Контакт

Свет

Трамп најави тешки санкции за иранскиот врховен водич

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша указ со кој, како што рече, се воведуваат тешки санкции за иранскиот врховен водич, ајатолахот Али Хамнеи.

Трамп рече дека санкциите следат по низата агресивни постапки на иранскиот режим во последните седмици, меѓу кои и соборувањето на американското беспилотно летало.

„Продолжуваме со притисок врз Техеран“, изјави американскиот претседател и додаде дека тие санкции би можеле да останат на сила со години.

Санкциите наведени во указот, како што рече Трамп, ќе ги спречат иранскиот врховен водич, неговиот тим и другите со кои е поврзан, да имаат пристап кон основните финансиски средства и поддршка.

Свет

Изгласани одредбите за импичмент на Трамп

Објавено пред

Одборот на американскиот Претставнички дом, каде мнозинство се демократите, одобри обвинение за злоупотреба на власта и попречување, против претседателот на САД, Доналд Трамп.

Правосудниот одбор на Конгресот гласаше со 23 наспроти 17, за одобрување на обвинението со кое Трамп се товари за злоупотреба на власта на неговата канцеларија, за да изврши притисок на Украина да истражи негов полтички ривал, најверојатниот демократски кандидат Џо Бајден и неговиот син, Хантер, кој работел во одборот на украинска енергетска компанија.

Одборот одобрил уште едно обвинение, кое го товари Трамп за попречување на работата на Конгресот.

„Денеска е свечен и тажен ден. Домот ќе делува многу брзо“, истакна претседавачот со Комитетот, Џери Надлер, веднаш по гласањето.

Прикажи повеќе...

Свет

Лавров: Обидите за повторување на обоените револуции во Латинска Америка може да ги зголемат тензиите

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги осуди обидите за повторување на обоените револуции во земјите од Латинска Америка бидејќи тоа може да ескалира со тензии во регионот, пренесува „Спутник“.

„Што се однесува до моментната состојба во Латинска Америка и на Карибите, забележавме развој на сложени и понекогаш многу повеќенасочни и противречни политички и социо-економски процеси. Обидите што се преземаат во оваа област да се повторат сценаријата на озлогласените обоени револуции може да предизвикаат опасно зголемување на регионалните тензии и, секако, ова не е во интерес на зајакнување на позицијата на Латинска Америка како еден од центрите на новиот мултиполарен свет“, рече Лавров по разговорите со министерот за надворешни работи на Никарагва, Дени Монкада.

Русија верува дека Никарагванците треба да одлучат за судбината на нивната земја и да се спротивстават на секој обид да им се наметнат некакви стратегии за надворешен развој.

„Русија цврсто верува дека никарагванскиот народ мора да одлучи за својата судбина и не прифаќаме обиди да се наметнат рецепти за развој на Никарагва што таа не ги одбрала“, рече Лавров по разговорите со Монкада.

Терминот обоена револуција е широко користен за да се опишат промени – поддржани од Западот – на режими што се случија во некои земји од поранешниот Советски Сојуз и на Балканот во текот на деценијата од 2000 година вклучувајќи ја и украинската портокалова револуција, грузиската розова револуција, српската булдожер-револуција и револуцијата на лалињата во Киргистан.

Прикажи повеќе...

Свет

Палестински политичар на црвениот список на Турција

Објавено пред

Турција го додаде протераниот палестински политичар Мохамед Дахлан на својот црвен список со најбарани осомничени терористи нудејќи награда до 10 милиони лири (1,75 милион долари) за информации што би довеле до негово апсење, пренесе „Ројтерс“.

Издадени се налози за апсење за Дахлан под обвинение дека тој одиграл значајна улога во обидот за државен удар во 2016 година во Турција во обид да го смени уставниот поредок со сила, како и разни обвиненија за шпионажа, наведува турското Министерство за внатрешни работи.

„Ројтерс“ исто така соопшти дека Дахлан неодамна отворено го критикувал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Изгласани одредбите за импичмент на Трамп

Одборот на американскиот Претставнички дом, каде мнозинство се демократите, одобри обвинение за злоупотреба на власта и попречување, против претседателот на...

Македонија2 часа

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ3 часа

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија4 часа

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ5 часа

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија7 часа

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија9 часа

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија10 часа

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет11 час

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет12 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет12 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија23 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет23 часа

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет24 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа1 ден

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет1 ден

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт1 ден

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија1 ден

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа1 ден

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија1 ден

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Досие