Контакт

Вести

Трамп го објави писмото од Ким: Многу убава порака

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ го објави писмото што му го испрати севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Во писмото Ким наведува дека верува дека нивните напори да ги подобрат односите меѓу двете земји ќе дадат плод. Трамп за писмото рече дека е многу убава порака оценувајќи дека е постигнат голем напредок.

Во писмото, Ким оценува дека средбата на двајцата лидери што се одржа пред еден месец во Сингапур и заедничкото соопштение што го потпишаа бил почеток на едно важно патување. Лидерот на Северна Кореја изразува цврсто уверување дека силната волја, искрените напори, како и неговиот и пристапот на Трамп кои се насочени кон отворање ново поглавје во односите меѓу САД и Северна Кореја ќе дадат плод.

Ким во писмото наведува дека ја цени енергијата и извонредните напори на Трамп со цел подобрување на односите меѓу двете земји. Ким изразува уверување дека епохалниот напредок во промовирање на односите меѓу САД и Северна Кореја ќе доведе до следен состанок на двајцата лидери.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

(Видео) Протести на „Жолтите елеци“ и во Белгија и во Холандија

Објавено пред

Француското движење „Жолти елеци“ ги премина границите. Денеска исти протести се одржуваат и во Белгија и во Холандија. Полицијата во Брисел уапсила 70 лица, а пристапите до зградите на европските институции се затворени.

„Приведени се 70 лица по извршените контроли како превентивни мерки пред протестот“, соопшти полицијата.

„Асоишејтед прес“ наведува дека холандскиот новинар, Жан Дејкграф, повикал на мирни протести во Амстердам и во Ротердам.

Агенцијата наведува дека ниту во Белгија ниту во Холандија нема предлози за зголемување на даноците за горивата, што беше причина за протестите во Франција.

Минатата недела на протестите на „Жолтите елеци“ во Брисел демонстрантите се судрија со полицијата и запалија две полициски возила.

Прикажи повеќе...

Вести

Киев ја предупреди Москва: Ќе испратиме воени бродови

Објавено пред

Министерството за одбрана на Украина ја предупреди Русија дека ќе испрати воени бродови низ теснецот Керч, во кој Русија заплени три украински брода.

Министерот за одбрана, Степан Полторак, изјави дека неговата земја има намера да испрати воени бродови во теснецот Керч наведувајќи дека во спротивно Русија во целост ќе го окупира Азовското Море.

„Денеска на двете страни на теснецот се наоѓаат околу 140 бродови поради безбедносни мерки и одлагања од руска страна“, соопшти Украинската крајбежна стража обвинувајќи ја Русија дека создава тесно грло за украинските бродови и ги спречува да поминат.

Украина има свои пристаништа и во Црното и во Азовското Море, кои се поврзани со теснецот Керч.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска рече дека Москва ќе биде подготвена да разговара за судбината на екипажот на украинските воени бродови кои Русија ги заплени дури откако ќе заврши нивното судење.

САД и ЕУ ја повикаа Русија да ги ослободи 24 украински војници кои ги уапси на 25 ноември во теснецот Керч под обвинение дека нелегално влегле во руските територијални води.

Прикажи повеќе...

Вести

Американски сенатори: Без сомнение саудискиот принц го наредил убиството на Кашоги

Објавено пред

Двајца американски републикански сенатори изјавија дека без сомнение саудискиот принц го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, откако добиле информации на состанокот зад затворени врати за заклучоците на ЦИА.

Ваквиот став е спротивен со ставот на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој неодамна рече дека ЦИА „не нашла ништо што е апсолутно сигурно“ во врска со убиството.

„Без сомнение принцот престолонаследник, Мухамед бин Салман, го наредил убиството и бил известен за текот на настаните“, рече сенаторот Боб Коркер, по состанокот со директорката на ЦИА, Џина Хаспел.

Коркер, кој е претседател на надворешно-политичкиот одбор, рече дека на состанокот кој траел два часа не ја слушал аудио-снимката од убиството на Кашоги што се случи на 2 ноември во саудискиот конзулат во Истанбул.

Линдзи Грејем, сојузник на Трамп во Сенатот, исто така, оцени дека принцот бил соучесник во убиството на Кашоги.

На состанокот учествувале републикански и демократски сенатори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Се преврте македонски автобус во Србија – тројца загинаа, 30 повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а 30 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот кај Лесковац во...

Регион14 часа

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија15 часа

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ17 часа

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија18 часа

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија19 часа

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“20 часа

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Регион20 часа

Мицотакис: Никогаш нема да го ратификуваме Договорот од Преспа

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту...

Македонија21 час

Почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

На 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека...

Македонија21 час

Операцијата во Германија успешно заврши, Сара Настеска се чувствува добро

Успешно заврши трансплантацијата на коскена срцевина на 15-годишната охриѓанка  Сара Настеска во Германија. ,,Добри вести стигнуваат од Германија. Успешно е...

Топ22 часа

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми пронајдени кај двајца велешани

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од...

Македонија23 часа

Мицкоски: Заев како опозиционер се перчеше, а сега не сака да излезе на дебата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на...

Македонија23 часа

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Буково и Плетвар

Сообраќајот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатната рампа Градско, е целосно нормализиран , информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија24 часа

ЗНМ бира претседател – во трка Чадиковски и Наумов

ЗНМ денеска бира нов претседател. Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во со почеток во 10 часот во спортската...

Европа1 ден

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија2 дена

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Европа2 дена

Кнајсл: Мирот не се постигнува со формирање војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата што претседава со ЕУ, Карин Кнајсл, оцени дека денешната одлука за трансформација на...

Македонија2 дена

(Видео) Дебата: Невладините се судрија со власта – „План има, пари нема, помина и оваа зима во чад и задушување“

Во дебатната емисија на „Макфакс“, на која се говореше за проблемот со аерозагадувањето, претставници на невладиниот сектор се судрија со...

Македонија2 дена

Амнестијата ќе донесе и помали затворски казни, дали ќе се менува обвинението?

Кој сè ќе може да побара амнестија од учесниците во настаните на 27 април, најверојатно, ќе биде познато в понеделник,...

Македонија2 дена

(Видео) Јанакиевски: Животните што се хранат од медицинскиот отпад од македонските депонии се поголема закана од фабриката за преработка

По реакциите во врска со највата за изградба на фабрика за преработка на медицински отпад  на земјиштето во дворот на...

Досие