Контакт

Вести

Трамп се согласува со барањето на Флин за имунитет

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржа во петокот поддршката на својот поранешен советник за национална безбедност, пензионираниот генерал Мајкл Флин, да побара имунитет од кривичен прогон во замена за сведочење во истрагата на Конгресот за можни врски меѓу кампањата на Трамп и руската влада.

Мајкл Флин бара заштита од „неправеден прогон“, доколку сведочи пред комитетите за разузнавање на Сенатот и на Претставничкиот дом, изјави во четвртокот неговиот адвокат Роберт Келнер.

„Мајкл Флин би требало да бара имунитет, бидејќи ова е лов на вештерки (изговор за големиот изборен пораз) на медиумите и демократите, од историски размери!“, напиша претседателот Доналд Трамп на Twitter.

Сенаторот Ангус Кинг, член на сенатскиот Комитет за разузнавачката заедница, рече дека прерано за тоа да се разговара. Флин барањето го поднел пред десетина ден, изјави за Reuters неименуван владин функционер.

Сведочењето на Флин би можело да ги разјасни разговорите кои минатата година ги водел со рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кислјак, додека бил советник во кампањата на Трамп.

Флин во февруари беше принуден да поднесе оставка, бидејќи не информирал дека наводно со Кислјак разговарал за американските санкции против Русија и за тоа не го информирал потпретседателот Мајкл Пенс, што се случило пред Трамп официјални да ја преземе должноста.

Предлози за нормализирање на односите меѓу Украина и Русија, како и укинување на антируските санкции, му биле презентирани на почетокот од февруари на Мајкл Флин, сега веќе поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, пишуваше последната седмица од февруари весникот The New York Times.

Како што тврди весникот, главната улога во разработувањето на споменатиот план ја одиграл украинскиот пратеник Андреј Артеменко. За доставувањето до Мајкл Флин на документот, во којшто особено биле укажани податоци за вклученост на украинскиот претседател Петро Порошенко во корупција, Артеменко наводно се договарал со претприемачот Феликс Сетер, кој од претходно имал деловни врски со Трамп, како и со неговиот правен консултант Мајкл Коен. Наводно, тој лично му ги доставил предлозите на Флин.

Една седмица пред Флин да поднесе оставка на должноста помошник за национална безбедност, во неговиот кабинет бил доставен запечатен предлог за тоа како претседателот Доналд Трамп би можел да ги укине санкциите против Русија, пишуваше The New York Times.

Претседателот Трамп ја прифати оставката на Флин на 13-ти февруари. Тогаш пензионираниот безбедносен генерал Мајкл Флин, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, замина само по четири дена на должноста, бидејќи се откриени неговите разговори со Руси.

Сега се знае дека Федералното биро за истраги (FBI) и Агенцијата за национална безбедност (NSA), активно ги прислушувале телефонските повици и ги читале СМС-пораките коишто му се испраќани на рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кислјак, од страна на Флин.

Флин во тој период не беше државен функционер, нему демократски претседател Барак Обама во 2014 година му даде отказ од функцијата директор на воената Одбранбена разузнавачка агенција (DIA) по поплаките околу неговиот начин на раководење.

Не е утврдено дали Мајкл Флин и рускиот амбасадор Сереј Кислјак, кој подоцна присуствуваше на инаугурацијата на Доналд Трамп на 20-ти јануари, расправале за споменатите санкции. Американскиот закон од XVIII век, познат како „Логан Акт“, им забранува на неовластени американски граѓани да преговараат со странски влади кои се во спор или судир со САД. За споменатите телефонски разговори први извести колумнистот на Тhe Washington Post, Дејвид Игнатиус.

Во овој случај постоеле три серии меѓу комуникации меѓу Флин и Кислјак, од кои барем една е текстуална порака. Првата била на 18-ти декември, а последната на 30-ти декември, ден откако се наметнати санкциите против личности кои рускиот амбасадор ги познава, всушност според Американците шпиони коишто се претставувале како дипломати.

Потоа, тука е политичкиот контекст: САД сакале да знаат поради што Русија одлучила дека нема да донесе противмерки за санкциите, кои се насочени и кон девет личности и двете разузнавачки организации, пишуваше во својот осврт на овој случај претходно американскиот магазин Foreign Policy./крај/мф/сн

Вести

Болниците во Белгија преполни, бараат помош од Германија

Објавено пред

Белгија побара од Германија да прими пациенти со коронавирус во своите болници за да го намали притисокот врз сопствените единици за интензивна нега, кои се преполни со пациенти поради пандемијата од Ковид-19, објавуваат белгиските новински агенции.

Тие ја цитираат изјавата на шефот за итна медицинска помош Марсел Ван дер Авере, кој рече дека нема повеќе резервни кревети за пациентите во неколку болници во земјата.

Според официјалните податоци, во Белгија се регистрирани скоро 450 новозаразени лица со коронавирус на 100.000 жители во последните две недели. Иако бројот е малку помал отколку пред неколку недели, бројот на починати во меѓувреме се зголеми на просечно околу 40 смртни случаи на ден.

Прикажи повеќе...

Вести

Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Објавено пред

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.

Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.

„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.

Прикажи повеќе...

Вести

Грета Тунберг се врати на протестите по пауза поради коронавирусот

Објавено пред

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се врати придружувајќи им се на другите млади демонстранти пред шведскиот парламент за да го одбележат Денот на глобалните протести против климата во социјално дистанцираниот свет.

„Главната надеж, како и секогаш, е да се обидеме да имаме влијание врз нивото на свесност и јавното мислење, така што луѓето ќе станат посвесни“, им рече на новинарите 17-годишната активистка.

Пандемијата на коронавирусот го спречи одржувањето  масовни собири во рамките на движењето „Петок за иднината“ што го инспирираше Тунберг и ја намали јавната видливост на движењето во последните месеци.

Тунберг ги започна самостојно протестите пред шведскиот парламент во Стокхолм на 20.8.2018 година. Студентите ширум светот наскоро почнаа да ја следат, организирајќи редовни големи протести, а таа беше поканета да разговара со политичките и деловните лидери на конференциите на ООН и на годишниот Светски економски форум во Давос.

Нејзините пораки без двоумење испратени до претседателите и премиерите, заедно со научни факти за потребата од итно намалување на емисиите на стакленички гасови, ѝ донесоа пофалби и награди, но и повремени критики, па дури и закани по живот.

Таа ги повикува пратениците да останат на историскиот договор за климата во Париз од 2015 година, според кој богатите и сиромашните земји треба да преземат мерки за сузбивање на зголемувањето на глобалните температури поради кои се топат глечерите, се зголемува нивото на морето и се менува начинот на врнежи.

Парискиот договор бара од владите да презентираат национални планови за намалување на емисиите со цел да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на под два Целзиусови степени.

Денес протести за климата се планирани и на други места.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет48 минути

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт12 часа

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт13 часа

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт13 часа

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија20 часа

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Економија20 часа

Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа21 час

Рекорден дневен број на заразени со Ковид-19 во Москва

Бројот на новоинфицирани oд коронавирус во руската престолнина Москва и нејзината област во изминатите 24 часа достигнал 1.800, што е...

Македонија21 час

Сојузот на средношколци: Да се објават извештаите за училиштата кои наплаќаа свидетелства

Сојузот на средношколци бара од државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции во четирите средни училишта...

Топ22 часа

МВР со детали за сообраќајната несреќа во која загинаа две лица

Две лица загинаа вчера во сообраќајната несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“. Според...

Македонија23 часа

По отповикувањето, Азески на Црна Гора ѝ посака брз развој и просперитет

Бранко Азески се огласи со коментар по одлуката на Владата во Црна Гора, да го отповика како почесен конзул на...

Свет23 часа

(Видео) Американската морнарица во океан детонираше бомба, предизвикан земјотрес

Експлозија изведена од американската морнарица, предизвика земјотрес. Бомбата тешка 18.143 килограми била активирана крај брегот на Флорида. Експлозијата била извршена...

Македонија24 часа

Владата во Црна Гора го отповика почесниот конзул во Македонија, Бранко Азески

Владата во Црна Гора ваквиот потег го објасни со изјава дека отповиканиот амбасадор се обидел да ги омаловажи и да...

Свет24 часа

САД со ултиматум до Кина, или нова истрага за Ковид-19, или изолација

Џејк Саливан, советник за безбедност на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека Кина има уште еден избор или да дозволи...

Спорт1 ден

Пандев последен пат ќе ја предводи Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство. Натпреварот против Холандија, на стадионот што го...

Европа1 ден

ЕУ: Црна кутија, задолжителна во автомобилите од следната година

Од следната година, задолжително во сите нови автомобили во ЕУ ќе биде поседувањето т.н Црна Кутија, а од 2024 година,...

Македонија1 ден

За шест часа, казнети 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Полицијата за шест часа казни 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, соопшти Министерството за внатрешни...

Спорт2 дена

„Гранде“ Пандев потврди дека утре го игра последниот меч за Македонија!

Легендарниот македонски капитен Горан Пандев, потврди дека утре против Холандија ќе го одигра својот последен меч за македонската репрезентација, заминувајќи...

Регион2 дена

Џамбаски: Македонија е бугарска, од двете страни на границата Деве Баир живее една нација

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова го напиша бугарскиот европратеник, Ангел...

Македонија2 дена

Нови осум заболени од Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3,...

Досие