Контакт

Свет

Трамп: Ѕид кон Мексико ќе има во секој случај

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, нема да се откаже од своето ветување дека ќе гради ѕид на границата со Мексико.

„Ѕидот ќе го изградиме во секој случај“, рече Трамп на собир во Тексас во момент кога беше објавено дека е постигнат принципиелен договор за финансирање на федералната влада и избегнување нејзина повторна блокада, пренесува Би-би-си.

Трамп, сепак, не кажа дали ќе го поддржи договорот.

Тој тврди дека бариерата, која ги разделува Ел Пасо и Мексико, го направила градот побезбеден, што сепак не го покажуваат и федералните статистики, пренесува агенцијата АП.

Претходно, беше објавено дека неколку преговарачи од демократската и републиканската партија во американскиот Конгрес постигнале начелен договор за финансирање на владата и избегнување нова блокада, објави Гласот на Америка.

Меѓутоа, се тврди дека ниту еден од преговарачите не сакал да открие детали за договорот ниту, пак, да каже дали претседателот Трамп ќе ги добие сите пари што ги бара за изградба на ѕидот по должината на јужната американска граница.

Свет

Најмалку седум лица загинаа во воздушен напад врз фабрика во Триполи

Објавено пред

Најмалку седум лица загинаа, а 15 се повредени во воздушен напад врз фабрика за кондиторски производи во главниот либиски град Триполи, соопшти Министерството за здравство.

Меѓу жртвите има и петмина странски државјани.

Од април годинава, Триполи е средиште на борби меѓу самопрогласената Либиска народна партија и повеќето милиции поврзани со меѓународно признатата, но слаба влада, која ја контролира престолнината.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин го информирал Макрон дека на Украина и се вратени трите запленети бродови

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин  телефонски разговарал со својот француски колега Емануел Макрон за ситуацијата во Украина, во пресрет на самитот во нормандискиот формат, што, како што се очекува, ќе се оддржи на 9 декември во Париз.

„Владимир Путин го информираше претседателот Макрон дека во водите на Црно море е изведено предавање на три воени бродови на украинската морнарица што биле вмешани во провокации во подрачјето на Керчкиот теснец“,се навдува во соопштението на Кремљ.

Двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Сирија и за прашањата на билатералната соработка.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватскиот државен врв на комеморација за жртвите во Вуковар

Објавено пред

Неколку десетици илјади граѓани, заедно со хрватското политичко раководство, денеска во Вуковар учествуваа на одбележувањето на 28-годишнината од страдањето на овој хрватски град во тримесечната опсада на припадници од тогашната Југословенска народна армија (ЈНА) и српски паравоени формации.

Годинава, комеморацијата на Денот на сеќавањето на жртвите од Вуковар во 1991 година се одвива под слоганот „Вуковар – место со посебен пиетет“.

Собирот почна во кругот на вуковарската болница, од каде што поворката, предводена од хрватски воени ветерани и членови на семејствата на загинатите и исчезнатите, мина низ централните градски улици до 5,5 километри оддалечените Меморијални гробишта за жртвите во татковинската војна, каде што беа поставени венци.

Во колоната беа и хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, и премиерот Андреј Пленковиќ, како и многубројни хрватски министри. По мисата, државните делегации положија венци и кај спомен-обележјето на местото на масовната гробница кај Овчарa, јавуваат хрватските медиуми, a пренесе „Танјуг“.

Во 1991 година, од август до ноември, Вуковар беше под опсада на ЈНА и паравоените српски формации 87 дена. Според официјалните хрватски податоци, за време на тримесечната опсада загинале 2.700 хрватски бранители и цивили, а повеќе од 2.500 биле ранети.

Речиси 5.000 луѓе биле однесени во логори во Србија, а приближно 22.000 Хрвати и друго несрпско население биле протерани од градот. Околу 300 лица и натаму се водат како исчезнати.

Секој ден околу 7.000 гранати паѓале врз овој град предизвикувајќи уништување на речиси 90 проценти од градските згради.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија6 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија7 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија7 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија8 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет9 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет10 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија11 час

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија11 час

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија22 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет22 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа23 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет1 ден

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија1 ден

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет1 ден

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет1 ден

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Досие