Свет
Трамп ќе се сретне со Мицотакис во Њујорк
На маргините на самитот на ОН за климатските промени, американскиот претседател Доналд Трамп и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ја имаат својата прва средба. Како што пренесуваат грчките медиуми, тема на разговорите ќе бидат геополитичките случувања во Источниот Медитеран и привлекување американски инвестиции во Грција.
На почетокот на средбата, како што се наведува, ќе присуствуваат и сопругите на Трамп и Мицотакис.
„Освен традиционалните врски меѓу двете земји, постојат теми од посебен интерес, а Грција одново влегува во радарот на американските инвеститори, спомена извор од владата, а големи компании веќе покажаа интерес“, објавија грчките медиуми.
Мицотакис ќе присуствува и на приемот организиран од претседателот на САД за странските лидери кои учествуваат на самитот на ОН.
Според информациите, отворена е можноста грчкиот премиер денес да се сретне и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, доколку обврските им го дозволуваат тоа и постои слободен термин. Во спротивно, нивната прва средба ќе се одржи утре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран повторно воведе ограничувања на Ормускиот теснец
Иран брзо се откажа од одлуката за повторно отворање на Ормуски теснец, повторно воведе ограничувања на овој клучен поморски правец, откако САД порачаа дека тоа нема да ја укине нивната блокада, пишува „АП“.
Заедничката команда на иранската војска соопшти дека „контролата над Ормускиот теснец се врати на претходното ниво… под строг надзор и управување на вооружените сили“. Воедно предупреди дека транзитот низ теснецот ќе остане ограничен сè додека американската блокада на иранските пристаништа е на сила.
Објавата дојде утрото откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската блокада „ќе остане целосно на сила“ сè додека Техеран не постигне договор со САД, вклучително и за неговата нуклеарна програма.
Свет
Руте: САД нема да го напуштат НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли шпекулациите дека САД би можеле да се повлечат од Алијансата, оценувајќи дека такво сценарио не е реално.
Тој истакна дека американската нуклеарна заштита за Европа не е доведена во прашање, нарекувајќи го „крајна гаранција за безбедноста“.
Во последните недели, изјавите на Доналд Трамп предизвикаа загриженост, откако тој ги критикуваше сојузниците за недоволна поддршка, особено во контекст на тензиите со Иран.
Руте, кој неодамна се сретна со Трамп во Белата куќа, рече дека американскиот претседател бил „очигледно разочаран“, но додаде дека разбира дел од неговата фрустрација.
Тој повика Европа да ја зајакне одбранбената индустрија за да се одржи безбедноста и одвраќањето.
Свет
Тензии во Ормускиот теснец: спротивставени позиции и глобална загриженост
Тензиите околу Ормуски теснец и понатаму се високи, додека светските лидери изнесуваат спротивставени ставови за решавање на кризата. Додека американскиот претседател Доналд Трамп најавува напредок во преговорите, Иран се заканува со затворање на овој клучен поморски правец доколку продолжи американската блокада. Во меѓувреме, европските сили подготвуваат меѓународна мисија за заштита на пловидбата.
Трамп: Преговори за викенд, блокадата останува
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ситуацијата со Иран на Блискиот Исток „изгледа прилично добро“. Тој најави дека преговорите ќе се одржат за време на викендот и дека има „некои добри вести“ кои сè уште не може да ги сподели.
Сепак, Трамп порача на својата платформа Truth Social дека американската поморска блокада на иранските пристаништа ќе остане на сила сè додека „работата со Иран не биде целосно завршена“.
Иран: Теснецот нема да остане отворен
Од друга страна, претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф ги отфрли изјавите на Доналд Трамп за евентуална американска победа во војна со Иран како „лажни“.
Галибаф предупреди дека доколку САД продолжат со блокадата, Ормускиот теснец „нема да остане отворен“.
Европа подготвува мисија за заштита на пловидбата
Европските лидери активно се вклучија во обидите за решавање на кризата. Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер од Париз претседаваа со виртуелен состанок на околу 40 земји.
Целта на состанокот беше да се постигне глобален договор за одржување на теснецот отворен за пловидба. Стармер најави дека Обединетото Кралство и Франција ќе предводат меѓународна мисија за заштита на слободата на пловидба во регионот.
Според него, мисијата ќе биде „исклучиво мирољубива и одбранбена“ и ќе започне „штом условите тоа ќе го дозволат“.
Кина: Поддршка за отворен теснец
Според Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џинпинг е многу задоволен што Ормускиот теснец е отворен.
Американскиот претседател најави и средба со Си Џинпинг во Кина на 14 и 15 мај, опишувајќи ја како „посебна, а потенцијално и историска“.
