Свет
Тројца државјани на Австралија во затвор во Иран, една жена осудена на 10 години

Две жени со двојно британско-австралиско државјанство и еден Австралиец се приведени во Иран, а една жена е осудена на 10 години затвор. Австралиското Министерство за надворешшни работи соопшти дека пружа конзуларна помош на нивните семејства и навело дека не може да дава дополнителни коментари поради обврската за заштита на приватноста.
Министерството исто така ги повика Автралијците да ги следат неговите совети за патување, кои вклучуваат предупредување дека странците ризикуваат арбитрарно затворање во Иран.
Британско-австралиска блогерка и нејзиното момче Австралиец се приведени пред 10 недели, додека патувале низ Азија, пренесува „Тајмс“. Професорка со двојно британско-австралиско државјанство, која студирала на Кембриџ и држела предавања на австралиски универзитет е приведена одделно и осудена на 10 години затвор, пренесува весникот „Тајмс“. Според пишувањето, таа се наоѓа во самица, но не се знае за што е осудена. Жената се наоѓа во затвор веќе една година, а австралиската Влада и медиумите не ги објавуваат имињата на приведените.
Иранските власти рекле дека блогерката ја држат во рамкиу на планот за олеснување на размената на затвореници со Австралија.
Во затворите во Иран има голем број странци. Затворањата претставуваат средство на Иран за притисок врз западните земји, по едностраното американско повлекување од иранскиот нукеларен договор заклучен во Виена во 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Жена избодена додека го носела детето на училиште во Велс

29-годишна жена е пренесена во болница во Јужен Велс откако била избодена со нож додека го носела своето дете на училиште.
Бројни училишта низ Велс веднаш беа затворени по овој инцидент, но веднаш не беше објавено за што точно се работи.
Потрагата по осомничениот се уште трае, а според очевидци, тој ја избодел жената неколку пати.
Граѓаните на новинарите им кажале дека мислеле дека се работи за трудница, пренесува Гардијан. Таа била пронајдена во локва крв на тротоар во Аберфан.
Од полицијата соопштија дека повредите на жената не се опасни по живот и дека и била соодветно третирана.
„Осомничениот го напуштил местото на настанот веднаш по инцидентот и истрагата е во тек. Вооружени полицајци вршат претрес на непосредната околина. Локалните училишта ги активираа своите протоколи за да ги заштитат учениците. Ги молиме луѓето да ја избегнуваат областа за да можеме ефективно да го истражуваме овој инцидент. Жената е пренесена во болница со повреди за кои се верува дека не се опасни по живот“, се вели во соопштението на полицијата.
Училиштето Гринфилд на социјалната мрежа Икс (Твитер) соопшти дека ги заклучило вратите и дека учениците се внатре.
Затворено е и блиското основно училиште „Инисовен“.
Нападот се случил на околу 800 метри од местото на трагедијата во Аберфан во 1966 година, во која загинаа 116 деца и 28 возрасни лица кога планински врв се урна врз селско училиште.
Свет
Ракета од Газа директно погоди зграда, сирени во централен Израел

Во раните попладневни часови од Газа беше истрелана ракета која директно погоди зграда во градот Ашкелон, предизвикувајќи аларм.
Според првичните извештаи, никој не бил сериозно повреден во ракетниот напад, но неколку луѓе претрпеле акутни напади на вознемиреност, пишува The Times of Israel.
Службите за итни случаи соопштија дека две жени на возраст од 60 години претрпеле полесни рани од шрапнели.
Припадниците на Противпожарната и спасувачката служба се на терен и трагаат по лица кои можеби се заробени во урнатините.
Ракетни сирени се огласија во неколку населени места во северен Израел во близина на границата со Либан. Во централниот дел на Израел, вклучително и во Тел Авив, се огласуваат ракетни аларми поради престрелки од правец на Газа.
Регион
Шест лица повредени во судир на автобус и камион: тешка сообраќајна несреќа во Ниш

Шест патници кои се наоѓале во автобусот на транспортната компанија „Нишекспрес“ се повредени во 14.30 часот во сообраќајна несреќа на крстосницата од Булевар 12. Февруари и улица Хумска во Ниш.
До несреќата дошло кога возило од градски сообраќај се судрило со камион со панчевски регистарски таблички.
Интервенирале две екипи на Брза помош и повредените патници ги пренеле во Универзитетскиот клинички центар Ниш.
Според првичните информации сите патници се со полесни повреди.
Полицијата врши увид, се утврдува причината за несреќата.