Контакт

Свет

Трамп: Лажните вести мора да сопрат, предизвикуваат гнев кај народот

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска на Твитер објави дека медиумите што шират лажни вести се вистински непријател на американскиот народ.

„Во нашата земја постои голем гнев, кој е делумно предизвикан од неточни, па дури и намерно грешни вести. Медиумите кои шират лажни вести се вистински непријател на народот, тие мора да запрат со отворениот и очигледен непријателски став и прецизно и искрено да ги пренесуваат вестите. Со тоа во голема мера ќе се намалат лутината и гневот, а потоа ќе можеме сите страни да ги обединиме во мир и хармонија. Лажните вести мора да престанат!“, порача Трамп, нагласувајќи ги зборовите со големи букви, како што често прави во своите твитови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Објавено пред

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на 45-годишнината од бунтот против воената хунта, пренесуваат грчките медиуми.

Маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, дрва, камења, а палеа и канти за отпадоци. Специјалните полициски екипи возвратија со солзавец, шок бомби и топови со вода.

Масовниот протест од Политехничкиот факултет, кој е симбол на студентскиот бунт во 1973 година, до амбасадата на САД во Атина заврши мирно, но потоа следеа инциденти во атинската населба Ексархија, што важи за собиралиште на анархистите, но и населба каде се наоѓа Политехничкиот факултет. Во нередите демонстранти го запалија и американското знаме.

Во нередите кои траеа речиси 4 часа, уапсени се 19 лица, а неофицијално повредени се двајца полицајци.
Во маршот од Политехничкиот факултет до американската амбасада учествуваа и министри и пратеници од „Сириза“. Протести имаше и во Солун и Патра.

Прикажи повеќе...

Регион

Братот на Оливер Ивановиќ: Не сум уверен дека не се располага со докази за убиството

Објавено пред

Братот на убиениот лидер на СДП, Оливер Ивановиќ, во интервју за „Данас“ вели дека во изминатите десет месеци никој од трите партии вклучени во истрагата не се обратил до семејството на убиениот. Мирослав Ивановиќ појаснува дека мисли на косовската страна, Белград и Еулекс.

Истакнал дека никој не им се обратил дури ниту од човечки причини да ги извести за глобалниот тек на истрагата.

Извршителите и оние кои дале наредба за ова злосторство засега не се познати на јавноста, како што и не се знае речиси ништо за истрагата, која на 8 март Специјалното обвинителство ја презеде од Основното обвинителство од Косовска Митровица, пренесува „Данас“.

Како што се наведува во текстот, се додека официјален Белград, Приштина и меѓународната управа на КиМ молчат, прашање е дали опозицијата во Собранието на Србија ќе стори се што може, барем да не се молчи за ликвидацијата на Оливер Ивановиќ.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција и денеска блокирана, продолжуваат насилните протести поради високата цена на горивата

Објавено пред

Еден ден откако 280.000 луѓе протестираа во Франција поради зголемувањето на цената на горивата, автопатиштата во земјата, утрово во знак на протест, се блокирани на околу 40 места, а владата порача дека нема да се откаже ид еколошките мерки, пренесуваат француските медиуми.

Француслката мрежа „Венси оторут“ соопшти дека утрово се регистрирани 40 протести на автопатишта, откако вчера сообраќајот беше пореметен во целата земја, пренесе „Фигаро“.

Во меѓувреме, францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастане изјави дека мнозинство Французи избрале да не облечат жолти елеци, односно да не им се придружат на демонстрантите. Тој исто така нагласил дека вчерашните насилни акции биле предвидени, особено затоа што во нив учествувале млади лица од предградијата.

Според податоците, во нередите има повредени и демонстранти и полицајци. Една 50-годишна жена го загуби животот за време на вчерашните протести, организиарни поради високата цена на горивата, а најмалку 227 луѓе беа повредени од кои шестмина потешко.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион38 минути

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Европа1 час

Франција и денеска блокирана, продолжуваат насилните протести поради високата цена на горивата

Еден ден откако 280.000 луѓе протестираа во Франција поради зголемувањето на цената на горивата, автопатиштата во земјата, утрово во знак...

Свет2 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет18 часа

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски20 часа

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија21 час

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија22 часа

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија22 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија23 часа

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate1 ден

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести1 ден

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести1 ден

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски2 дена

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија2 дена

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија2 дена

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија2 дена

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски2 дена

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија2 дена

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет2 дена

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Досие