Свет
Трамп побара од судот на Флорида Твитер да му го врати профилот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од федералниот судија во американската држава Флорида да му нареди на Твитер повторно да го активира неговиот профил, објави „Блумберг њуз“.
Во јули, Трамп ги тужеше Твитер, Фејсбук и Алфабет Гугл, како и нивните извршни директори, наведувајќи дека незаконски ги замолкнале конзервативните ставови.
Во жалбата се наведува дека социјалната мрежа го укинала неговиот профил под притисок на неговите политички ривали од Конгресот.
Неговите профили на водечките социјални мрежи беа поништени на почетокот на годината, а компаниите тврдеа дека тој ја прекршил нивната политика која забранува величење на насилството.
Стотици негови поддржувачи упаднаа во Конгресот на 6 јануари, откако Трамп тврдеше дека бил ограбен на изборите, што беше одбиено од судовите, претставници на изборната комисија и некои членови на неговата администрација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ковачевски-Новак: На Европа ѝ е потребна Северна Македонија

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак.
На состанокот е изразено очекување дека оваа посета ќе даде поттик за интензивирање на билатералните односи помеѓу двете држави, посебно што ова е прва посета на унгарски претседател на Северна Македонија во последниве 20 години.
Пренесена е јасна порака дека нашата држава може да смета на натамошната поддршка од Унгарија во европските интеграции.
Оценето е дека Република Северна Македонија ѝ е потребна на Европската Унија, во делот на безбедноста и стабилноста, и како држава којашто практикува европски вредности, и чијашто култура е посебна и европска и ќе го збогати европското семејство на народи, држави и култури.
Заеднички е оценето дека европските интеграции на Северна Македонија во Европската Унија се од национално и од стратешко значење, за нашата држава, но и за целиот Западен Балкан и на Европа и затоа е потребен фокус на сите политички субјекти во државата, кон реализацијата на оваа цел.
Ковачевски се заблагодари за гласната поддршка на Унгарија за европските перспективи на Република Северна Македонија, како и за поддршката на проширувањето на ЕУ, како најважна стратешка политика на Европската Унија.
Премиерот Ковачевски нагласи дека за Северна Македонија, зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е еден од врвните надворешно-политички приоритети на земјата и дека Владата е цврсто посветена на дијалогот како механизам за решавање на какви било отворени прашања. Тој посочи и на определеноста на Владата кон спроведување на реформите, што се одвива паралелно со тековното справување со предизвиците од глобалната економско-енергетска криза.
Во однос на претседавањето со ОБСЕ, премиерот Ковачевски изрази уверување дека Северна Македонија ќе придонесе во стабилноста и безбедноста на Европа, во контекст на актуелните случувања поради војната во Украина, при што државата е поставена стопроцентно на линија на надворешните политики на ЕУ.
На средбата е оценето дека Северна Македонија и Унгарија имаат добра соработка како НАТО членки, дека се бележи економската соработка со нагорен тренд, како и дека се гледаат можности за натамошен развој на трговските односи, инвестициите, енергетиката, образованието.
Премиерот Ковачевски изрази благодарност до унгарската претседателка Новак, за донациите и за споделената хуманитарна помош од Унгарија за време на пандемијата.
Регион
Загина турски голман во силниот земјотрес

Голманот Ахмет Ејтуп загина во земјотресот што го погоди регионот околу градот Газијантеп.
Голманот на Малатије е пронајден мртов по повеќечасовна потрага. Страшната вест ја потврдија од клубот.
Malatyaspor goalkeeper Ahmet Eyüp Türkaslan was sadly found under the rubble of the earthquake in Turkey. 🕊️
Our condolences go out to his family and loved ones and everyone effected by this awful tragedy. ❤️🙏 pic.twitter.com/KJLokFHDoV
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) February 6, 2023
„За жал, Ахмет Ејуп беше пронајден под урнатините на земјотресот во Турција. Изразуваме сочувство до неговото семејство, најблиските и сите погодени од оваа страшна трагедија“, соопштија од Малатија.
Медиумите објавија дека сопругата на Ејтуп била пронајдена и извлечена.
Свет
(Видео) Спасено петгодишно девојче, седум часа чекало помош под урнатините

Петгодишно девојче е спасено од урнатините седум часа по земјотресот, јавуваат турските медиуми.
Малата Ајсе живеела со своите мајка, татко и брат во шесткатница во градот Кахраманмараш. Кога земјотресот ја погоди областа, зградата се урна, а семејството остана заробено под урнатините.
Сите беа живи. Мајката, која е учителка, успеала да испрати групна порака до колегите и да повика помош. Потоа повеќето од нив отишле да му помогнат на семејството на својата колешка.
Мајката, таткото и синот биле спасени рано утрото, но не било лесно да се стигне до девојчето Ајса. Со неа можело да се разговара, а таа во еден момент рекла дека е добро.
Седум часа подоцна, малото девојче било извлечено од урнатините. Ја ставиле на носилка и ја однеле во брзата помош. Според локалните медиуми, таа цврсто го држела за рака својот татко цело време додека ја носеле во итната медицинска помош.
Веднаш по извлекувањето на девојчето дошло до новиот силен земјотрес, кој предизвикал паника и уривање на блиската зграда.
„Со свои раце ископавме за да ги извлечеме мајката, таткото и синот. А тоа го направивме и за малата Ајса. Успеавме да ја извлечеме. Штом слушнав што се случи, влеговме во автомобилот и побрзавме овде“, рече една вработена наставничка со мајката на Ајсе и која помогна во спасувањето.