Контакт

Свет

Трамп сака на мигрантите да им забрани влез во САД преку јужната граница

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, размислува за план за забрана на влез на мигранти во САД преку границата со Мексико, а исто така и да им го скрати правото на азил, пренесува „Вашингтон пост“.

За карванот на мигранти од Средна Америка, кои патуваат низ Мексико кон САД, Белата куќа размислува дали да им ја затвори границата и да им ја скрати можноста за барање азил, наведува „Вашингтон пост“ повикувајќи се на неименувани официјални лица.

Трамп објави дека ќе испрати воени трупи на американско-мексиканската граница, а мигрантите од карваните од Централна Америка го продолжуваат патувањето низ Мексико.

„Јас ќе ја искористам армијата за оваа национална итна ситуација. Тие ќе бидат запрени“, напиша американскиот претседател на својот твитер-профил мислејќи на мигрантите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Невреме во Загреб, пожар во две куќи поради удар на гром

Објавено пред

Во Загреб денес имало силно невреме проследено со дожд и грмежи, а во две куќи избувнал пожар поради удар на гром.

„Индекс.хр“ наведува дека напладне црни облаци се појавиле над Загреб, а потоа молњи го зафатиле небото над поголемиот дел од хрватската престолнина.

Požar u Ježdovcu…

Posted by Vatrogasna postrojba Zagreb on Четврток, 22 август 2019

Пожарникарите ги гаснат пожарите што избувнале во две куќи по ударот на гром, а „Јутарњи“ вели дека едно дрво се срушило во центарот на Загреб.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Претседателот на парламентот на Нов Зеланд го нахрани бебетo на еден од пратениците

Објавено пред

Претседателот на парламентот во Нов Зеланд, Тревор Малард, денес хранеше шестнеделно бебе, син на еден од пратениците, и тоа додека траеше дебатата за цената на горивата.

Малард повика на ред во парламентот додека го држеше Тутанекаи, син на пратеникот Тамати Кофи и неговиот сопруг, а кој им го роди сурогат-мајка минатиот месец, пренесува АП.

Претседателот се понудил да му го држи бебето на пратеникот додека зборува.

„Има моменти кога можам да бидам корисен“, рече Малард за „Ројтерс“ додавајќи дека се обидува да им помогне на пратениците со деца кога и да има можност.

Прикажи повеќе...

Регион

Мигрант од Ирак го прегази воз во Грција додека спиел на шините

Објавено пред

Грчката полиција го пронајде телото на мигрантот од Ирак кој го прегази воз во близина на турската граница.

Полицијата соопшти дека мигрантот, најверојатно, заспал на шините. Другиот мигрант од Ирак, кој успеа да избега и да се спаси навреме, во полицијата изјави дека човекот што загинал спиел на шините.

Сето тоа се случило вчера во близина на селото Апалос, недалеку од Александрополис, на североистокот на земјата, пренесува АП.

Преживеаниот мигрант ѝ рекол на полицијата дека двајцата влегле во Грција преку копнената граница со Турција.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Маскирани мажи нападнале гости додека гледале фудбал во кафуле во Хрватска, петмина повредени

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн, го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена звезда“ кога група...

Топ3 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ4 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија5 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија5 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија6 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет6 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија7 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа7 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија18 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија19 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион20 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија21 час

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија22 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија22 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија23 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија1 ден

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Досие