Контакт

Свет

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот град на Велика Британија.

Неговите коментари следат по серијата напади во Лондон за помалку од 24 часа, во кои загинаа тројца мажи, а тројца други беа повредени.

Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, рече дека Трамп е “апсолутно ужасен”.
„Г-дин Трамп ја користел “трагедијата на луѓето кои беа убиени за да го нападне градоначалникот”.

Во одговор на обвинувањата на Трамп, портпаролката на градоначалникот Кан, напиша дека мислите на градоначалникот се со семејствата на жртвите и дека тој нема да го троши своето време одговарајќи на вакви твитови.

„За вакво насилство нема место во нашиот град. Нема поголем приоритет за мене од безбедноста на жителите на Лондон“ напиша Кан.

Во петокот, 18-годишно момче беше избодено до смрт во Вандсворт, јужно од Лондон, а само неколку минути подоцна, 19-годишно момче беше смртно застртелано во Пламстед, југоисточно од Лондон.

Маж на 30-тина години почина откако вчера беше избоден со нож во „Тауер Хамлет“. Исто така вчера двајца мажи беа избодени со нож во Клефам, а друг беше избоден во Брикстон.

Свет

Холандскиот апелационен суд ја одложи пресудата за златните артефакти од Крим

Објавено пред

Холандскиот апелационен суд во вторникот ја одложи својата пресуда за сопственоста на збирката на златни артефакти од Крим, која беше позајмена на холандскиот музеј во моментот кога Русија го презеде полуостровот од Украина во 2014 година, велејќи дека се потребни повеќе информации.

Долниот суд во 2016 година му нареди на Холандскиот музеј Алард Пирсон да му ги врати археолошките богатства, вклучувајќи ги и скапоцените камења, шлемови и носачи, во Украина.

Иако не донесе пресуда, апелациониот суд го отфрли образложението за претходната пресуда, која вели дека само суверени држави можат да бараат предмети како културно наследство.

Апелациониот суд соопшти дека четирите кримски музеи што ја позајмиле колекцијата во музејот во Амстердам во 2013 година, исто така, би можеле да бараат сопственост, бидејќи тие биле назначени како чувари на предметите од страна на Украина.

Музејот Алард Пирсон соопшти дека ќе ги задржи предметите додека не се решат сите жалби.

Прикажи повеќе...

Свет

Во поплавите во Непал загинале речиси 80 луѓе, на милиони им е потребна помош

Објавено пред

Најмалку 78 луѓе загинале во монсунските дождови и поплави во Непал. Во сојузната индиска држава Асам, пак, загинале најмалку 19 луѓе, а над 4 милиони имаат потреба од итна помош, предупредуваат властите.

Американските медиуми јавуваат дека повеќе од 40.000 непалски војници и полицајци им доставуваат храна, шатори и лекови на илјадниците луѓе погодени од поплавите.

Според процените, најмалку 32 лица во Непал се водат за исчезнати. Во индиската држава Асам повеќе од 85.000 лица спас нашле во некое од 187-те државни засолништа.

Поплавите го уништија и патот на границата меѓу Асам и Бангладеш, а од индиска страна поплавени се 70 села.

Во Бангладеш, пак, од саботата досега од удари на гром загинале најмалку 12 лица, главно земјоделци.

Прикажи повеќе...

Европа

На листата на УНЕСКО и чешко ергeле старо 440 години

Објавено пред

Чешко ергeле коњи во Кладруба на Лаба, основано пред 440 години, влезе во Светското културно наследство на УНЕСКО, со што се призна значењето на оваа повеќевековна традиција.

Ергелето официјално почнало да работи во 1579 година кога Рудолф II од хабсбуршката династија ѝ доделил царски статус на фармата основана од татко му, царот Максимилијан II.

Таа е основана за одгледување и тренинг на кладрубери, редок вид коњи, еден од најстарите во светот, објави АП.

Ергелето во 2015 година беше реновирано од фондовите на Европската Унија.

Ова е првото ергеле што се најде на листата на УНЕСКО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ вели дека сите одлуки и списи кои излегувале од Специјалното...

Македонија26 минути

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Македонија56 минути

Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија2 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија4 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет5 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет5 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион5 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет6 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија7 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа7 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија15 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија16 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија17 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија17 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион20 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија22 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија23 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија1 ден

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Досие