Контакт

Регион

Трамп и Пенс телефонски му ја честитаа победата на Мицотакис

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс телефонски му ја честитаа победата на новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, истакнувајќи ја потребата за продолжување и продлабочување на односите меѓу Грција и САД.

„Господинот Мицотакис од негова страна му спомена на Трамп дека приоритет на новата грчка Влада е борба со бирократијата и зајакнување на инвестициите. Американскиот претседател му одговори на грчкиот премиер дека тие беа и неговите цели кога тој ја презеде функцијата. Двајцата се согласија за потребата за продолжување и продлабочување на одличните односи меѓу Грција и Соединетите Американски Држави”, соопштија од кабинетот на Мицотакис.

И за време на разговорот со американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој траел речиси половина час, станало збор за суштински прашања и двете страни се обврзале за дополнително продлабочување на добрите односи меѓу двете земји.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Проблеми со струјата и телефоните по земјотресот во близина на Атина

Објавено пред

Во подрачјето коешто беше погодено од земјотресот во Грција, во моментов има проблеми со електричната енергија и телефоните, јавуваат локалните медиуми.

Засега нема информации за повредени лица и материјална штета, но потврдено е дека во некои делови од централна Атина нема струја, а проблеми постојат и со мобилните телефони и фиксните линии.

Компаниите апелираат до корисниците да ги употребат интернет сервисите како што се „Вибер“ и „Скајп“ бидејќи линиите се презафатени.

Локалните медиуми пренесоа дека жителите на Атина во паника истрчале од зградите.

Според податоците, земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала се случил околу 14 часот, Епицентарот е на 23 километри од Атина на длабочина од 13 километри.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја стресе Грција

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја стресе Грција.

Земјотресот е на 23 километри од Атина на длабочина од 13 километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Мицотакис ги повика пратениците да се борат против популизмот

Објавено пред

Новиот грчки премиер, Киријакос Мицотакис, ги повика своите пратеници во грчкиот парламент напорно да работат, секојдневно да се борат против популизмот и старата традиција на политички клиентилизам, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

На првата седница на грчкиот парламент, по положувањето на заклетвата, грчкиот премиер Мицотакис на парламентарната група на неговата партија Нова демократија ѝ порача повеќе да прави, а помалку да зборува.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог закон за јавно обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за...

Македонија42 минути

Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат, да одлучи во рок 7 дена дали ќе го прифати...

Македонија3 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија4 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија4 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија6 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет7 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт7 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија18 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет18 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет20 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ23 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Досие