Контакт

Свет

Трамп предлага да се сретнат со Ким на границата меѓу двете Кореи

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи селото Панмунџом, на границата помеѓу Северна и Јужна Кореја, да биде местото каде што ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.

„Зарем Куќата на мирот, на границата помеѓу Северна и Јужна Кореја не би била порепрезентативно и значајно место за средба, за разлика од некои трети земји? Само прашувам“, напиша Трамп на неговиот профил на „Твитер“.

Тој наведе дека се разгледуваат повеќе опции при изборот за локација на којашто би се одржала средбата.

Во врска со претстојниот самит најавен за јуни, Трамп викендов оцени дека подготовките се одвиваат добро.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Уапсен поранешен српски фудбалер во Шпанија, осомничен дека бил водач на наркоклан

Објавено пред

Шпанската полиција го уапси поранешниот српски фудбалер Стефан Милоевиќ, син на некогашниот фудбалер Горан Милоевиќ, објави „Б92“. Тој е осомничен дека бил водач на наркокланот „Јунајтед трибјунс“.

Освен Милоевиќ, уапсени се уште 15-ина лица, кои се доведуваат во врска со кланот.

Во акцијата против трговија со дрога и организираниот криминал шпанската полиција, во соработка со Европол, извршила 18 претреси во Палма де Мајорка, Тарагона, Валенсија и Барселона, а особено на удар биле дилерите на дрога и осомничени лица дека ги контролираат ноќниот живот и борделите на овие актрактивни дестинации.

Прикажи повеќе...

Европа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Објавено пред

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да го смени даночниот систем.

„Поради демонстрации, затворена е изложбата посветена на 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи“, соопштија од „Лувр“.

Меѓу демонстрантите, кои одговорија на повикот од повеќе синдикати, имало и вработени во музејот.

Демонстрантите извикувале „Мона Лиза штрајкува“, „Леонардо штрајкува“.

„Лувр“ секојдневно го посетуваат речиси 30.000 луѓе, а ова е првпат од 5 декември, кога почнаа протестите, музејот да биде затворен.

Демонстрациите го нарушија работењето на јавниот превоз, училиштата, болниците, судовите, па дури и на Ајфеловата кула.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Мештани претепале дилери што на децата им продавале дрога во вид на бонбони

Објавено пред

Снимките од бруталното претепување на две лица од Русија, кои наводно биле локални дилери на дрога, кружат на социјалните мрежи.

Тие биле претепани од мештаните на  рускиот град Барнаул минатата година кога биле фатени како на децата им нудат дрога во вид на бонбони, се наведува во описот на видеото.

Инцидентот, наводно, се случил откако група дилери им понудиле екстази и спид во вид на гума за џвакање и бонбони на учениците од нижите одделенија на основното училиште.

Според описот на видеото, момчето и девојката, наводни дилери, потоа биле претепани од постари мештани, пренесува „Независне новине“.

Тие ги натерале да клекнат во снегот, да ги соблечат горните делови од облеката, а потоа брутално ги претепале со палка. Не е познато дали по овој настан дилерите биле уапсени, но и оние што ги тепале.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ60 минути

Скопјанец чувал марихуана во куќата на својот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни...

Македонија3 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Економија3 часа

(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа...

Интервју/Дебата4 часа

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години...

Македонија7 часа

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Од банката велат дека вработените и сите клиенти...

Регион7 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ8 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет8 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија9 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија9 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет10 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион10 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет10 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет11 час

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион11 час

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет1 ден

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија1 ден

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа1 ден

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ1 ден

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Македонија1 ден

Шкријељ: Нема да дозволиме граѓаните поради предизборни препукувања да останат без нивните права

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска на прес-конференција во Владата повика на конструктивност и соработка со...

Досие