Контакт

Свет

Трамп: За две до три недели ќе одлучам кој ќе биде новиот амбасадор во ОН

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави за две до три недели, а можеби и порано, ќе одлучи кој ќе биде новиот амбасадор на САД во Обединетите нации, откако актуелниот амбасадор Ники Хели објави дека ќе се повлече од функцијата до крајот на годината.

Меѓу кандидатите кои го разгледуваат местото, Трамп ги наведе само поранешниот заменик-советник за национална безбедност, Дајна Пауел, додека другите имиња – на листата од пет кандидати – не сакаше да ги објави, пренесува АП.

Свет

(Видео) Прекумерна сила на протестот во Бафало: Полицајци турнаа на земја немоќен старец

Објавено пред

Протестите за бруталното полициско убиство на Афроамериканецот Џeорџ Флојд траат веќе десетти ден, а полицијата синоќа повторно употреби прекумерна сила во градот Бафало, во сојузната држава Њујорк.

Двајца полицајци со палките турнаа постар демонстрант кој падна на глава, а потоа преминаа над него.

„Ројтерс“ пренесува дека на видеото направено од локална радиостаница се слуша звук на крцкање, сличен на кршење на коски, а потоа се видело и дека соборениот демонстрант крвави од пределот на главата.

Потоа се глада како полицискиот кордон продолжува да се движи, а полицаецот кој го удри демонстрантот заканувачки се наведнува над него, сè додека еден колега не го повлече за рака за да продолкжи понатаму.

Исто така се слуша како некој бара брза помош, а локалното радио во својот извештај потврдува дека во меѓувреме пристигнало амбулантно возило, додека здравствените власти подоцна објавиле дека повредениот е 75-годишник кој е во стабилна состојба.

Двајца полицајци се суспендирани без надомест.

Прикажи повеќе...

Европа

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Објавено пред

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен материјал за третман на пациенти со коронавирус.

Според агенцијата „Хина“, ова е прва ваква пресуда во Шпанија, една од државите најпогодени од епидемијата.

Во Шпанија, над 50.000 здравствени работници се заразија со вирусот во последните три месеци.

Во пресудата на судот се наведува дека владата на Арагон ги загрозила здравјето и животот на здравствените работници и наредено е управата да ги опреми сите јавни и приватни здравствени установи со потребната опрема.

Пресудата, во која не се споменува компензација или други казни за одговорните, беше донесена откако синдикатот поднесе тужба.

Владата на Арагон на судењето тврдеше дека владата во Мадрид е одговорна за недостиг на заштитна опрема, но судијата беше на мислење дека одговорноста е на автономните власти на покраината.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Објавено пред

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис.

Меѓу оние што беа собрани на комеморацијата во капелата на Универзитетот Норт Централ беа и познати личности, активисти за човекови права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството на убиениот Флојд.

Тие му оддадоа почит на Флојд стоејќи во тишина осум минути и 46 секунди, онолку време колку што полицаецот Дерек Човин го задржа коленото на вратот на жртвата.

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, исто така се појави на комеморацијата и клекна и заплака покрај ковчегот на Џорџ Флојд за време на почетокот на комеморацијата.

Телото на Џорџ Флојд беше во златен ковчег опкружен со цвеќиња, а покрај неговиот портрет, зад присутните беше поставен мурал со неговиот лик, пренесува „Гардијан“.

Свештеникот Ал Шерптон, кој ја предводеше молитвата, рече дека Америка никогаш не била голема за црнците, алудирајќи на слоганот на американскиот претседател Трамп.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа41 минута

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет1 час

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион13 часа

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион14 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија15 часа

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ17 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија17 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија18 часа

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија20 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион20 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија21 час

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија21 час

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ21 час

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија22 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион1 ден

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет1 ден

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет1 ден

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет1 ден

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија1 ден

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија2 дена

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Досие