Свет
Трамп тврди дека Русија не влијаела на него
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во средата дека Русија не се обидела да влијае врз него, и ги обвини разузнавачките агенции на САД за новинските извештаи во кои пишуваат дека Москва собирала копромитирачки податоци за него од личен и финансиски карактер.
Американските медиуми ноќта кон средата го објавија тајниот извештај на американските разузнавачки агенции за наводното руско влијание врз американските претседателски избори, а тоа содржи и компромитирачки податоците кои за Доналд Трамо ги собирале руските разузнавачки служби.
Во серијата објави на Twitter, неколку часа пред првата прес-конференција во речиси шест месеци, Трамп ги обвини разузнавачките агенции, дека со пуштањето на ваквите информации се обидуваат да го зададат „завршниот удар“.
„Живееме ли во нацистичка Германија?“, запраша Трамп, откако напиша „Разузнавачките служби ме смееја да дозволат истекување на тие лажни објави во јавноста. Тоа е уште еден истрел во мене…“.
Трамп и неговиот иден шеф на кабинет Ренс Прибас прилогот на телевизијата CNN за наводни компромитирачки информации за новоизбраниот американски претседател кои се во рацете на руските разузнавачки служби ги нарекоа „лов на вештерки“.
„Русија никогаш не се обидела да влијае врз мене. Немам ништо со Русија – никаков договор, позајмица, ништо“, напиша Трамп на Twitter укажувајќи и на тоа дека и Кремљ ги отфрлил таквите обвиненија.
Американските медиуми истакнуваат дека Русија, па и без неодамнешните објавувања ќе биде главната тема на прес-конференцијата којашто Трамп ќе ја одржи во среда во 11 часот по локално време.
Трамп во објавата пред средбата со новинарите истакнува дека „лесно победил“ на претседателските избори, повторувајќи дека неговиот избори го потврдија и двата дома на Конгресот. Порача дека станува збор за уште еден обид на неговите „бескрупулозни противници“ да ја минимизираат неговата победа, ширејќи лажни информации за него./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Округ на Флорида го погодија три торнада за 25 минути
Најмалку девет торнада поминаа низ округот Сент Луси во Флорида, вклучувајќи три за помалку од 25 минути, според анализата на „Си-ен-ен“ за предупредувањата на Националната метеоролошка служба.
Според окружните власти, најмалку четири лица загинале поради торнадото, а стотици домови биле целосно уништени.
Првото торнадо се случи нешто пред 12:30 часот по локално време. Во текот на следните пет часа, во округот беа издадени најмалку 20 предупредувања за торнадо.
Најфренетичниот период беше од 16:44 до 17:10 часот по средноевропско време, кога три торнада се случија на околу 25 минути едно од друго. Најмалку едно предупредување за торнадо беше означено како „екстремно опасна ситуација“ од метеоролошката служба околу 17:30 часот по средноевропско време, со предупредување дека „големо и исклучително опасно торнадо“ е на теренот во близина на Сент Луси.
Бројот на потврдени торнада и нивната јачина нема да бидат конечни додека тимовите за проценка на штетите на метеоролошките служби не бидат распоредени во погодените области.
Свет
Пентагон објави нова проценка за руските загуби во Украина
Русија претрпе повеќе од 600.000 жртви за време на војната во Украина, што е показател за загубите кои брзо растат непропорционално со нејзините придобивки, изјавија претставници на Пентагон. Тоа се однесува на мртви, односно ранети и исчезнати.
Од летото, Москва продолжи да зазема територии во источниот украински регион Доњецк, вклучително и постепено напредување кон Покровск, град кој е клучен поради неговите повеќекратни сообраќајници кои овозможуваат движење на луѓе и опрема, пишува „Дефенс њуз“.
Како што Русија се приближува кон градот и се соочува со посилни одбранбени линии, нејзините трошоци вртоглаво пораснаа. Септември оваа година беше најсмртоносниот месец за Русија во целата војна, изјави висок претставник на американската одбрана за новинарите за време на конференциска врска во средата.
„Руските загуби, убиени или ранети во акција, само во првата година од војната ги надминаа вкупните загуби на Советскиот Сојуз во сите конфликти по Втората светска војна заедно“, рече претставникот.
Свет
Спасени 135 луѓе од старечки дом во Тампа, операцијата се уште е во тек
Најмалку 135 луѓе се спасени од Големиот американски старски дом во Тампа, каде што службите за итни случаи утринава пронајдоа жители во вода до половината, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Хилсборо.
Екипа на Си-Ен-Ен видела луѓе во инвалидски колички и пешаци како се качуваат во училишен автобус во округот Хилсборо, додека замениците на шерифот и пожарникарите работеле за да ги спасат. Еден жител изјави за Си-Ен-Ен дека водата била до неговите колена.
Властите реагираа откако добија повик за луѓе заробени во објектот околу 7:05 часот, соопшти канцеларијата на шерифот во соопштението за печатот.
„Во ситуации како оваа, секоја секунда е важна. Јас сум неверојатно горд на нашите служби, кои дејствуваа брзо и со сочувство за да ја осигураат безбедноста на некои од најранливите членови на нашата заедница“, рече шерифот на округот Хилсборо, Чад Кронистер во соопштението.
„Посветени сме да направиме се што е потребно за да ги заштитиме оние на кои им е потребна по уништувањето што го гледаме од ураганот Милтон.