Контакт

Свет

Трамп: На секој ирански напад ќе возвратиме со 1.000 пати поголем напад

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вети дека одговорот на секој ирански напад ќе биде 1.000 пати поголем по извештаите дека Иран има намера да се одмазди за убиството на водечкиот генерал Касем Сулејмани.

Еден извештај на американските медиуми, повикувајќи се на неименувани официјални лица, вели дека во наводниот ирански заговор е планирано убиство на американскиот амбасадор во Јужна Африка пред претседателските избори во ноември.

„Според извештаите на медиумите, Иран можеби планира атентат или друг напад против САД како одмазда за атентатот врз терористичкиот водач Сулејмани“, објави Трамп на „Твитер“.

„Секој ирански напад, во која било форма, против САД ќе биде возвратен со напад врз Иран 1.000 пати поголем во магнитудата!“, напиша Трамп.

Односите меѓу Вашингтон и Техеран се затегнати уште од Иранската револуција, а тензиите ескалираа кога Трамп еднострано ги повлече САД од меѓународниот нуклеарен договор со Иран во мај 2018 година.

Во јануари од американски дрон е убиен Сулејмани во Багдад, а Вашингтон се залага за продолжување на вооруженото ембарго кон Иран, кое почнува постепено да истекува во октомври, како и за повторно воведување на санкциите на ООН против исламската република.

Портпарол на иранското Министерство за надворешни работи го отфрли извештајот за заговорот за атентат како неоснован и како „повторени коруптивни методи за создавање антииранска атмосфера на меѓународната сцена“, истакна тој.

Свет

Меланија Трамп не се чувствува добро поради коронавирусот

Објавено пред

Меланија Трамп го откажа првиот настап во последните неколку месеци во претседателската кампања на својот сопруг Доналд Трамп, пренесува Си-ен-ен. Таа го откажа настапот затоа што не се чувствува добро по заболувањето од коронавирусот.

ТВ-мрежата објави дека првата дама требаше да му се придружи на собирот на претседателот Трамп вечерва во Пенсилванија, но таа одлучи да не оди.

„Г-ѓа Трамп се чувствува подобро секој ден по закрепнувањето од Ковид-19, но поради долга кашлица и како мерка на претпазливост, таа нема да патува денес“, изјави Стефани Гришам, шефицата на канцеларијата на првата дама.

Меланија Трамп минатата недела изјави дека нејзините симптоми на Ковид-19 се појавиле одеднаш и изгледале како тобоган. Таа изјави дека има болки во телото, кашлање, главоболка и се чувствува многу уморно.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Парламентарни и претседателски избори до 3 април 2022

Објавено пред

Претседателот на Србија и на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, најави дека новата српска влада ќе биде со ограничен рок на траење, а наредните парламентарни избори во земјата, заедно со претседателските, ќе бидат организирани најдоцна до 3 април во 2022 година.

„Го поставивме прашањето на седницата на Претседателството на СНС дали сè сами ќе земеме в раце и кои се целите. Ние денеска дефиниравме шест основни цели“, рече Вучиќ на прес-конференција.

Според него, договорени се пет владини цели, а првиот е борба за здравјето на граѓаните, поточно борба против епидемијата на Ковид-19, што подразбира изградба на болници, зголемување на капацитетите и изградба на нови клинички центри.

Прикажи повеќе...

Регион

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Објавено пред

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во моментот 6.968 случаи се активни во земјата, претежно во Тирана, Драч и во Скадар.

Во последните 24 часа биле тестирани 1.407 лица, а 110.189 од почетокот на пандемијата, пренесува албанскиот портал „Егзит“. Од почетокот на пандемијата, 17.651 лице се разболеле од коронавирусот, а 458 луѓе починале како резултат на вирусот.

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека ги презема сите мерки за да се избегне второто затворање на земјата поради вирусот. За време на јавната презентација на мрежата на инспектори, кои ќе ги предупредат граѓаните да носат маски и да ги почитуваат мерките, тој рече дека по секоја цена ќе се обиде да го избегне тоа.

Тој рече дека владата на таа земја има две цели – да спречи ширење на вирусот и да избегне затворање на земјата, од која стравува целиот свет.

„Не сакаме да ја затвориме земјата, не сакаме да им кажуваме на луѓето да останат дома повторно“, рече Рама.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет2 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија3 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија3 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија5 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија6 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија8 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија10 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија11 час

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа11 час

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија11 час

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија12 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа13 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија13 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија13 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет13 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет14 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет14 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија1 ден

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет1 ден

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Досие