Вести
Трамп во сабота ќе разговара со Путин, но и со Оланд и со Меркел

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара телефонски во саботата со рускиот претседател Владимир Путин, но и со францускиот Франсоа Оланд, како и со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти во петокот неговиот портпарол.
Ова ќе биде прв официјален контакт по инаугурацијата на новиот американски претседател на 20-ти јануари. Трамп и Путин првпат разговараа телефонски во ноември, набрзо по изборите, и се согласија за нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон, кои беа загрозени со украинска и сириската криза.
Трамп и Путин ќе разговараат за тоа како „да се справи со радикалниот исламски тероризам“, така и за редица други прашања, изјави во интервју за телевизијата CBS, советничката на американскиот претседател Келијан Конвеј,
„Претпоставувам дека тие ќе разговараа. . за заеднички активности по прашањата, како овие две нации би можеле да го поразат радикалниот исламски тероризам“, изјави Конвеј.
Претходно портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков потврди дека Путин ќе разговара со Трамп телефонски во сабота навечер, по московско време.
Планирано е рускиот претседател да му го честита на американскиот колега стапувањето на должноста, а „можно е да бидат размените мислења за основните параметри на билатералните односи“, додаде за новинарите гласноговорникот на Кремљ, без да навлегува во поединости./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.