Контакт

Свет

Трамп го најави новиот советник за национална безбедност

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека преговарачот за заложнички кризи, Роберт О’Брајан, ќе го именува за наследник на отпуштениот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

„Задоволство ми е да објавам дека ќе го назначам Роберт О’ Брајан, кој во моментов успешно работи како специјален пратеник за заложници во Стејт департментот, за нов советник за национална безбедност. Долго и напорно соработуваме со Роберт. Тој ќе заврши голема работа на оваа позиција“, напиша Трамп на „Твитер“.

О’Брајан има долгогодишно искуство во републиканските кругови кои се занимаваат со надворешна политика, пренесе „Ројтерс“.

На 10 септември Трамп го отпушти Болтон поради, како што рече, големи несогласувања по однос на повеќе прашања.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Објавено пред

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во хеликоптерска несреќа.

Според американските медиуми, поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс летал со најмалку четворица други во Калабас со неговиот приватен хеликоптер кога леталото се урнал.

Спасувачките служби реагирале веднаш, но никој не преживеал.

Според информациите загинале пет лица.

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија се подготвува да го одбележи своето излегување од ЕУ во петок

Објавено пред

Британскиот премиер Борис Џонсон ги претстави плановите за прославата за излезот на Велика Британија од Европската унија в петок, 31 јануари, кога ќе биде пуштена во оптек нова монета од 50 пени.

За да го одбележи датумот, Џонсон ќе се обрати на нацијата, а Даунинг стрит ќе биде посебно осветлена.

Тоа треба да ја симболизира силата и единството на четири нации во Велика Британија, објави „Ивинг Стандард“.

Знамињата во Велика Британија ќе бидат развејани пред парламентот, додека владините згради на Вајтхол ќе бидат осветлени во црвена, бела и сина боја во текот на целата вечер.

Часовник што ќе го одбројува времето ќе биде поставен на Даунинг стрит, додека Биг Бен нема да ѕвони, како што сакаа многу поддржувачи на брегзит.

За да го одбележат тој датум, ќе биде пуштена во оптек нова монета од 50 пени.

Џонсон рече дека петок, 31 јануари, е значаен момент во историјата на Велика Британија.

„Без разлика како гласавте во 2016 година, време е со доверба да гледате напред кон глобалната, иновативна земја што ќе станеме во текот на следната деценија и да ги излекуваме поделбите во минатото“, рече британскиот премиер.

„Јас ќе го сторам тоа на 31 јануари и ги повикувам сите во Велика Британија да го сторат истото“, истакна тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Мајка и дете извлечени живи од урнатините во Турција

Објавено пред

Жена и нејзиното дете се извлечени живи од урнатините на зграда во провинцијата Елазиг, источна Турција, по земјотресот во кој загинаа најмалку 38 луѓе.

Земјотрес со јачина од 6,8 степени ја погоди источна Турција во петокот вечерта, пришто 34 луѓе загинаа во провинцијата Елазиг, а четворица во соседната провинција Малатија.

Повеќе од 1.600 лица се повредени, додека 45 беа спасени под урнатините минатата ноќ.

Меѓу нив се и 35-годишна жена и нејзиното мало девојче.

На спасувачите, кои ги слушнале нивните повици им биле потребни неколку часа за да стигнат до мајката и детето на температура што се спуштила на четири степени под нулата.

„Можете ли да ме чуете? Доаѓаме. Ќе ве спасиме “, им довикнал спасувачот.

„Ве молам извлечете ме, не можам да издржам повеќе. Извадете ја ќерка ми, јас не сум ништо без моето дете “, рекла мајката, пренесува „Ројтерс“.

Нејзиниот сопруг загинал во земјотресот.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави во Елазиг,  дека спасувачката акција е при крај и сѐ уште се регистрираат дополнителни земјотреси.

Министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека 104 лица се наоѓаат во болниците, од кои 13 се на интензивна нега, но ниту еден не е во критична состојба.

Погодените од земјотресот ќе почнат да добиваат финансиска помош од утре, додека од агенцијата за вонредни ситуации ги предупредија граѓаните кои се евакуирани од зградите сѐ уште да не се враќаат во своите домови заради опасност од рушење.

Акцијата за спасување на преживеаните од урнатините полека започна да престанува утрово, ден и половина по катастрофалниот земјотрес, а државната агенција за катастрофи соопшти дека тимовите работеле во текот на ноќта за да спасат 45 лица кои останале заробени под урнатините.

По главниот земјотрес, следеа над 700 помали.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ6 часа

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Македонија7 часа

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет8 часа

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Регион8 часа

Туристите кои од Вухан стигнаа во Хрватска планираат да продолжат во БиХ

Кинеските туристи од градот Вухан кои пристигнале во Хрватска, планираат да ја посетат Босна и Херцеговина, пренесува „Индекс.хр“. Според информациите...

Македонија10 часа

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура11 час

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет11 час

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион11 час

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Свет12 часа

Потврден прв случај на новиот корона вирус во Канада

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата. Здравствениот систем во Торонто бил известен...

Свет23 часа

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион1 ден

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет1 ден

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ1 ден

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија1 ден

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ1 ден

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет1 ден

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет1 ден

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет2 дена

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Досие