Контакт

Свет

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Објавено пред

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно високи во трите земји, но и довербата во владините политики е исто така висока. Во овие земји постои надеж дека слободното движење на граѓаните ќе доведе до уште повисока стапка на вакцинација.

Во некои европски земји, враќањето на стариот начин на живот, односно слободното движење и излегување како и пред пандемијата, веќе не е само сон.

Вакцинираните граѓани во Холандија ќе можат да танцуваат во преполни ноќни клубови од следната сабота (25 септември) без да мора да држат растојание. Наместо да се придржуваат до одредени мерки, тие на влезот ќе треба да приложат само ковид сертификат.

Минатата недела, Данска ги укина сите ограничувања и со тоа стана првата земја од ЕУ што се врати во „нормала“. На граѓаните не им требаат маски или доказ за вакцинација за да одат на концерт или во вежбалница. Кон крајот на август, министерот за здравство рече дека коронавирусот веќе не се смета за социјално критична болест.

На овие две земји им се придружува и Шведска, која и онака имаше најблаги мерки за време на пандемијата. Кон крајот на месецов, ќе бидат укинати ограничувањата за јавни и приватни собири, како и препораката за работа од дома.

Но, оние што ќе патуваат во овие три земји и натаму ќе треба да бидат тестирани и ставени во карантин доколку не се вакцинирани.

Солидна стапка на вакцинација

Според оксфордската база на податоци Our World in Data, три четвртини од вкупното население во Данска се вакцинирани со две дози. Од поголемите земји во ЕУ, само Португалија и Шпанија се пред нив.

Во Холандија и Шведска, околу 63 проценти од сите жители се вакцинирани.

„Меѓу најранливите категории на пациенти и граѓани, стапката на вакцинација е девет од десет такви случаи“, изјави Алан Рандруп Томсен, виролог на Универзитетот во Копенхаген.

Во Холандија, министерот за здравство Хуго де Јонг верува дека враќањето на претходните слободи, под услов на вакцинација, ќе мотивира многу повеќе луѓе да се вакцинираат.

Претседателот на здружението на општи лекари, Андреас Гасен, бараше нешто слично во Германија. Тој ги повика властите да го прогласат 30 октомври за Ден на слободата, кога сите мерки ќе бидат укинати.

„Се обложувам дека на крајот на октомври ќе ја надминеме стапката на вакцинација од 70 проценти, бидејќи многу луѓе ќе побрзаат да ја прифатат таа понуда“, рече Гасен. Неговите зборови не беа прифатени со голем ентузијазам.

Податоците од Европскиот центар за контрола на заразни болести покажуваат дека делта варијантата на вирусот хара особено во земјите каде стапката на вакцинација е ниска, иако не само таму.

Во Австрија и Норвешка, бројот на заразени расте и покрај сличните стапки на вакцинација како и во земјите што сега ги укинуваат мерките.

Доверба во властите

На крајот на мај, Данска го претстави својот ковид-пасош во форма на апликација или печатен QR-код. На други места, ваквите владини планови доведоа до масовни протести, како што беше во Франција, Италија и Грција.

Експертите велат дека во Шведска, Данска и Холандија постои огромно ниво на доверба во владините политики и дека тоа прави разлика.

„Имавме голема програма за тестирање што ни овозможи да ја следиме состојбата многу локално, така што имавме локални заклучувања кои беа многу ефикасни“, вели Камила Холтен Молер, епидемиолог од Државниот институт за серуми во Копенхаген.

Таа објаснува дека успеале да го сторат тоа бидејќи Данците едноставно историски имаат голема доверба во здравствените власти и програмите за вакцинација.

Овие земји сега го разгледуваат бројот на хоспитализации, а не бројот на нови инфекции, бидејќи вакцинираните луѓе, кога ќе се заразат, обично поминуваат со благи или без симптоми.

Сепак, укинувањето на сите мерки е потег на кој повеќето европски земји и натаму не се осмелуваат.

Регион

Во Србија 6.786 нови случаи на коронавирус, починаа 54 луѓе

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 6.786 нови случаи на коронавирус, починаа 54 луѓе.

Тестирани се 22.710 лица. Од 6.786 нови случаи, најмногу има во Белград, 1.723, додека трицифрен број на новозаразени е забележан во 10 градови.

Вирологот и микробиолог д-р Миланко Шеклер вели дека непочитувањето на мерките во Србија и слабиот одговор на вакцинацијата доведуваат само до дополнителни проблеми.

Прикажи повеќе...

Регион

Демонстранти во Словенија светеа со ласер во полициски хеликоптер, оштетен видот на еден од пилотите

Објавено пред

Екипажот на полициски хеликоптер кој вчера ги контролираше демонстрациите против владата над центарот на Љубљана беше загрозен од ласер насочен кон него од еден од демонстрантите, објави денеска полицијата.

„Непознати сторители насочија ласер кон хеликоптерот, што претставува опасност да го оштети видот на членовите на екипажот“, се вели во соопштението на полицијата.

„Во конкретниот случај, еден од пилотите се здоби со оштетување на окото и побара медицинска помош. Степенот на неговите повреди сèуште не е познат”, соопшти полицијата.

На улиците во Љубљана илјадници луѓе вчера повторно демонстрираа главно поради задолжителните сертификати за вакцинација.

Прикажи повеќе...

Европа

Нападот со лак и стрела во Норвешка веројатно е терористички чин

Објавено пред

Норвешката национална агенција за безбедност вели дека нападот со лак и стрела, во кој загинаа пет лица, веројатно е терористички акт.

Агенцијата, позната под акронимот PST, денеска соопшти дека нападот во средата вечерта во мал норвешки град во моментот се чини дека е терористички акт.

„Истрагата ќе разјасни подетаљно што ги мотивирало инцидентите“, се вели во соопштението.

Се додава дека осомничениот ѝ бил познат на агенцијата од порано, но PST не може да даде дополнителни детали за него.

Данскиот државјанин (37), кој е осомничен за убиство на пет лица во напад со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг, преминал во ислам и полицијата била загрижена поради индикациите дека тој се радикализирал, соопштија властите.

Петмината убиени, четири жени и еден маж, биле на возраст од 50 до 70 години. Две лица, меѓу кои и полицаец што не бил на должност, се повредени.

Напаѓачот е уапсен, но полицијата не го соопштува неговиот идентитет.

Таа само ја објави неговата националност бидејќи на социјалните мрежи се појави дезинформација.

„Напаѓачот преминал во ислам и полицијата беше загрижена поради индикации дека се радикализира“, изјави за новинарите шефот на националната полиција, Оле Бредруп Саевруд, истакнувајќи дека е рано да се каже дали нападот треба да се истражува како терористички акт.

„Имаше загриженост за радикализација… Тоа се следеше“, рече тој, без да навлегува во детали.

Напаѓачот живеел во Конгсберг, кој се наоѓа 68 километри југозападно од Осло и има околу 28.000 жители.

Се верува дека дејствувал сам.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Во Македонија 421 нов случај на коронавирус, починаа осум лица

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 421 нов случај на коронавирус, оздравени се 395 пациенти, а пријавени се...

Македонија15 часа

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија17 часа

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија18 часа

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија18 часа

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет19 часа

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет20 часа

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион21 час

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион21 час

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет21 час

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет22 часа

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион22 часа

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Европа1 ден

(Видео) Маж со лак и стрела извршил напад во Норвешка, има повеќе загинати и повредени

Маж бил уапсен откако повредил неколку луѓе со лак и стрела во Конгсберг, Норвешка, а полицијата во меѓувреме ја евакуирала...

Свет1 ден

СЗО ja запре постапката за итно одобрување на „спутник В“

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е прекината постапката за итно одобрување на руската вакцина „спутник В“ бидејќи недостасува одредена...

Македонија1 ден

12 починати, регистрирани 412 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања,...

Македонија2 дена

Влада: До 50 проценти присуство на публика на настани во затворено, услов се две дози на вакцина

Владата на денешната 112-та седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за...

Топ2 дена

19-годишно момче од Тетово испраќало порнографски снимки на малолетно девојче

19-годишно момче од Тетово се сомничи за прикажување порнографски материјал на дете, соопшти полицијата. СВР Тетово поднесе кривична пријава против...

Топ2 дена

(Видео) Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога во вредност од речиси 200.000 евра, приведени шест лица

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, РЦ „Југ“...

Македонија2 дена

Две млади лица загинаа во рудникот „Бучим“

Две млади лица загинаа во рудникот „Бучим“. Трагедијата се случи денес претпладне кога двајцата радовишани чистеле високонедостапни силоси, работа што...

Македонија2 дена

Мајката на Пино: Се надевам до крајот на судењето ќе ѝ дадат доживотен затвор

По одново донесената 19-годишна затворска казна за Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соизвршителство во убиството на Пино Секондо, реакција имаше мајката...

Досие