Контакт

Свет

Трета руска вакцина против Ковид-19 доби зелено светло за клинички испитувања

Објавено пред

Руското Министерство за здравство даде зелено светло на уште едно домашно тестирање за вакцина против коронавирус, пренесува РТ. Новата формула се смета за нискоризична за оние со компромитиран имунолошки систем, кои можеби не можат да најдат алтернативи.

Околу 3.000 луѓе ќе учествуваат во клиничките испитувања што ќе се спроведат во Санкт Петербург, Новосибирск и во Киров. Федералниот научен центар за истражување и развој на имунолошки и биолошки производи „Чумаков“, кој ја разви вакцината, ги сподели информациите со московскиот дневен весник РБК.

Центарот истакна дека испитувањата ќе ги задоволат барањата на Светската здравствена организација и на меѓународните регулатори, истовремено обезбедувајќи им на истражувачите доверлив обем на научни податоци.

Волонтерите ќе бидат изолирани во болнички услови и ќе бидат надгледувани 16 дена по вакцинирањето. Тестирањата се очекува да завршат во ноември, вели Ајдар Ишмукаметов, директорот на центарот.

Имунизацијата е таканаречена „цело-вирионска“ вакцина, заснована на уништена или вештачки ослабена честичка на вирусот, која е неспособна да предизвика болест. Овој тип на вакцина обично се смета за низок ризик за луѓе чиј имунолошки систем веќе е нарушен.

Ова е трета руска вакцина против Ковид-19 одобрена за големи испитувања кај луѓе. Последното испитување на руската пионерска вакцина „спутник V“, официјално регистрирана на 11 август, сè  уште е во тек. Околу 60.000 луѓе доброволно се пријавија да бидат имунизирани со инокулација, развиена од реномираниот московски истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, објави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

EpiVacCorona, втората руска вакцина дизајнирана од државниот истражувачки центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“, со седиште во Новосибирск, во моментов е во фаза на регистрација. Кај неа од средината на август се во тек испитувањата во фаза 2.

 

Свет

(Видео) Папата падна по скали додека се качуваше на авион

Објавено пред

Папата Франциск се сопна на скалите додека се качуваше на авион во Грција.

На видео објавено на интернет се гледа како 84-годишникот се качува по скалите, а потоа забавува пред да го изгуби стапалото.

На 4 декември католичкиот папа пристигна во тридневна посета на Грција, чија цел беше да ги зближи Римокатоличката и Источната православна црква. Христијанството се подели во 1054 година во она што е познато како Голем раскол.

За време на својата проповед, папата Франциск побара прошка во име на Римокатоличката црква за грешките што доведоа до нејзино распаѓање. Папата се осврна и на маките на мигрантите заглавени во Грција, опишувајќи го тоа како „ужасна модерна Одисеја“.

Папата ги повика европските нации да се занимаваат со ова прашање, нагласувајќи дека тесните лични интереси и национализмот водат до катастрофални последици.

Во јули поглаварот на Светата столица беше подложен на тричасовна операција на дебелото црево, што предизвика шпекулации за неговото здравје.

Некои извештаи сугерираат дека тој би можел дури и да се пензионира како неговиот претходник, папата Бенедикт 16. Сепак, понтифот ги отфрли тие шпекулации, велејќи дека е во добра здравствена состојба и дека живее сосема нормален живот по операцијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Лукашенко забрани увоз на западни стоки и летови на компании од ЕУ и Британија

Објавено пред

Белорусија денеска објави дека воведува одмазднички ограничувања на летовите на авиокомпаниите од Европската Унија и Велика Британија и дека забранува увоз на западни стоки од земјите кои и воведоа санкции.

Министерството за надворешни работи на Белорусија соопшти дека забраната за увоз е одговор на незаконскиот притисок на надворешните санкции насочени кон поткопување на суверенитетот на Белорусија и влошување на благосостојбата на белоруските граѓани.

Белоруската влада сè уште не објавила список на западни стоки чиј увоз е забранет.

САД, ЕУ и Канада минатата недела воведоа санкции за десетици белоруски функционери, организации и компании во исто време.

Цел на Брисел беше поединци и субјекти кои ЕУ ги обвинува за учество во хибриден напад, односно испраќање азиски мигранти од Белорусија до границите на Полска, Литванија и Летонија.

ЕУ, исто така, го забрани влезот и ги замрзна средствата на 17 други лица од Белорусија, вклучително и граничари и воени службеници, владини службеници и судии.

Мерките ги погодија и белоруските авиокомпании, вклучително и државната „Белавија“, и туристичките групи, кои ЕУ ги обвинува дека помагаат да се донесат мигранти во Белорусија за да можат потоа да се преселат во Унијата.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека санкциите нема да донесат значителна штета.

Прикажи повеќе...

Свет

Сите жители на Њујорк мораат да се вакцинираат до 27 декември ако сакаат на работа

Објавено пред

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, најави дека сите жители на најголемиот американски град ќе мора да се вакцинираат до 27 декември доколку сакаат да одат на работа.

Вработените во јавниот сектор веќе мора да бидат вакцинирани, но оваа одлука ќе ја прошири и на приватниот сектор, изјави Де Блазио за MSNBC. Одлуката стапува на сила на 27 декември, додаде тој.

„Ние во Њујорк одлучивме да извршиме превентивен удар“, рече Де Блазио, кој ја напушта својата канцеларија кон крајот на декември.

„Го имаме новиот сој омикрон како нов фактор, имаме постудено време што ќе создаде нови предизвици со варијантата делта, имаме празнични собири“, објасни тој, додавајќи дека единствениот излез од таа ситуација е обврската за вакцинација.

Тој нагласи дека Њујорк ќе биде првиот американски град кој ќе воведе обврски за вакцинација за работниците од приватниот сектор.

Задолжителните вакцини за вработените во јавниот сектор кои стапија на сила оваа есен предизвикаа отпор, а дел од вработените ги напуштија своите работни места. Сепак, стапката на вакцинација се зголеми по таа одлука.

Досега во Њујорк се потврдени десет случаи на варијантата омикрон, а Де Блазио рече дека треба да се претпостави дека веќе има ширење на таа варијанта во заедницата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион6 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет6 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион6 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија7 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет10 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија10 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија13 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија13 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион14 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија14 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа14 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет14 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа15 часа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа16 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет1 ден

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет1 ден

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет1 ден

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа1 ден

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија1 ден

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Досие