да убијам 10 милиони луѓе“, рекол Трамп.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Руска фондација: „Белите шлемови“ тргуваат со човечки органи во Сирија

Објавено пред

Невладината организација „Бели шлемови“ е вклучена во трговија со органи на Сиријци кои живеат во зоните кои се под контрола на екстремистите, според Максим Григориев, директор на руската Фондација за проучување на демократијата.

Тој ова го рече при презентирање на истражувањето „Белите шлемови: Терористички поттикнувања и извори на дезинформации“ во руското Министерство за надворешни работи, за кое предговорот го напишал рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

„Тие (Белите шлемови) се клучен елемент во оваа нелегална шема на отстранување органи. За тоа слушнавме од луѓето со кои разговаравме. Тие информации беа непријатно изненадување за нас “, рече Григориев.

Според него, истражувачите ги добиле овие информации додека разговарале со жители на сирискиот регион каде што се најактивни Белите шлемови.

Григориев и истражувачите интервјуирале повеќе од 100 жители на Алепо, Дамаск, Деир ел Зора и Сакба, како и 40 членови на Белите шлемови и околу 20 членови на вооружените групи.

Григориев рече дека сведоците изјавиле дека Белите шлемови биле вклучени во евакуацијата на луѓето за кои ветиле медицинска помош по што нивните роднини ги добиле нивните тела без некои витални органи.

Тој додаде дека коосновачот на „Белите шлемови“, Џејмс ле Мезурија, кој неодамна починал под сомнителни околности, бил во поранешна Југославија кон крајот на 1990-тите, кога  во Косово се одвивала трговија со човечки органи.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин: Без гас повторно би можеле да се вратиме во пештерите

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин остро ги критикуваше повиците за намалување на зависноста од гасот, како енергент, нагласувајќи дека таквите идеи би можеле да доведат до тоа луѓето повторно да живеат во пештерите.

„Кога луѓето ќе изнесат такви идеи, мислам дека отвораат врата за враќање на човештвото во пештера“ рекол Путин.

Рускиот претседател рекол дека на сегашното ниво на технолошки развој човештвото без јаглеводород, нуклеарна енергија и хидроелектрани, едноставно не може да преживее и да ја сочува цивилизацијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Северна Кореја одби да присуствува на самитот на АСЕАН

Објавено пред

Северна Кореја ја одби поканата за лидерот Ким Џонг-ун да присуствува на планираниот самит во Сеул со земјите на Југоисточна Азија (АСЕАН) следната недела, велејќи дека сега не е време поради затегнатите односи, објавија денес севернокорејските медиуми.

Повикот на Ким му го упатил претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, на 5 ноември, пренесува „Ројтерс“.

Следната недела во Бусан, Јужна Кореја, ќе се одржи состанок на лидерите на земјите на АСЕАН, за да ја одбележат 30-годишнината на организацијата, а во оваа пригода Мун го повика Ким.

Како што објавија од севернокорејската агенција КЦНА, Северна Кореја се заблагодарила на поканата и побарала од Јужна Кореја да разбере дека не може да најде никаква легитимна причина за учество на Ким.

„Зачудувачки е што тие предложија да се разговараат за меѓукорејските односи на една несоодветна мултилатерална локација, дури и откако доживеаја неуспеси потпирајќи се на САД“, наведува КЦНА.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Мицкоски на средбата со Борисов: ВМРО-ДПМНЕ го поддржува договорот за добрососедство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија1 час

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија1 час

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет2 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет2 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија2 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија15 часа

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија18 часа

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа20 часа

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија21 час

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија22 часа

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија22 часа

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија23 часа

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија24 часа

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија24 часа

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука1 ден

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија1 ден

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа1 ден

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет1 ден

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Досие