Свет
Трамп му предложи на канадскиот премиер да станат 51-та држава на САД
Доналд Трамп му предложи на канадскиот премиер Џастин Трудо минатата недела дека ако царините за неисполнување на трговските и имиграциските проблеми би ја убиле економијата на соседна Канада, можеби Канада треба да стане 51-та американска држава, дознава Фокс њуз.
Минатиот петок, Трудо направи непланирано патување за да се сретне со Трамп во Мар-а-Лаго, откако идниот американски претседател се закани дека ќе воведе високи царини за канадските производи. Поточно, Трамп се заканува дека ќе воведе царини од 25% на Канада и Мексико поради, како што вели, нивната неможност да го запрат протокот на илегални имигранти и наркотици од тие земји во САД.
Како што пишува Фокс њуз, според две лица кои биле на масата и го слушнале разговорот, Трамп, иако љубезен и срдечен, бил многу директен за тоа што очекувал од северните соседи.
Парафразирајќи го разговорот, Трамп му рече на Трудо дека Канада ги изневерила САД со тоа што дозволила големи количини на дрога и луѓе да ја преминат границата, вклучително и илегални имигранти од повеќе од 70 различни земји.
Изворите велат дека Трамп станал поанимиран кога се осврнал на темата трговскиот дефицит на САД со Канада, кој го процени на повеќе од 100 милијарди долари. Новоизбраниот претседател му рече на премиерот дека ако Канада не го реши проблемот со границата и трговскиот дефицит, тој ќе воведе царина од 25 отсто за сите канадски производи уште првиот ден кога ќе се врати на власт.
Thanks for dinner last night, President Trump. I look forward to the work we can do together, again. pic.twitter.com/lAWFMTtQt7
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) November 30, 2024
Трудо му одговори на Трамп дека не може да воведе царина бидејќи тоа целосно ќе ја уништи канадската економија. Трамп одговори, прашувајќи: „Значи, вашата земја не може да опстане доколку не ги измами САД за 100 милијарди долари?“
Трамп потоа му предложи на Трудо Канада да стане 51-та држава, што предизвика нервозна смеа кај премиерот и другите присутни, изјавија извори за Фокс њуз. Но, Трамп продолжи, велејќи му на Трудо дека „премиер“ е подобра титула, иако тој сè уште може да биде гувернер на 51-та држава.
Извори за Фокс њуз изјавиле дека некој на масата забележал дека Канада ќе биде многу либерална сојузна држава, на што сите уште повеќе се смееја. Трамп посочи дека од Канада може да се создадат две држави: конзервативна и либерална.
Тој му рекол на Трудо дека ако не може да ја исполни неговата листа на барања без да ги „експлоатира“ САД во трговијата, можеби Канада навистина би требало да стане земја или две, а Трудо би можел да стане гувернер. Иако изворите велат дека целиот разговор предизвикал многу смеа, Трамп нагласи дека очекува промени до 20 јануари.
Фокс њуз побара коментар и до тимот на Трамп и до тимот на Трудо, но ниту еден не одговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Турција, почувствуван и во Грција
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21:38 часот, во западна Турција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 39,444 и географска должина 26,284.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 1о километри под површината на земјата.
Земјотресот се почувстувал и на 13 километри северно од Митимна, Грција.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Свет
Трамп ја суспендира странската помош на 90 дена
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за привремено суспендирање на сите американски програми за надворешна помош на 90 дена во очекување на ревизија за да се утврди дали тие се во согласност со неговите политички цели.
Наредбата, меѓу многуте потпишани од Трамп на неговиот прв ден од враќањето на функцијата, наведува дека „странската помошна индустрија и бирократијата не се усогласени со американските интереси и во многу случаи се спротивни на американските вредности“ и „служат за дестабилизирање на светскиот мир преку промовирање идеи во странство“.
Според тоа, Трамп изјави дека „никаква дополнителна странска помош на Соединетите држави нема да биде исплатена на начин што не е целосно конзистентен со надворешната политика на претседателот на САД“.
Државниот секретар Марко Рубио им рече на членовите на Комитетот за надворешни односи на Сенатот за време на неговото сослушување за потврдување минатата недела дека „секој долар што го трошиме, секоја програма што ја финансираме и секоја политика што ја водиме мора да се оправда со одговарање на три едноставни прашања:
„Дали ја прави Америка побезбедна? Дали ја прави Америка посилна? Дали ја прави Америка попросперитетна“.
Наредбата потпишана од Трамп му остава на Рубио да донесе такви одлуки, во консултација со Канцеларијата за управување и буџет. Стејт департментот и Агенцијата на САД за меѓународен развој се главните агенции кои ја надгледуваат странската помош.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 19:48 часот во Тајван.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 21.459 и географска должина 121.0699.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 23 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.