Свет
Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство и порачувајќи им дека треба да се вратат во опустошените и осиромашени места од каде што дошле, јави АП.
Трамповите забелешки на „Твитер“ остро ги осудија претставничките на демократите, кои на момент заборавија на внатрешните поделби кои веќе некое време владеат меѓу нив, според агенцијата на САД.
Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, изјави дека претседателот сака „Америка повторно да ја направи бела“, а претставничката на демократите од Њујорк, Александрија Окасио-Кортез, која веќе неколку дена е во конфликт со Пелоси, коментира дека Трамп „не може да замисли таква Америка што нè вклучува и нас“.
Демократскиот претставник Бен Реј Лаџан рече дека пораката на Трамп е расистичка и додаде дека демократските пратеници се американски државјани избрани од американскиот народ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Меланија им читаше божикна приказна на деца во болница

Меланија Трамп ја продолжува традицијата на првите дами кои им читаат приказни на деца што поради болест не може да ги напуштат болниците за време на празниците.
Белата куќа соопшти дека првата дама на САД денеска посетила болница и хируршко одделение во Националната детска болница во Вашингтон, објави АП.
Таа на пациентите им помогнала да направат снегулки, а потоа им читала и божикна приказна.
Свет
САД подготвуваат нови санкции за Ирачаните

САД подготвуваат нови санкции поради убиствата на антивладините демонстранти во Ирак, изјави висок претставник на американскиот Стејт департмент.
„Не сме готови. Процесот е во тек“, им рече на новинарите Дејвид Шенкер, помошник-државен секретар во Стејт депармтентот, пренесе „Ројтерс“.
САД, претходно денеска, на црната листа ставија тројца ирачки паравоени лидери, кои го поддржуваат Иран, поради нивната наводна улога во убиствата.
Европа
Во Словачка најмалку петмина загинати во експлозија во зграда

Најмалку пет лица загинаа во денешната експлозија на гас во 12-катна зграда во словачкиот град Прешов.
Речиси 85 пожарникари се борат со пожарот до кој дојде по експлозијата, а евакуирани се сите лица од објектот поради стравување дека зградата може да се урне. Во спасувачките операции учествува и војската со шест хеликоптери, јави „Ројтерс“.
Градоначалничката на Прешов, Андреа Турцанова, изјави дека има голем број повредени во најголемата трагедија во градот во последните 50 години.
Голем е бројот и на оние што останаа без покрив над главата.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци