Контакт

Свет

Тропската бура Оскар прерасна во ураган

Објавено пред

Тропската бура Оскар стана осмиот по ред ураган во годинешната ураганска сезона на Атлантикот, но засега не претставува закана за земјата.

Американскиот центар за урагани објави дека Оскар е на далечина од околу 1.165 километри југоисточно на Бермудските Острови и се движи кон запад со брзина од 26 километри на час.

Брзината на ветровите засега достигнува 120 километри на час.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на електронската пошта на Демократскиот национален комитет пред претседателските избори во 2016 година, соопшти денеска судот во Лондон.

Адвокатката на Асанж, Џенифер Робинсон, рече дека присуствувала на состанок на кој републиканските претставници Дана Рорабакер и Чарлс Џонсон, соработник близок до кампањата на Трамп, ја дале понудата во 2017 година. Според неа, договорот му бил претставен на Асанж како решение што секој го добива и што ќе му овозможи да продолжи со својот живот, а за возврат Трамп ќе има и политички придобивки.

За време на предизборната кампања во 2016 година, Викиликс објави низа електронски пораки од Националниот комитет на Демократската партија кои и наштетија на тогашната кандидатка Хилари Клинтон.
Американските разузнавачки служби изразија уверување дека Русија, која сакаше да влијае на претседателските избори во САД, е одговорна за упадот на хакерите.

„ Предлогот даден од конгресменот Рорбахер беше Асанж да го идентификува изворот во замена за некакво помилување“, рече Робинсон.

Русија негираше каква било вмешаност во изборите во САД од почетокот на обвинувањата, а Трамп исто така негира дека имал тајна врска со Москва. Истрагата водена од специјалниот истражител Роберт Мулер не утврди тајна соработка на ниту еден член од кампањата на Трамп со Русија.

49-годишниот Асанж се бори против екстрадицијата во САД, каде што е обвинет за кршење на законите за шпионажа по 2010/11 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Британка повикала полиција поради помен во градина на паб

Објавено пред

Британците веќе почнаа да се кодошат едни со други за прекршувања на правилото на шестмина од мерките за социјално дистанцирање поради Ковид-19, а една жена ги пријавила дури и луѓето собрани на помен во градина на паб, пренесува „Мирор“.

Министрите неделава ја повикаа јавноста да ги пријавува своите соседи ако се сомневаат дека се собираат во групи поголеми од шестмина. Секретарот за внатрешни работи, Прити Пател, дури рече и дека две семејства што се сретнале на улица и застанале за разговор постапуваат спротивно на законот.

Една Британка сметала дека е нејзина граѓанска должност да пријави ужалена група од 30-ина луѓе на помен во градината на еден паб во Вигстон, Лестершир. Полициските службеници во средата ненајавено ја посетиле „Старата круна“ откако двапати ѝ се јавиле на сопственичката Сју Хамфрис во пабот за да проверат дали луѓето од групата држат социјална дистанца.

Полицијата побарала дел од групата да биде преместена од задниот дел кон предниот дел на пабот, но сепак рекле дека не се прекршени правила.

„Бев загрижена поради она што го видов. Се чинеше дека има голема група луѓе што пијат надвор од пабот и изгледаа прилично блиску еден до друг. Почувствував дека мора да ја известам полицијата во случај да се кршат правилата. Чувствував дека е моја граѓанска должност да го пријавам ова и повторно ќе го сторам тоа“, изјави сосетката кодош.

Таа исто така призна дека направила видеоснимки од ужалените.

Во средата премиерот Борис Џонсон се обиде да го повлече тврдиот став за пријавување на соседите, но се чини дека некои веќе ја добиле оригиналната порака. Премиерот рече:

„Јас никогаш не сум бил многу за кодошката култура. Она што луѓето треба да го сторат ако се загрижени е да го споделат тоа со своите пријатели и соседи“.

Тој, сепак, им даде поддршка на луѓето што се јавуваат во полиција велејќи: „ако мислат дека постои сериозна закана за јавното здравје како резултат на активностите на нивниот сосед, тогаш е разумно да ги информираат властите“.

Прикажи повеќе...

Свет

Ердоган: Операциите на Турција во источен Медитеран не се завршени

Објавено пред

Турција го повлече истражувачкиот брод „Орук Рајс“ од источен Медитеран поради дипломатски односи со Грција, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Но, како што истакнува, тоа не значи дека турските операции во овој регион се завршени.

Обраќајќи им се на новинарите во Истанбул по молитвата, Ердоган исто така рече дека е подготвен да се сретне со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, во живо или преку видеоконференција, за да разговараат за тензиите во источен Медитеран, пренесува „Ројтерс“.

„Орук Рајс“ се врати во водите во близина на јужната турска провинција Анталија поради, како што објави Анкара, рутинско одржување.

Грција го оцени овој потег како прв позитивен чекор за намалување на тензиите за природните ресурси и поморската јурисдикција во источен Медитеран.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија1 час

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ3 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија4 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија5 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија6 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија6 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија7 часа

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион8 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет9 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија9 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион9 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија9 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет10 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет10 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија10 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ11 час

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа11 час

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет11 час

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион11 час

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Досие