Контакт

Свет

Трамп по средбата со разузнавачките челници изјави дека хакирањата не влијаеле врз изборите

Објавено пред

Избраниот американски претседател Доналд Трамп, во петокот неколку часа откако Конгресот му ја потврди изборната победа, по средбата со челниците на американските разузнавачки агенции во неговото седиште во Њујорк, изјави дека на резултатите од претседателските избори на 8-ми ноември на кои ја порази демократската кандидатка Хилари Клинтон не влијаело никакво хакирање, откако администрацијата на неговиот претходник Барак Обама и од неа именуваните разузнавачки шефови ја обвинија Русија.

dobivaj vesti na viber

„Иако Русија, Кина и други земји, како и групи и поединци однадвор постојано се обидуваат да продрат во информатичката структура на институциите на нашите власти, нашите компании и организации како Демократската партија, тоа ама баш никако не влијаело на исходот од изборите, ниту имало манипулирање со електронското гласање“, изјави Доналд Трамп во соопштението издадено по средбата со разузнавачките челници.

Трамп го издаде соопштението откако ги добил информациите од разузнавачките челници за нивните заклучоци кои ги објавија првпат во октомври дека руската влада ги наредила кибернетичките напади кои ги посрамија демократите, алудирајќи дека Кремљ им помогнал на Трамп и на други републиканци на ноемвриските избори.

Русија последните седмици воопшто не одговара на ваквите наводи, откако претходно во неколку наврти категорично ги отфрли обвинувањата тврдејќи дека тие се темелат на произволни оцени и се без основа и докази.

За разлика од челниците на разузнавачките служби кои официјално ја обвинуваат Москва, Трамп конкретно не ја обвини Русија за информатичките напади врз системите на Демократската партија и на блискиот соработник на Хилари Клинтон.

„Имаше обиди за хакирање на Републиканската партија, но таа постави силна одбрана против хакирањата и хакерите не успеаја“, додаде Трамп.

Републиканскиот претседател кој должноста ќе ја преземе на 20-ти јануари, вети и план за сузбивање на информатичките напади во првите 90 дена од својот мандат.

Претходно во петокот Трамп, пред средбата со разузнавачките челници, ги отфрли контроверзиите околу наводното руско хакирање во текот на кампањата за претседателските избори нарекувајќи ги „лов на вештерки“, објави весникот The New York Times.

„Кина релативно неодамна хакираше 20 милиони владини имиња. Како тоа никој да не зборува за ова? Ове е политички лов на вештери“, изјавил Трамп во телефонскиот разговор за The New York Times.

„Не сакам другите држави да ја хакираат нашата држава“, додал Трамп и заклучил дека се „хакирани Белата куќа и конгресот“ и дека САД се „престолнината на хакирањето во светот“.

„Методите, алатите и тактиките со кои се служиме за да ја заштитиме Америка не смееме да ги откриваме, бидејќи тоа би им помогнало на оние кои сакаат да ни наштетат“, рекол Трамп./крај/мф/сн

Свет

(Видео) Гробницата на таткото на Асад во пламен, бунтовниците го извлекоа ковчегот и го запалија

Објавено пред

На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии на кои се гледаат бунтовнички борци како стојат до запалениот гроб на починатиот сириски претседател Хафез ал-Асад.

dobivaj vesti na viber

Бунтовниците го извлекле ковчегот и го запалиле. АФП пренесува дека бунтовниците во униформи, како и локални жители, гледале како ковчегот гори.

Хафез ал-Асад владееше со Сирија три децении. Тој почина од срцев удар во 2000 година и беше погребан во мавзолеј во неговото родно село Караха.

На функцијата претседател го наследи неговиот син Башар, кој беше сменет минатиот викенд.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Си-ен-ен влезе во палатата и во гаражата на Асад: „ферари“, „ламборгини“…

Објавено пред

Репортерката на Си-ен-ен, Клариса Вард, го открива луксузниот живот што го живеела династијата Асад.

dobivaj vesti na viber

Палатата беше заземена од бунтовничките сили откако поранешниот претседател побегна во Русија.

Сиријците се собираат пред палатата на Башар ал-Асад во Дамаск да се фотографираат и да го прослават неговото соборување. Граѓаните не смеат да влезат во пространиот комплекс, чиј двор е поголем од една градска четвртина.

Куршуми, испукани од бунтовниците за време на прославата кога ја презедоа контролата, сè уште може да се најдат насекаде на теренот.

На самиот влез распослано е иранско знаме за да може луѓето да газат по него. Иран му беше најлојален сојузник на Башар ал-Асад.

Еден бунтовник побарал од новинарката да стави шамија. Новинарката на Си-ен-ен вели дека тоа е првпат откако стигнале таму некој да побара да си ја покрие косата.

„Стоењето во оваа палата по речиси 14 години сурова граѓанска војна е горд момент што ја заокружува сеизмичката победа“, вели новинарката.

Бунтовниците сакале да нагласат дека не ја ограбиле палатата кога првпат влегле. На прозорците се гледа графитот на првите бунтовници: „Алах да ја проколне душата на Хафез ал-Асад“. Хафез ал-Асад беше татко на Башар.

Кога ќе ги гледате овие тавани, лустери, мермер и сите овие детали, можете да ги видите изобилството и богатството, луксузниот начин на живеење на семејството Асад, што предизвика толкаво негодување кај многу Сиријци што се бореле да преживеат со децении, вели новинарката.

Во гаражата има многу луксузни автомобили, „ферари“, „ламборгини“.

Прикажи повеќе...

Свет

Лебот во Алепо поскапе 900 отсто

Објавено пред

Со падот на претседателството на Башар ал-Асад хуманитарната ситуација во Сирија останува нестабилна, соопштија Обединетите нации.

dobivaj vesti na viber

Болниците во Сирија се преполни со голем број пациенти со тешки повреди и трауми, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Многу луѓе страдаат од огромен психолошки стрес, а особено децата покажуваат знаци на траума, објави во вторникот OCHA.

Во многу големи градови, како што е главниот град Дамаск, има недостиг од храна. Од почетокот на офанзивата на бунтовниците цената на лебот во градовите како Идлиб и Алепо се зголеми 900 отсто.

ОН проценуваат дека од почетокот на офанзивата на бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) околу еден милион луѓе се раселени во Сирија. Продолжува движењето на бегалците, се наведува.

OCHA предупреди на мински полиња, кои ги ограничуваат движењето на луѓето и испораката на стоки. Во изминатите 10 дена во државата се идентификувани најмалку 52 мински полиња.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Притвор за Васко Стефанов и уште седум лица, за Ковачевски кој не е во земјава судот определи мерки на претпазливост

Кривичниот суд донесе решенија со кои на осум лица им е определен притвор, во врска со полициската акција „Адитив“. Меѓу...

Македонија1 час

Ахмети не се откажува од Груби, вели дека ако се докаже вина, Артан самиот ќе се повлече од партијата бидејќи е совесен

Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, не планира да го отстрани од партијата свјот најблизиок соработник Артан...

Македонија2 часа

Одложена одлуката за Законот за јазиците, Костадиновски уверува дека нема да дозволи судот да биде уценуван

Првин ќе се слушне мислењето на експертите, а потоа ќе се одлучува за Законот за употреба на јазиците. Уставниот суд...

Македонија2 часа

Oбвинителството оформи предмет за Груби и за судијата Беџети, кои се на црната листа на САД

Обвинителството оформи предмет со кој се опфатени поранешниот прв вицепремиер Артан Губи и судијата Енвер Беџети, кои се ставени на...

Македонија4 часа

Ковачевски не е достапен за полицијата и не се откажал од македонското државјанство, рече министерот Тошковски

Поранешниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, е недостапен за полицијата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски,...

Македонија4 часа

Моноетничките седници секогаш биле најава за лоши периоди во мултиетничка држава, стражата на јазикот продолжува, порача Османи пред Уставниот суд

Осуда на продолжувањето на седницата на Уставниот суд изрази потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. „Апсолутно е недозволено во мултиетничка држава...

Македонија4 часа

Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници, пакетчињата за деца под посебен мониторинг

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување засилени вонредни контроли кај...

Македонија5 часа

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици спроведен во Кривичниот суд

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете утрово беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден од...

Топ6 часа

(Видео) Пронајдени над четири килограми дрога при претрес во Драчево

Синоќа во 21.35 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР...

Македонија7 часа

Неотворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Македонскиот судско-обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. Она што ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период го зборува почна на...

Македонија7 часа

Уставниот суд да не потпаѓа под политички притисоци и да одлучува единствено во согласност со Уставот, бара СДСМ

„Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, мора да донесува одлуки кои се правно и...

Македонија8 часа

Најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било на Попова Шапка кадешто се измерени -4 степени, -1 било во Лазарополе, 0 степени се измерени во...

Европа8 часа

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во рускиот воздушен напад врз Запорожје

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад кој вчера уништи клиника во украинскиот град Запорожје се искачи на шест, додека...

Свет9 часа

(Видео) Израелските сили извршија речиси 480 напади во изминатите два дена врз Сирија

Падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија предизвика интензивен израелски воен одговор, вклучувајќи воздушни и копнени операции низ...

Свет9 часа

Полицијата упадна во канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја, поранешен министер се обиде да се самоубие

Полицијата во Јужна Кореја изврши рација во претседателската канцеларија во Сеул, по неуспешниот обид на претседателот Јун Сук Јеол да...

Европа10 часа

(Видео) Русија: Го транспортиравме Асад на најбезбеден начин

Русија го транспортираше Башар ал Асад, кој беше соборен со молскавична офанзива од позицијата на претседател на Сирија, на „најбезбеден...

Свет10 часа

Новиот сириски премиер: Време е луѓето да уживаат во стабилност и мир

Новиот премиер задолжен за транзицијата во Сирија, Мохамад ал-Башир, во интервју за Ал Џезира вети стабилност и мир на сирискиот...

Македонија21 час

„Тие што треба да не штитат, не трујат со наши пари“: Граѓаните со протестен марш против загадувањето

Со протестен марш, кој започна пред Министерството за животна средина, попладнево иницијативата „Зелен хуман град“ заедно со други граѓански организации...

Македонија23 часа

Под истрага 23 лица во акцијата „Адитив“

По двонеделна предистражна постапка што започна да се спроведува од 21.11.2024 година кога предметот е доставен на надлежно постапување на...

Македонија1 ден

За Мицкоски, ДУИ е политички глодач: Знаат дека утре ништо нема да се случи со Законот за јазиците, но ќе излезат и ќе кажат дека поради нивниот притисок, сè е одложено

На членовите на Демократската унија за интеграции им е многу јасно дека утре не може ништо да се случи со...