Свет
Трамп ќе воведе санкции за Русија доколку Путин одбие да преговара за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дек, најверојатно, ќе воведе санкции за Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да преговара за крај на војната во Украина. Трамп не даде детали за можни дополнителни санкции, објави „Глас на Америка“.
Соединетите Американски Држави веќе воведоа остри санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година. Трамп рече дека неговата администрација исто така размислува да испрати оружје во Украина додавајќи дека Европската Унија треба да стори повеќе за да ја поддржи Украина, да плати повеќе и да ги израмни трошоците.
„Разговараме со (украинскиот претседател Володимир) Зеленски, набргу ќе разговараме со претседателот Путин“, рече Трамп. „Ќе го разгледаме тоа“.
Трамп рече дека извршил притисок врз кинескиот претседател Шји Џјинпинг да повика на интервенција за да се запре војната во Украина. „Тој не направи многу за тоа. Тој има голема… моќ, како што ние имаме голема моќ. Јас реков: Треба да го решите тоа. Разговаравме за тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Си-Ен-Ен: Дизајнот на авионот им помогна на сите 80 луѓе да ја преживеат несреќата на „Делта ерлајнс“ во Торонто

Мајкл Мекормик, вонреден професор на аеронаутичкиот универзитет Ембри-Ридл, денеска изјави дека благодарение на дизајнот и инженерството, сите 80 патници и членови на екипажот го преживеале падот на авионот на летот од Минеаполис до Торонто.
Авион на „Делта ерлајнс“ се урна при слетување на меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто во понеделникот, при што крилото се скинало и се запалило, а трупот на авионот се превртел наопаку.
“Беше апсолутно феноменално што можете да видите луѓе како излегуваат од превртен авион. Но, мојата втора мисла беше, добро, тоа е дизајнот. Тоа е инженерство. Тоа се години на истражување на цивилната авијација кои дозволија да се случи такво нешто”, изјави МекКормик за CNN.
Властите соопштија дека се истражува причината за несреќата. Комуникацијата помеѓу кулата и пилотот била нормална при приближувањето и не е јасно што тргнало наопаку кога авионот се превртел.
Во моментот на пристигнувањето на авионот, на аеродромот Пирсон дувале ветрови со брзина од 51 км на час до 65 км на час, според Метеоролошката служба на Канада.
Свет
Трамп: Најверојатно ќе се сретнам со Путин пред крајот на февруари, мислам дека имам моќ да ја завршам војната

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „најверојатно“ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин пред крајот на февруари.
Запрашан од новинар за можноста за средба со Путин пред крајот на месецот, Трамп кимна со главата и одговори: „Веројатно“, додека ја напушта просторијата во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, каде што одржа прес-конференција.
Трамп претходно изјави дека е „поуверен“ во можноста за договор со Москва по разговорите меѓу делегациите од двете земји во Ријад и додаде дека е „целосно е за“ присуство на европски мировни трупи во Украина.
Американскиот претседател, исто така, рече дека е „разочаран“ од критиките од Киев за исклучувањето на Украина од руско-американските разговори во Ријад за судбината на земјата.
„Мислам дека имам моќ да ја завршам војната“, додаде Трамп.
Регион
Судењето на Додик завршува денеска, тој се соочува со затвор

Денеска во Судот на БиХ ќе заврши едногодишното судење на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, под обвинение дека не ги спроведувал одлуките на високиот претставник, а Додик и неговите најблиски соработници се заканија со „радикални мерки“ доколку биде прогласен за виновен и осуден.
Завршното рочиште во постапката против Додик и директорот на Службен весник на Република Српска, Милош Лукиќ е предвидено за изнесување на завршните зборови на обвинителството и одбраната. Доколку тоа се заврши во текот на денот, судијата Сена Узуновиќ може да ја соопшти пресудата веднаш или најдоцна во рок од три работни дена, односно најдоцна до 25 февруари.
Додик и Лукиќ се обвинети дека овозможиле објавување во Службен весник два закони донесени од Парламентот на РС во 2023 година, иако високиот претставник Кристијан Шмит претходно ги поништил.
Затоа Обвинителството на БиХ поднесе обвинение против нив во август 2023 година, а судењето започна во февруари 2024 година.
Во БиХ, непочитувањето на одлуките на високиот претставник е кривично дело за кое се казнува затворска казна до пет години, а пресудата во случајот на Додик би значело автоматско отстранување од функцијата претседател на РС.
Додик се состана со своите најблиски соработници зад затворени врати во понеделникот вечерта во Бања Лука за да одлучи што да прави доколку биде осуден.
По таа средба до медиумите беше доставено соопштение полно со заканувачки најави, во кое очекуваната пресуда против Додик беше означена како „државен удар“.
„Националното собрание, Владата и сите институции на РС ќе постапат на начин што ќе донесат радикални одлуки како одговор на каква било пресуда на Судот на БиХ. Исто така, сите претставници на српскиот конститутивен народ во РС на ниво на БиХ, како и сите вработени во органите на БиХ, ќе се повлечат од заедничките институции и ќе престанат со работа“, се вели во соопштението.