Контакт

Свет

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет, но дека е стратешки интересно.

Тој им рекол на новинарите дека таа тема излегла во разговор внатре во неговата администрација.

„Таа идеја се појави и… стратешки е интересна“ рекол Трамп.

Американскиот претседател навел дека Гренланд оретставува економски товар за Данска, која, како што вели, поради тоа губи речиси 700 милиони долари годишно.

Претходно економскиот советник во Белата куќа, Лери Кадлоу, потврди дека Трамп сака да размисли околу купувањето на Гренланд, иако за тој остров порачаа дека не е на продажба.

Се огласи и данската премиерка, Мет Фредериксен, која порача дека Гренланд не е на продажба, како и дека идејата да се продаде на САД е апсурдна.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Најновиот американски дрон паднал во текот на тестирањата

Објавено пред

Најновото американско беспилотно летало со турбомлазен мотор ИКС-61А „Гремлин“ паднал за време на пробниот лет, информираше производителот на дронот.

По пробниот лет бил исклучен моторот, а дронот требало да се приземји со помош на падобран. Во таа фаза не успеало спојувањето со авионот-носач.

„За жал, леталото е изгубено во текот на процесот на приземјување затоа што не му се отворил падобранот“, изјавија од компанијата „Дајнетикс“.

И покрај загубата на леталото, компанијата го окарактеризирала летот како историски настан. Производителите на дронот истакнуваат дека инцидентот нема да се одрази на текот на тестирањата зашто вкупно се произведени пет беспилотни летала.

Дронот бил лансиран од товарниот носач „Херкулес“ на 19 јануари, а во воздух поминал околу еден час и 44 минути.

Според плановите на производителот, дроновите од програмата „Гремлинс“ ќе одат во напад организирани како рој пчели за да ја збунат непријателската противвоздушна одбрана. Леталата ќе бидат опремени со турбомлазни мотори и ќе можат да прелетуваат и до 1.000 км. По завршувањето на задачите, транспортниот авион ќе ги собира директно во воздух.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Ден по песочната бура, Австралија погодена од град

Објавено пред

Природните аномалии и понатаму ја напаѓаат Австралија. Се почна со пожарите, потоа заврна обилен дожд кој предизвика поплави, а сега југоистокот од земјата го погодија песочна бура и силен град, пренесуваат локалните медиуми.

Само еден ден по песочната бура во која дуваа ветришта со брзина до 100 км/час, врз југоистокот на Австралија се истури град со големина на топчиња за голф кој оштети многу автомобили и ги искрши гранките од дрвјата.

Телевизискиот канал „7 њуз“ прецизира дека силен град е забележан во Нов Јужен Велс, пред се во Камбера. Во изминатите 24 часа за помош на спасувачите им се обратиле повеќе од 1.500 луѓе, а околу илјада од нив биле поврзани со оштетувања на објектите поради стихијата.

Not a good time to go for lunch!

Posted by Joanne Carvolth on Недела, 19 јануари 2020

Телевизијата истакнува дека истовремено во Викторија, Јужна Австралија и Тасманија продолжуваат да беснеат шумските пожари.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Албин Курти предложен за премиер на Косово

Објавено пред

Косовската Движење Самоопределување, со писмо упатено до претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и што се претпоставуваше, за иден мандатар на косовската влада го предложи претседатлот на оваа партија, Албин Курти, пренесуваат косовските медиуми.

Предлогот за иден премиер е доставен и покрај застојот во преговорите за коалиција меѓу Самоопределување и ЛДК – партиите што победија на октомвриските избори и кои сè уште не успеваат да пронајдат заедничко решение за формирање влада.

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по официјалното прогласување на резултатоите од октомвриските избори, во повеќе наврати го повика Курти да му предложи мандатар од неговата партија за Тачи со формален декрет да го прогласи за одговорен за предлагање на идната влада на Косово.

На денешното именување му претходеше вчерашната најава од Тачи дека би можел самоиницијативно да го прогласи Курти за мандатар на идната косовска влада.

Од моментот на преземање на мандатот, Курти ќе има рок од 15 дена да го предложи во собранието составот на новата влада. Составот на владата мора да биде одобрен од 61 пратеник, пренесува порталот „Кос сев“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија3 часа

Докторката на Тони Трајковски сведочи зад затворени врати

Обвинетиот Тони Трајковски не дојде на денешното судење за ТНТ по што судот ја одложи расправата за уривањето на објектот...

Македонија4 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија4 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ4 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет5 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет5 часа

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија6 часа

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет6 часа

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет17 часа

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет17 часа

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава18 часа

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион21 час

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет22 часа

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија1 ден

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Европа1 ден

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет. Повредени се околу...

Македонија1 ден

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

Петар Рупески, 30-годишник од Варош, беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро...

Македонија1 ден

Пендаровски: Богојавление е потсетник материјалните предизвици да не нè оттргнат од духовните вредности

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква –...

Европа2 дена

Хари и Меган останаа без кралските титули

Принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, нема да ги користат титулите...

Досие