Контакт

Свет

Трамп нема да биде обвинет додека е претседател, тврди Џулијани

Објавено пред

Специјалниот советник, кој ја води истрагата за наводна вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година, Роберт Малер, нема да поведе обвинение против Трамп додека е на функција. Ова го тврди правниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Рудолф Џулијани, кој изјави дека добил вакво уверување.

Џулијани за „Фокс њуз“ вели дека не само што Малер не може да поведе обвинение против Трамп туку дури не може да му испрати ни судски повик да се појави пред Големата порота.

Во меморандум на Министерството за правда од 2000 година се наведува дека претседателот на САД не може да биде обвинет затоа што кривичното гонење би влијаело на неговата способност да ги извршува своите уставни должности.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Француската полиција ќе протестира за подобри работни услови

Објавено пред

По „жолтите елеци“ се чини дека сега е време и за „сините елеци“ на Франција.

Имено, по петнеделните протести во земјата, француските полицајци изјавија дека се преморени жалејќи се дека премногу работат, а за тоа се недоволно платени, најавувајќи свој протест оваа недела со цел да добијат посоодветна компензација и работни услови.

Во последните неколку години полициските синдикати многупати се имаат пожалено на истото, а протестите, кои траат веќе еден месец, ја прелеаjа чашата.

В среда припадниците на француската полиција, кои себеси се нарекуваат „сини елеци“, ќе излезат на улиците низ целата земја.

На социјлните медиуми, полицискиот синдикат „Алајанс“ го нарекува прoтестот „Акт 1“, исто како и оној на „жолтите елеци“.

Буџетот на Франција за 2019 година предвидува кратење на средствата за полицијата, поради што многумина стравуваат дека и условите за работа ќе се влошат. Во момент како овој, кога Франција се соочува со протести, тероризам и мигрантската криза, потребни се повеќе пари за полицијата, а не помалку, велат од синдикатите.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Видео од деца мигранти во САД ја разбесни јавноста

Објавено пред

Видео од деца- мигранти со бројки напишани на рацете се рашири како вирус на интернет кога седумгодишно девојче, приведено во САД, почина од сепса.

Локални медиуми во САД известија за оваа практика по смртта на Џеклин Каал Макин, дете од Гватемала, кое со својот татко било приведено поради нелегално преминување на јужната американска граница.

Макин и татко ѝ биле приведени заедно со група од 160 мигранти во Ново Мексико.

Додека се возеле во автобус што ги пренесувал до граничната патрола во Лордсбург, Ново Мексико, таткото на Макин ги известил овластените лица дека неговата ќерка повраќала.

Девојчето починало неколку часа подоцна на 8 декември, во болница во Ел Пасо, Тексас.

Официјалните резултати од аутопсијата допрва ќе бидат објавени. Сепса настанува како резултат на екстремна инфекција кога телото не реагира на не и може да доведе до откажување на органите, велат од Центарот за контрола и превенција на болести.

Од министерството за внатрешна безбедност на САД извесутваат дека таткото негирал оти Макин била болна за време на првичното испрашување.

„Првичните испрашувања не открија никаков доказ за здравствени проблеми“, се вели во соопштение од министерството. „За време на испрашувањето таткото негира дека тој или неговата ќерка биле болни“.

Смртта на девојчето ја потресе јавноста, која е сè позагрижена за миграциските политики на Доналд Трамп, односно фактот дека децата што чекаат да ја преминат границата на САД се обележани со броеви на рацете.

Голем број корисници на социјалните мрежи го споредуваат ова со нацистичката пракса на тетовирање на еврејските затвореници во концентрационите логори.

„Глетки од Аушвиц“, вели еден корисник на „Твитер“.

Според снимката, бројките што децата ги носат на рацете се напишани со маркер.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора: Формирањето на косовската војска мора да биде постепено

Објавено пред

Формирањето на војската на Косово треба да биде постепен процес и да придонесе за стабилноста во регионот, смета министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање за позицијата на Црна Гора во однос на формирањето косовска војска. Тој рече дека ниту Црна Гора ниту НАТО никогаш не го оспориле правото секоја земја да има своја војска, но порача дека процесот треба да се одвива постепено.

„Генералниот секретар на НАТО предупреди дека процесот мора да биде постепен, отворен, инклузивен и да придонесе за стабилноста на регионот со цел понатамошната соработка на НАТО и Косово да продолжи на обострано задоволство“, изјави министерот Дармановиќ и додаде дека ваквата позиција, што и Црна Гора ја има повторено во неколку наврати, е реална.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Царинската управа отвори истрага за Трајковски, гостинот на Груевски во Будимпешта

Царинската управа вчера отвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта....

Македонија1 час

Амнестијата не може да чека – предлог-законот стигна пред пратениците

Текстот на предлог-законот за амнестија, кој го подготви интерпартиското тело за помирување, е поставен на веб-страницата на Собранието и им...

Македонија1 час

Подобро е да нема снег оти со механизацијата на „Македонијапат“ стара над 30 години може се да заглави

Со стара менханизација и без доволен број работници „Македонијапат“ оваа година ќе се справува со снегот по магистралните патишта. Возилата,...

Истражувања2 часа

Владата го засака барокот на фасадата, мислењата на експертите баталени

Владата на Зоран Заев, која се колнеше дека ќе го чуе гласот на граѓаните, а посебно на експертската јавност, една...

Македонија2 часа

Саливан: САД ќе ѝ помогнат на Владата да се спротивстави на штетното влијание на Русија

Нема да биде изненадување за никого овде ако кажам дека Русија се спротивставува на патот што Македонија го има избрано...

Македонија2 часа

(Видео) Заев и Ципрас номинирани за Нобеловата награда за мир

На денешната свечена церемонија, која се одржа на Универзитетот ФОН во Скопје, премиерите на Република Македонија и на Република Грција,...

Македонија4 часа

Фетаи за трошоците од прегласувањето во Струмица: И еден денар да е во прашање, направена му е штета на буџетот

Судењето за „Титаник 2“, кое се однесува на изборни нерегуларности од локалните избори од 2013 година, продолжи со наодите на...

Крвав четврток4 часа

(Видео) Александрова: Прашајте ги обвинетите пратеници дали ќе бараат амнестија, јас не сум дел од 27 април

„Право на секој во согласност со законот е да поднесе барање. Дали некој од пратениците ќе поднесе или не, не...

Топ4 часа

(Видео) Половина тон марихуана вредна над милион евра запленета на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа...

Македонија5 часа

(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа

Ова не е само сторија за куче што помага на болен човек. Ова е сторија за две суштества чии животи...

Македонија5 часа

(Видео) Пратениците ќе носат закон, а Кацарска и Рускоска ќе амнестираат

„Нема да бидат амнестирани лица што биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата што носеле оруже и...

Топ5 часа

Кавадарчанецот што избоде жена на нива обвинет за обид за убиство

Кавадарчанецот што во јуни годинава избоде жена на нива во прилепско село ќе одговара за обид за убиство и за...

Македонија6 часа

Обвинителството поднесе жалба против пресудата за смртта на родилката во Гевгелија

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе жалба на пресудата на Основниот суд Велес во предметот за смртта на родилката Маја...

Македонија6 часа

Управниот одбор на ЗНМ едногласно го потврди Младен Чадиковски за нов претседател

Управниот одбор вчера на конститутивна седница едногласно донесе автентично толкување на одредбите од Статутот на ЗНМ, кои се однесуваат на...

Македонија6 часа

Патник од автобусот на смртта: Се враќаме дома со траума што никогаш нема да ја заборавиме

„Им благодариме на сите што ни помогнаа кога најмногу ни требаше. Се враќаме дома со траума што нема да ја...

Вести6 часа

Нов извештај: Русија со дезинформации на социјалните мрежи му помогнала на Трамп да победи

Два извештаја, подготвени за Сенатот на САД, покажуваат дека Русија во координирани кампањи му помогнала на Доналд Трамп да го...

Топ8 часа

ИОМ: 3.400 мигранти и бегалци ги загубиле животите во светот годинава

Миграцијата е многу значајно прашање на оваа ера. Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018...

Македонија8 часа

Забрана за тешки возила на Стража, Маврово-Дебар и Тетово-Попова Шапка

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот...

Регион18 часа

Вучиќ во ОН: Исплашен сум за иднината на народот во регионот

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва на седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации изјави дека е многу загрижен, а...

Македонија19 часа

Катја Матева: Илјадници Македонци живеат на бандера во Бугарија

Електрична бандера која се наоѓа во село во близина на Благоевград во Бугарија, била пријавена како адреса за живеалиште на...

Досие