Свет
Трамп ѝ вети на CIA целосна поддршка, откако ѝ го чувал грбот

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата, се чини, ги надминал несогласувањата во Централната разузнавачка агенција (CIA), откривајќи им на нејзините припадници дека им го чувал грбот откако ја критикуваше разузнавачката агенција поради истрагата за наводното руско хакирање.
Во својата прва службена посета на CIA во својство на претседател, Доналд Трамп сакал да остави недвосмислен впечаток дека ја поддржува нејзината работа, иако неодамна остро ги критикуваше разузнавачки служби во САД опишувајќи ги нивните активностите и протекувањата на информациите за наводното собирање на компромитирачки материјали за него од руското разузнавање како однесувањето на нацистичка Германија.
„Многу малку луѓе би можеле да ја работат работата којашто вие ја вршите, и сакам да знаете стојам зад вас“, изјавил Трамп во седиштето на агенцијата во Ленгли, што било проследено со аплаузи и извици на одобрување.
Некои од аналитичарите пред неговиот говор тврдеа дека на Трамп ќе му биде потребна повеќе од една посета да ги поправи односите со разузнавачката заедница која остро ја напаѓаше пред својата инаугурација.
Трамп жестоко ги критикуваше извештаите на разузнавачките челници именувани од неговиот претходни Барак Обама, дека наводно рускиот претседател Владимир Путин наредил хакирање на Демократската партија за да му помогне да влезе во Белата куќа. Следеа недокажаните тврдења и дека Москва поседува компромитирачки информации за Трамп, по што уште еднаш ги обвини американските разузнавачки агенции за користење нацистички методи.
Во текот на својот говор во CIA,Трамп не ја споменал Русија, и истакнал дека кавгата со разузнавачката заедница ја создале медиумите, а новинарите ги нарекол „најнеискрените човечки битија на Земјата“, пренесува Reuters.
Заклучил дека борбата против џихадистичката Исламска држава треба да биде приоритет на оваа агенција, како и дека „радикалниот исламски тероризам“ дека треба да биде збришен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Поранешниот премиер на Австралија тајно раководeл со пет министерства

Поранешниот австралиски премиер Скот Морисон изјави дека тајно раководел со пет клучни министерства за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи верувал дека одговорноста за нацијата е само негова.
„Управував со бродот среде бура. Само јас можев вистински да ја разберам тежината на одговорноста и да го понесам товарот врз свои рамења“, им рече Морисон на новинарите.
Додаде дека тој не ги презел министерствата и не се мешал во работата на ниту еден од министрите, освен во еден случај кога одбил проект за гасовод.
Актуелниот премиер Ентони Албанесе рече дека Морисон го нападнал Вестминстерскиот систем на владеење со тоа што тајно се назначил себеси за шеф на пет ресори во 2020-2021 година, вклучувајќи ги внатрешните работи, трезорот, здравството, финансиите и ресурсите.
Свет
(Видео) Песочна бура го зафати Дубаи, песокот го покри речиси целиот град

Силна песочна бура го погоди Дубаи во неделата на 14 август, а службите за итни случаи предупредуваат на потенцијална опасност.
Sandstorm in #Dubai
The storm passed through the UAE on Sunday. pic.twitter.com/froiSheEGR
— NEXTA (@nexta_tv) August 15, 2022
Областите на Абу Даби и Дубаи беа покриени со дебел слој прашина откако метеоролозите предупредија на песочна бура во Северните Емирати – пишува Arab News.
Возилата се движат со слаба видливост по улиците на заливскиот емират Дубаи, бидејќи големи делови од Обединетите Арапски Емирати се погодени од прашина и песочни бури, поради што властите повикаа на претпазливост на патиштата.
HAZY DUBAI
Vehicles drive in low visibility on the streets of the Gulf emirate of Dubai as large parts of the United Arab Emirates are hit by dust and sandstorms, prompting authorities to urge caution on the roads. | via AFP#duststorm#sandstorm#dubai#DailyTribune pic.twitter.com/lU7Xb8YL59
— Daily Tribune (@tribunephl) August 15, 2022
Регион
Аналитичарот Спахиу: Многу Албанци не веруваат дека Косово ќе постои како држава

Политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу рече дека Србите не можат така лесно да го прифатат државјанството на Косово бидејќи, според него, голем дел од албанската заедница не верува дека таа „држава ќе постои за неколку години“, пренесува Клан Косова.
„Мислам дека не е проблем што голем дел од српското малцинство не ја признава државата Косово, туку проблемот лежи во албанската заедница, поради што е создадена државата Косово и која на Косово гледа со скептицизам“, оценува Спахиу.
Политичкиот аналитичар отиде чекор понатаму за да го опише својот песимизам.
„Имам неколку десетици облози со мои блиски луѓе дека по три, десет или 20 години нема да постои држава Косово, што значи дека луѓето не веруваат во држава Косово. Како ќе го убедиме српското малцинство, кое не може така лесно да ја прифати новата реалност, не може така лесно да ја прифати државата Косово, кога голем дел од Албанците не веруваат дека државата Косово ќе постои“, изјави Спахиу за магазинот Инфо.