Контакт

Свет

Трамп: САД треба да го рефинансираат својот долг

Објавено пред

Федералните резерви на САД (ФЕД) треба да ги намалат каматните стапки на нула или помалку со цел државата да почне да го рефинансира својот долг, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

„Каматните трошоци може значително да се намалат, а во исто време значително да се продолжи периодот на отплата. Имаме голема валута, моќ и биланс на состојбата”, напиша Трамп на „Твитер“.

Според него, САД секогаш треба да плаќаат најниска стапка. Трамп исто така даде нов предлог, а тоа е дека државата треба да го рефинансира својот долг. Јавниот долг на САД во моментов е 22,5 билиони американски долари.

Европа

Паника на аеродромот во Манчестер поради сомнителен пакет

Објавено пред

На аеродромот во Манчестер бил забележан сомнителен пакет, поради што биле ангажирани членови на екипа за отстранување бомби, соопшти полицијата, додавајќи дека еден човек е уапсен.

Полицијата обезбедила дел од аеродромот каде што бил забележан сомнителниот пакет.

Од полицијата исто така соопштија дека е запрен сообраќајот на трамваите, возовите и автобусите што одат до самиот аеродром, пренесе „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Џонсон: Веруваме дека Техеран е одговорен за нападите врз саудиските рафинерии

Објавено пред

Велика Британија верува дека Иран е одговорен за нападите врз саудиските нафтени постројки и ќе работи со американските и европските сојузници на заеднички одговор, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

„Со многу висок степен на веројатност, Велика Британија му припишува одговорност на Иран за нападите врз ‘Арамко’“, им рече Џонсон на новинарите за време на летот за Њујорк каде што ќе присуствува на Генералното собрание на ООН.

Велика Британија „ќе соработува со американски и европски пријатели на одговор кој ќе биде насочен кон деескалирање на тензиите во Заливот“, рече Џонсон.

На прашањето дали Велика Британија ќе ја отфрли можноста за воена акција, Џонсон одговори дека неговата земја внимателно ќе ги следи американските предлози за да направат повеќе за одбрана на Саудиска Арабија.

Џонсон рече дека ќе разговара за иранските активности во регионот со иранскиот претседател Хасан Рохани во Њујорк.

Соединетите Држави и Саудиска Арабија, исто така, го сметаат Иран за одговорен за нападите на 14 септември, за кои одговорноста ја презеде бунтовничкото движењето на Хутите.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Американка му ги мачкала непцата на бебето со хероин за да го успие, и тоа починало

Објавено пред

Американка од сојузната држава Мејн е обвинета за убиство на својата ќерка затоа што наводно повеќепати му давала на едногодишното дете мали дози  хероин за да спие подобро, а бебето починало кратко потоа, според „Њујорк пост“.

Кимберли Нелиган (33) е обвинета дека 15 пати ставала хероин на непцата на своето дете во период од два месеца пред тоа да почине на 10 октомври 2018 година. Таа беше уапсена минатата недела во вторникот, бидејќи медицинските иследници утврдија дека бебето починало од акутна фентанилна интоксикација.

Фентанил е моќен синтетички опиоид кој се пропишува против болки, за кој експертите велат дека е приближно 50 до 100 пати посилен од морфиумот. На нелегалниот пазар, оваа дрога често се меша со хероин за да ги зголеми еуфоричните ефекти на корисниците.

На почетокот на полициската истрага Нелиган негирала употреба на хероин, но подоцна, наводно, признала дека два месеца пред да почине нејзината ќерка користела дрога двапати неделно за да ја смири. Нејзиниот сопруг сведочел дека 15-ина пати видел дека таа мачка хероин на непцата на бебето, бидејќи бебето имало проблеми со спиењето.

Мајката, наводно, му објаснила на својот сопруг дека давањето хероин на деца е вообичаена практика и дека тоа го правела и со другите две деца кога биле мали.

Кимберли Нелиган во моментов е на условна казна, односно се брани одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Адвокатот на Мијалков побара специјален обвинител на предметот за масовното прислушување

Адвоктот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, пред почетокот на денешното судско рочиште за предметот за масовното...

Македонија59 минути

Верушевски се појави во судница, ќе сведочи за масовното прислушување

Ексразузнавачот и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски, утрово се појави во Кривичниот суд во Скопје...

Македонија1 час

Осум вонпарламентарни партии со шест барања за Изборниот законик

Осум вонпарламентарни партии – Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица, МААК, Подем, Работничка земјоделска партија, ТМРО и ФРОДЕМ изнесуваат шест...

Македонија2 часа

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Премиерот Зоран Заев во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан...

Регион2 часа

Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија

Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста...

Македонија3 часа

Заев на Генералното собрание на ОН, планирана е и средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на...

Македонија3 часа

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан...

Свет3 часа

Јужна Кореја: 26 лица лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27...

Свет3 часа

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет14 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт17 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион20 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија23 часа

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион24 часа

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ1 ден

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа1 ден

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура1 ден

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ2 дена

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ2 дена

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Досие