Контакт

Свет

Трамп: Со Украина нема услуга за услуга

Објавено пред

Американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сондленд, треба да се обрати пред пратениците во Претставничкиот дом во рамки на истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Како што е наведено, тој ќе им соопшти дека претседателот Трамп повеќепати му рекол дека не постои „услуга за услуга“ со Украина.

Според подготвеното сведочење, амбасадорот Гордон, исто така, планира да каже дека повикувањето на странска Влада да преземе истрага со цел да влијае на претстојните американски избори би било погрешно“, пренесе „Ројтерс“.

Тој исто така планира да каже дека не присуствувал во разговорот на 25 јули, помеѓу Трамп и украинскиот претседател и дека не знае дали Трамп го споменал поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој е еден од главните ривали на Трамп на изборите во 2020 година.

Свет

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Објавено пред

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Како што рече, коронавирусот во моментов е закана број еден во светот.

Пред Генералното собрание на ОН, Гутереш неуспехот на меѓународната заедница го препиша на недостатокот од глобална подготвеност, соработка и солидарност, пренесува „Асошиејтед прес“.

Генералниот секретар на ОН посочи дека повеќе од 30 милиони луѓе досега се заразиле со коронавирус ширум светот и дека скоро милион пациенти им подлегнале на последиците од болеста. Воедно предупреди дека вирусот сè уште не е ставен под контрола.

„Додека земјите одат во различни насоки, вирусот се шири во сите правци“, рече тој.

Гутереш повика на глобална соработка меѓу народите, глобалните и регионалните организации, меѓународните финансиски институции, синдикатите и другите актери.

„Немаме друг избор“, предупреди тој, „или ќе се обединиме во рамките на глобалните институции, или ќе пропаднеме во хаос и поделби.

Прикажи повеќе...

Европа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Објавено пред

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во Берлин закрепнуваше од труењето, изјави денеска неговата портпаролка, Кира Јармиш.

„Ова значи дека станот не може да се продава, да се подари или да се стави под хипотека“, објасни Јармиш на видеото на „Твитер“.

Таа додаде дека неговиот имот бил замрзнат на 27 август поради тужба од компанија што доставува храна до училиштата во Москва.

Во октомври минатата година рускиот суд нареди Навални и неговите соработници да ѝ платат 1,4 милион долари отштета на компанијата бидејќи, според судот, тие неоправдано го довеле во прашање квалитетот на храната.

На 44-годишниот критичар на владеењето на Владимир Путин претходно месецов му се слоши во авион над Сибир. Тој од Русија беше пренесен на лекување во Берлин, а германската влада извести дека тестовите спроведени во Германија, Франција и во Шведска покажале дека бил отруен од нервниот агенс „новичок“.

Членките на ЕУ ја повикаа Русија да го расветли случајот што тие го сметаат за обид за атентат, но Москва ги отфрла обвинувањата и вели дека нема индиции оти е сторено злосторство против Навални, кој оттогаш закрепна.

Прикажи повеќе...

Регион

Камион полн со чоколадо експлодирал кај Славонски Брод

Објавено пред

На Автопатот А3 кај Славонски Брод во средата навечер дошло до експлозија на камион, чија приколка била полна со чоколадо.

Камионот се запалил и изгорел целосно, а утрово останале само траги од чоколадото што го превезувал, пренесува „Индекс.хр“.

Во инцидентот нема повредени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ52 минути

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа2 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија3 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија4 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет4 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија6 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија6 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија7 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет7 часа

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Регион8 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ8 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија8 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија8 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија10 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа10 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија11 час

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа12 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет12 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет22 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Досие