Контакт

Свет

Трамп праша 7-годишно дете: ,,Дали сѐ уште веруваш во Дедо Мраз?”

Објавено пред

На која возраст децата размислуваат дали навистина постои Дедо Мраз? Ова би сакал да го дознае американскиот претседател, Доналд Трамп, кој на бадниковата вечер во телефонски разговор со седумгодишното момче Колман му го постави токму тоа прашање.

,,Дали сѐ уште веруваш во Дедо Мраз? Бидејќи на седум години, тоа е маргинално, нели?” го праша Трамп детето.

Одговорот на Колман го остави Трамп со насмевка на лицето, иако медиумите не дознаа што малото момче му одговори на претседателот.

Разговорот се случи вчера попладне, кога претседателот и првата дама Меланија Трамп зборуваа на одделни телефони со деца чии повици упатени до линијата за следењето на Дедо Мраз беа проследени до Белата куќа.

Седнат со сопругата покрај каминот меѓу две новогодишни елки, претседателот Трамп му посака на младиот Колман и на неговото семејство среќен Божик.

Меланија Трамп на „Твитер“ изјави дека помагањето на децата да го следат Дедо Мраз станува една од нејзините омилени традиции. Трамп и Меланија и минатата година одговараа на повиците на децата кои ги искажуваат своите желби за Божик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Заложничка драма во банка во Германија: хеликоптери над градот

Објавено пред

Заложничката криза се одвива утрово во германскиот град Зинциг, во филијала на банката „Фолксбанк“, каде што се распоредени специјални полициски единици, додека хеликоптери летаат над градот.

Според германскиот „Билд“, драмата трае од девет часот наутро, а целиот центар на градот е блокиран.

Според медиумите, инцидентот започнал кога возило за транспорт на пари пристигнало пред банката. Еден од вработените излегол од оклопниот камион за да влезе во банката, по што непознат маж го пресретнал и му се заканил.

Портпаролот на полицијата изјавил дека се верува дека во банката има неколку напаѓачи и заложници, а меѓу заложниците наводно е и возачот на оклопно возило за транспорт на пари. Според достапните информации, киднаперот и еден вработен се во трезорот на банката.

Полицијата сè уште не објавила точно колку луѓе се во банката или дали напаѓачите се вооружени. Германските медиуми јавуваат дека на социјалните мрежи циркулираат информации дека некои од осомничените можеби избегале, но полицијата не го потврдила ова.

Се апелира до граѓаните да не шират непроверени информации и гласини на социјалните мрежи. Полицијата тврди дека засега нема опасност за жителите надвор од блокираната област.

Прикажи повеќе...

Свет

Крузерот со патници заразени со хантавирус се закотви на Канарските Острови: пријавен е нов случај

Објавено пред

Администрацијата за безбедност и здравје на Велика Британија (UKHSA) пријави нов сомнителен случај на хантавирус кај британски државјанин, трет таков случај поврзан со патници на крузерот MV Hondius. Новиот случај е регистриран на јужноатлантскиот остров Тристан да Куња, каде што патниците на крузерот се истоварија минатиот месец, објавува „Sky News“.

Двајца Британци се хоспитализирани, двајца во самоизолација
Покрај новиот сомнителен случај, претходно се потврдени две инфекции кај британски државјани. Еден патник, 69-годишен маж, беше префрлен во Јужна Африка на 27 април, каде што се лекува во приватна болница во Јоханесбург. Другиот Британец, 56-годишниот Мартин Ансти, беше истоварен од бродот во среда и префрлен во Холандија на специјалистичко лекување.

Двајца други британски државјани се вратија во Велика Британија сами и се самоизолираат дома, но не покажуваат симптоми. „Ниту еден од британските државјани на бродот во моментов не пријавува симптоми, но внимателно се следи“, соопшти здравствената агенција.

Министерот за прекуокеански територии, Стивен Доути, изрази загриженост за епидемијата.

„Моите мисли се со жител на островот кој моментално е во болница, како и со неговата сопруга која е во самоизолација. Исто така, разбирам дека четворица островјани кои патувале на бродот моментално се на Света Елена“, рече Доути.

Сепак, министерот не потврди дека лицето кое било заразено е британски државјанин, додека UKHSA претходно соопшти дека новиот сомнителен случај е британски државјанин на островот, пренесуваат медиумите.

Бродот пристигнува на Канарските Острови со мерки на претпазливост
На Канарските Острови се води дебата за тоа дали на крузерот MV Hondius треба да му се дозволи да се закотви. Шефицата на шпанските служби за итни случаи, Вирџинија Барконес, се обиде да ги минимизира загриженостите за ризикот што го претставува бродот. „Ќе се закотви во целосно изолирана, оградена област“, ​​рече Барконес.

Таа, исто така, потврди дека САД се согласиле да испратат авион на Канарските Острови за да ги репатрираат своите 17 граѓани од бродот, а претходно и Обединетото Кралство објави планови за враќање на своите граѓани. Сепак, некои локални жители изразија незадоволство од пристигнувањето на бродот, верувајќи дека шпанската влада ги принудува да го прифатат.

Прикажи повеќе...

Свет

Лавров: Русија безмилосно ќе одговори на заканите

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес предупреди дека Русија ќе се „одмазди безмилосно“ ако, како што изјави, „нацистичките сили“ се обидат да се заканат или да го нарушат прославувањето на Денот на победата во Русија.

За време на церемонијата на положување венец во зградата на Министерството за надворешни работи во Москва, Лавров оцени дека современите безбедносни и политички околности во Европа бараат, како што рече, „идеолошка и практична борба против нацизмот“, објави ТАСС.

Тој предупреди на, како што тврди, обидите за „ревидирање на историјата и исходот од Втората светска војна“ и изјави дека во некои европски политички кругови има повици за повторување на историските модели кои, според него, се поврзани со нацистичка Германија.

„Знам дека се одржуваат настани во странство, вклучително и во земји со неповолни услови – Бесмртниот полк во различни формати и други настани кои секоја година го привлекуваат вниманието на земјите домаќини на нашите дипломати кон фактот дека овој подвиг никогаш нема да исчезне од нашето сеќавање. А нацизмот, без разлика во каква форма се прероди, ќе биде поразен“, рече Лавров.

Рускиот министер се осврна и на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за зајакнување на германските вооружени сили и амбицијата повторно да станат најсилни во Европа, и ги оцени како „зачудувачки“.

Тој, исто така, ги критикуваше „пошироките трендови“ во рамките на Европската Унија и западните структури, тврдејќи дека одредени политики во Брисел поттикнуваат „реваншистички тенденции“ и ги влошуваат односите во Европа, пренесува Танјуг.

Зборувајќи за војната во Украина, Лавров го повтори ставот на Москва дека, како што рече, целите се „денацификација“ и отстранување на безбедносните закани од територијата на Украина, со обвинувања дека Западот го користи Киев како инструмент за притисок врз Русија.

Тој заклучи дека Русија ќе одговори на сите безбедносни закани што доаѓаат од украинска територија и повтори дека, според него, „нема да има милост“ за оние што ги загрозуваат руските интереси. „Сакам да кажам со сета искреност и со сета одговорност: ако она што го прават оживеаните нацисти на Запад преку Украина е она што го прават сега, нема да има милост за нив“, нагласи Лавров.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Поднесено обвинение за обезбедувачот на Мицкоски кој ја давеше сопругата

Обвинителството поднесе обвинение за телесна повреда против обезбедувачот на премиерот, Христијан Мицкоски, кој ја нападна неговата сопруга. Според наводите во...

Топ3 минути

(Видео) Нема Македонец ниту како патник ниту како член на екипажот на крузерот со хантавирус, Андонова вели граѓаните да бидат спокојни

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е подготвен да дијагностицира пациенти заразени со хантавирусот кој е откриен на крузерот во Јужен...

Економија32 минути

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем, предлагаме интервентни мерки за стабилизација

Постоечкиот електроенергетски систем не е подготвен да се справи со зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици, велат од Левица....

Спорт35 минути

ПСЖ ќе им обезбеди на вработените бесплатен превоз и билети за финалето на ЛШ

Претседателот на шампионите на Европа повторно одлучи да ги награди сите вработени во ПСЖ. Париз Сен Жермен ќе им обезбеди...

Црна хроника36 минути

Измамена велешанка: преку СМС добила порака за сторен сообраќаен прекршок

Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријавила дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното,...

Црна хроника39 минути

Со картичка и полномошното на покојниот сопруг подигала пари од банкомат: кривична за делчевка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од Делчево. Таа се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија45 минути

Мисајловски: Како НАТО членка нашата амбиција е да бидеме уште поактивно вклучени во европските одбранбени иницијативи

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор...

Црна хроника45 минути

Допирал по телото малолетничка: уапсен 79-годишен скопјанец

Синоќа во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(79) од Скопје. Полицијата постапила...

Култура47 минути

Започна шестото издание на Скопскиот поетски фестивал

Со оддавање почит на поетот Тихомир Јанчовски и читање песни во негова чест, синоќа во 20:00 часот во Младинскиот културен...