Свет
Тревога во базата на НАТО: зголемено ниво на безбедност во Германија поради закана од тероризам
Воздухопловната база на НАТО во германскиот град Гејленкирхен е во состојба на готовност, изјави портпаролот откога нивото на безбедност беше подигнато во текот на ноќта врз основа на разузнавачки информации што укажуваат на потенцијална закана.
„Сè уште сме во Чарли“, изјави портпаролот на базата за „Ројтерс“ мислејќи на втората највисока од четирите состојби на тревога.
Нивото на безбедност Чарли означува дека има инцидент или се добиени разузнавачки информации што укажуваат дека е многу веројатна некаква форма на терористичка акција против организации или персонал на НАТО.
Портпаролот рече дека базата, која е домаќин на флотата на НАТО од авиони за надзор АВАКС, работи со минимален персонал како мерка на претпазливост, а операциите продолжуваат според планираното.
Таа додаде дека тоа не е поврзано со минатонеделниот инцидентж кога нивото на безбедност во базата накратко беше подигнато додека воената база во блискиот Кен истражуваше сомнителна саботажа на водоснабдувањето.
Германската војска подоцна објави дека резултатите од тестовите покажале дека водата од чешма не е загадена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Господине Трамп, најдете си живот – Бајден лут поради коментарите на експретседателот за ураганот на Флорида
Американскиот претседател, Џо Бајден, одржа брифинг за новинарите за ураганот Милтон.
Тој рече дека обновата на погодената област ќе чини неколку милијарди долари и ќе трае долго.
Американскиот претседател се осврна и на коментарите на експретседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош, нарекувајќи ги „бизарни“.
Запрашан дали разговарал со Трамп, Бајден одговори: „Се шегуваш?“, а потоа му понуди совет на републиканскиот претседателски кандидат.
„Господине Трамп, најдете си живот за себе. Помогнете им на овие луѓе“, изјави Бајден од Вашингтон.
Свет
Расте бројот на мртви од ураганот на Флорида
Бројот на загинати во ураганот на Флорида, САД, се искачи на 11 лица, јавува „Ен-би-си њуз“.
Последната жртва е возач на автомобил врз којшто паднало дрво во округот Цитрус.
Претходно, два смртни случаи беа пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири беа предизвикани од торнада.
Регион
Вучиќ го пречека Ердоган на аеродромот: „Добредојдовте во Србија, драг пријателe“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на аеродромот Никола Тесла го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Според програмата на посетата, в петок во 11 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред палатата „Србија“, по што ќе следи средба на двајцата претседатели, јавуваат српските медиуми.
Потоа ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од двајцата претседатели.
„Добредојдевте во Србија драг пријателe. Вашата возвратна посета е уште една можност за дополнително зајакнување на нашите пријателски односи и соработка. Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, му порача претседателот Вучиќ на турскиот колега по пристигнувањето во Белград.
View this post on Instagram
Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.