Контакт

Вести

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски пристигнуваат во САД преку границата со Мексико.

„Никогаш не сум сакал семејствата да бидат раздвоени“, рекол Трамп. Тој неколку часа претходно во неочекуван пресврт објави дека ќе го потпише указот.

Американската администрација е цел на жестоки критики во светот затоа што за пет недели 2.300 деца биле одвоени од своите родители. Американските власти минатата недела соопштија дека нулта толеранцијата кон мигрантите на границата со Мексико од половината на април довела до раздвојување на повеќе од 2.000 деца од родителите што биле приведени поради нелегален влез во земјата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Унгарија продава 19 ловци „миг-29“

Објавено пред

Министерството за одбрана на Унгарија одлучи на аукција да ги продаде своите ловци „миг-29“. Унгарските медиуми објавија дека на аукција ќе се најдат сите летала од советско производство кои не се во оперативна употреба од 2010 година.

Сите 19 ловци се продаваат во пакет, а некои од нив се делумно демонтирани. Во пакетот има и 20 мотори и уште 300 други делови вклучувајќи и авионски топови.

Почетната цена на пакетот е 2,8 милијарди форинти или околу 10 милиони долари. Но, пред да бидат официјално понудени на продажба, потребна е дозвола од Русија.

„Миг-29“ е советски повеќенаменски ловец. Унгарија во 1993 година добила 28 авиони од овој тип.

Прикажи повеќе...

Вести

Елизабет Ворен влегува во трката за претседател на САД

Објавено пред

Демократската сенаторка Елизабет Ворен и официјално ја најави својата кандидатура за претседател на САД. Кампањата за изборите што ќе се одржат во 2020 година ја заснова на популистичкиот повик на борбата против економската нееднаквост и создавање на Америка која ќе биде добра за сите.

Ворен повика на промени, го осуди „теснецот“ во кој се нашла средната класа и ситуацијата во која богатите не мора да сносат одговорност, а сите останати добиваат премалку прилики за успех.

Таа и нејзините приврзаници се надеваат дека оваа порака ќе ја одвои од останатите бројни кандидати за претседателска номинација од Демократската партија.

Ворен инаку е првиот истакнат демократ кој покажа интерес да се вклучи во трката за Белата куќа.

Прикажи повеќе...

Вести

Трамп одби да се состане со Мадуро

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп рече дека постои можност да се испратат војници во Венецуела, американскиот претседател посочи и дека тој го одбил барањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро за средба.

„Секако дека е опција”, вели Трамп во интервјуто за телевизијата Си-би-ес, додека зборуваше за можно испраќање на војници во Венецуела.

Според Трамп, Мадуро побарал средба со него, но тој го одбил бидејќи, како што посочи тој, отишле далеку во процесот.

Во интервјуто, американскиот претседател, исто така говореше и за американската база во Иран, за која тој посочи дека е многу важно да се задржи, така што Вашингтон да може внимателно да го следи Иран.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи,...

Свет2 часа

Силна зимска бура завеа со снег и дожд низ 39 американски држави

Силната зимска бура што провеа во САД вчера завеа во снег и во обилни дождови дури 39 американски држави на ...

Крвав четврток12 часа

Притвор за Јанакиески и Ристовски, за Груевски нова екстрадиција

Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поранешните министри Миле...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: „Апси Заев, можеш да нарачуваш и убиства, но нема да ти се исплашиме“

По информациите за вечерашното приведување на тројцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ – Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вечерва прес-конференција...

Крвав четврток13 часа

Русковска: Бараме притвор за Јанакиески и Ристовски поради опасност од бегство

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал при ЈО, Вилма Русковска, изјави дека распитот на осомничените ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски...

Крвав четврток15 часа

Вељаноски: Не чувствувам вина за упадот во Собранието

Поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, штотуку излезе од Основниот суд Скопје 1, каде што беше повикан на распит за...

Македонија17 часа

Трамп со писмо до Заев: Ви честитам за лидерството, обезбедивте просперитетна иднина за Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска прими писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое тој нагласува дека Северна Македонија е голем...

Македонија18 часа

Зелената градина на ГТЦ му се наметнува исто како и барокот, архитектите разочарани

Зелената градина за покривот на Градскиот трговски центар ги разочара архитектите како стручна јавност, а незадоволни се и скопјани, кои...

Македонија19 часа

Половина милион евра исплатени лани за патни трошоци на пратениците

Над 525 илјади евра биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието минатата година, покажува анализата на „Макфакс“ од...

Македонија19 часа

Заев потврди, Села му се налутил поради одземените ингеренции на Таравари

Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања потврди дека Зијадин Села не дошол на денешната средба за консензуален претседателски кандидат поради...

Македонија21 час

Бектеши не чувствува морална одговорност за вработувањето на сестра му во МЕПСО

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека не чувствува морална одговорност за вработувањето на неговата сестра во МЕПСО. Тој вели...

Топ21 час

Села му се налути на Заев, не доаѓа на средба

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, одби да присуствува на закажаната средба со премиерот Зоран Заев, на која требаше...

Македонија22 часа

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само...

Топ22 часа

Дедото на Кирацовски ќе се повлече од работното место

Таткото на сопругата на пратеникот Александар Кирацовски, Борис Поповски, ќе се повлече од работното место, објави на „Фејсбук“ Кирацовски. Тој...

Македонија23 часа

Заев и Димитров нема да одговараат за велепредавство

Скопското обвинитeлство ја отфрли кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес поднесена против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи,...

Македонија23 часа

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај...

Македонија1 ден

Две бомби од Првата светска војна пронајдени во Битола

Вчера на булеварот 1 Мај во Битола, во близина на местото викано Црн Мост при изведување на градежни работи при...

Регион1 ден

Непознат маж му се заканувал на Мицотакис со бомба

Лидерот на опозициската Нова демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сè уште...

Македонија1 ден

Бугарија го ратификуваше протоколот за НАТО

Со 140 гласа „за“, бугарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, објави бугарската новинска агенција...

Македонија1 ден

Синот на пратеникот Мисовски: Поднесов оставка поради хистеријата, се надевам јавноста ќе здивне

Откако Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски, пред четири дена се повлече од работното место во Агенцијата за супервизија...

Досие