Свет
Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени во Газа, што е клучна компонента од неговиот план за прекин на огнот од 20 точки.
„Хамас апсолутно бара посмртни останки од мртвите заложници и ги пребарува урнатините на зградите уништени од израелското бомбардирање и тунелите под улиците на Газа“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
„Ги имаме сите заложници вратени живи. Денес, уште некои се вратија. Тоа е ужасен процес. Но, тие копаат. Тие навистина копаат. Има области каде што копаат и наоѓаат многу тела. Потоа мора да ги одвојат телата. Не би верувале. Некои од овие тела се таму долго време, а некои од нив се под урнатини. Тие мора да ги отстранат урнатините“, рече Трамп.
Американскиот претседател го повтори предупредувањето на Хамас дека мора да се разоружа според условите на договорот за прекин на огнот, велејќи: „Ако одбијат да го сторат тоа, ние ќе го сториме тоа“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

