Контакт

Свет

Трамп за колумнистката што го обвини дека ја силувал: Не е мој тип

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли обвинувањата за сексуална злоупотреба врз колумнистка во 1990 година истакнувајќи дека таа не е негов тип.
Тој рекол дека Е. Џин Керол лаже за наводниот напад во Њујорк.

„Го кажувам ова со голема почит. Прво, таа не е мој тип. Второ, никогаш не се случило. Никогаш не се случило, ок?“, изјавил Трамп.

Колумнистката Керол (75) ги изнесе обвинувањата за њујоркшки весник минатиот петок. Таа рекла дека ќе размисли за поднесување обвинение против Трамп. Керол е 16-та жена што го обвини Трамп за сексуален напад. Трамп ги негира сите обвинувања против него.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Истече жива во Метеоролошкиот институт во Анкара, 11 луѓе се во болница

Објавено пред

Единаесет лица завршија во болница кога истече жива во Метеоролошкиот институт во Анкара.

Како што јавуваат медиумите, реонот околу Институтот е блокиран, а на местото на несреќата има возила на брзата помош.

Прикажи повеќе...

Свет

„Вашингтон пост“: „Хуавеј“ тајно ѝ помагала на Северна Кореја да изгради безжичен интернет

Објавено пред

Кинеската технолошка компанија „Хуавеј“ во тајност ѝ помогнала на Северна Кореја да изгради и одржува комерцијална мрежа на безжичен интернет, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“.

Според пишувањата на весникот, кинескиот телекомуникациски гигант во минатите осум години се здружил со државната кинеска компанија „Панда интернешнал информејшн технолоџи“ за голем број проекти во Северна Кореја.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагира на написот на весникот и рече дека ќе мора да ги провери овие наводи.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија најави заштитничка поморска мисија со сојузниците од ЕУ во Ормуската Теснина

Објавено пред

Велика Британија соопшти дека со европските сојузници ќе формира мисија на поморска заштита во Ормуската Теснина по иранската заплена на нафтен танкер што пловел под британско знаме во овој стратешки премин.

Шефот на британската дипломатија, Џереми Хант, оцени дека иранската заплена на танкерот и 23-члениот екипаж претставува чин на државно пиратство.

Хант не изнесе детали за новата мисија, но рече дека Велика Британија ќе предезе соодветна акција да го поддржи безбедносниот премин на бродовите низ Ормуската Теснина.

Тој се огради дека британските потези не се дел од политиката на САД за максимален притисок врз Иран бидејќи европските земји и понатаму го почитуваат меѓународниот нуклеарен договор со Иран од 2015 година, што САД го напуштија пред повеќе од една година.

Силите на Револуционерната гарда го пресретнаа танкерот во петокот и го запленија бродот заедно со екипажот.

Иран соопшти дека потегот е одговор на инцидентот од 4 јули кога британската морнарица помогнала да се заплени ирански нафтен танкер. Велика Британија ги отфрла поврзувањата на двата случаја и наведува дека заплената на иранскиот танкер била легална бидејќи постоел сомнеж бродот да планира прекршување на санкциите на ЕУ кои се однесуваат на забраната за испорака на нафта во Сирија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија13 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија13 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија15 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија16 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија18 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет19 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет20 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет20 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет20 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет21 час

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет21 час

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија1 ден

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија1 ден

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион1 ден

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија2 дена

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија2 дена

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија2 дена

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет2 дена

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет2 дена

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие