Свет
Трамп има нов план за борба против Сенатот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има нов план за борба против отповикувањето, за кое треба да расправа Сенатот.
Трамп ќе им се закани на републиканците, кои би можеле да гласаат против него во Сенатот, со основање на нова партија, но исто така и дека ќе поддржи свои кандидати против републиканците на следните избори.
Сенатот закажа расправа за отповикување на Доналд Трамп за почетокот на февруари и иако му истече мандатот, одлуката на сенаторите против поранешниот претседател може да ги доведе во прашање неговите идни активности и можната кандидатура за следните претседателски избори, пишува „Спутник“.
Затоа Трамп, кој во предлогот за отповикување усвоен во Претставничкиот дом на Конгресот е обвинет за поттикнување бунт, е подготвен да се бори со цел да ги убеди неговите сопартијци да не им се придружуваат на демократите во гласањето против него, ги пренесува РТ информациите објавени во „Вашингтон пост“.
За да биде отповикан Трамп, на демократите треба да им се придружат 17 републикански сенатори, за предлогот за отповикување да добие двотретинско мнозинство во Сенатот, во кој силите се поделени 50:50, додека решавачкиот глас го има претседателот, односно новата американска потпретседателка Камала Харис.
Според „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неофицијални извори, Трамп е подготвен да поддржи сопствени кандидати во номинациите на републиканците за изборите во Конгресот, со цел да ги убеди сенаторите да не гласаат против него.
Исто така, според американскиот весник, постои закана дека Трамп ќе основа своја партија, што би имало поразителен ефект врз веќе поделената Републиканска партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција.
Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што пренесе АФП, сириските сили успеваат да ги пресретнат ракетите.
🇸🇾 : Les défenses anti-aériennes syriennes protègent Damas contre les récentes frappes aériennes israéliennes.@Syria_Protector pic.twitter.com/f5QcDigKjE
— MENActualité (@MENA_frcais) February 28, 2021
Израелските медиуми првично јавуваат дека гранатирањето на Сирија е одговор на нападот на израелскиот број од страна на Иран во Оманскиот залив.
Засега нема информации дали има жртви.
Израел често извршува напади на територијата на Сирија. Повеќето негови цели се складишта со оружје и позициите на либанското движење Хезболах, како и проиранските сили кои се борат на страната на Башар Асад.
ok now Seriously lets go back to business even that i m high #israel is gonna bomb the shit of #iran after that ship attack
Location is ,,,,, best runner up … #Syria
Prepare booose chips … a roller coaster about to begin— ܡܐܪܝܘ 🇱🇧🇬🇧 (@MarioLeb79) February 28, 2021
Регион
Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки.
Според нив, неколку градови во Црна Гора ќе бидат во карантин, вклучувајќи ги Подгорица, Цетиње и Херцег Нови.
Како што беше соопштено, забраната ќе стапи на сила во вторник, на 2 март, а покрај мерките што продолжуваат да важат во општините Будва и Тиват, на граѓаните ќе им биде забрането да ги напуштаат и териториите на Подгорица, Цетиње, Улцињ, Херцег Нови, Никшиќ и Плужине, пренесува „Вијести“. Целосно забранета ќе биде работата на угостителските објекти.
Овие мерки ги ослободуваат оние граѓани кои го напуштаат градот поради редовни работни задачи и врз основа на потврда на работодавачот, понатаму лицата кои одат на преглед со медицинска документација или се грижат за лица кои не можат да се грижат за себе поради болест или повреда.
Ослободени се и студентите кои патуваат од своето место на живеење до седиштето на високообразовната установа, врз основа на потврда на таа институција, односно уредно пополнетиот и заверен индекс.
Европа
Потврдено присуството на бразилскиот вид на коронавирус во Велика Британија

Агенцијата за јавно здравје на Англија објави дека е потврдено присуство на бразилскиот сој на коронавирус, кај шест пациенти во Велика Британија, пренесува „Гардијан“.
Весникот наведува дека три случаи на зараза со новиот вид биле откриени во Англија и три во Шкотска.
Повеќе од 20 милиони луѓе во Велика Британија примиле барем една доза вакцина против коронавирусот, објави денеска министерот за здравство, Мет Ханкок.
„Ова е величествено достигнување за нашата земја. Вакцината е нашиот излез. Кога ќе добиете покана, вакцинирајте се“, напиша Ханкок на „Твитер“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран