Контакт

Свет

Тројца здравствени работници во Норвешка добија тромб по примена вакцина на „Астразенека“

Објавено пред

Тројца здравствени работници во Норвешка, кои неодамна примиле вакцина против Ковид-19 на „Астразенека“, се лекуваат во болница поради згрутчување на крвта, соопштија норвешките здравствени власти.

Норвешка престана да ја користи вакцината во четвртокот, а сличен потег направи и Данска. Исланд подоцна го следеше нивниот пример.

„Не знаеме дали случаите се поврзани со вакцината од ова компанија“, рече Сигурд Хортемо од Норвешката агенција за лекови. Сите три лица се на возраст под 50 години. Европскиот регулатор на лекови „ЕМА“ ќе ги испита трите инциденти “, додаде тој.

Пред превземените чекори од Данска и Норвешка, Австрија престана да користи вакцина од компанијата „Астразенека“ додека истражуваше смртни случаи од нарушена коагулација и случај на белодробна емболија.

Сепак, од „ЕМА“ во четвртокот изјавија дека придобивките од вакцината ги надминуваат нејзините ризици и дека вакцината може да продолжи да се користи.

Свет

Нов Зеланд сака да ја забрани продажбата на цигари за родените по 2004 година

Објавено пред

Нов Зеланд во моментот размислува за низа предлози насочени кон елиминирање на пушењето во земјата вклучувајќи и радикална иницијатива со која ќе се забрани продажбата на тутун на цела генерација, пренесува РТ.

Според акцискиот план „Аоетароа без цигари 2025“, Нов Зеланд се надева на постепено зголемување на законската возраст за пушење и на крајот да се забрани продажбата на цигари на секој што роден по 2004 година. Иницијативата повикува и на значително намалување на дозволеното ниво на никотин во тутунот и става ограничувања на местата на кои може да се продаваат цигари. Владата исто така ќе постави минимална цена за сите тутунски производи.

Како што сугерира името на планот, целта е да се укине употребата на тутун во земјата во следните неколку години создавајќи непушачки Нов Зеланд до 2025 година. Министерството за здравство на земјата објасни дека додека стапките на пушење се намалени во минатата деценија, но дека треба уште многу да се работи, особено за да се намали употребата на тутун кај Маорите, пацифичките народи и оние што живеат во најсиромашните заедници.

Новозеланѓаните се повикани да дадат повратни информации за акцискиот план, кој беше официјално објавен во четвртокот. Жителите ќе имаат време до 31 мај да ги споделат своите размислувања за ова прашање пред тоа да влезе во следната фаза за да стане закон.

Речиси 4.500 Новозеланѓани умираат годишно од болести поврзани со тутунот и владата е посветена на забрзан напредок во борбата против пушењето.

Иницијативата е поздравена од некои групи, таа не помина и без критики. Некои предупредуваат дека ограничувањето на продажбата на тутун ќе ги банкротира сопствениците на продавници. Ограничувањата исто така може да поттикнат нерегулиран црн пазар за тутунските производи. Владата дури призна дека износот на шверцувани тутунски производи во земјата е значително зголемен во последните неколку години.

Прикажи повеќе...

Регион

Рама на предизборен митинг: Најнови вести, направив ботокс

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама денеска објави како најнова вест дека направил ботокс на лицето, што иронично ги коментира написите во медиумите за него.

Имено, натписите привлекуваат внимание на тоа како Рама е постојано насмеан.

Сепак, како што објасни, тој е насмеан затоа што процесот на вакцинација се одвива добро.

„И еве ги најновите новости, направив ботокс“, рече Рама.

Според „Политико“, Рама го објаснил ова на предизборниот митинг со следниве зборови: „(Медиуми) Тие нѐ фрлаат моливи без да додаваат брчки на картата на Албанија за да го изгребат лицето на оваа земја. И моето лице сјае поради сонцето што повторно почна да светнува над Албанија“, објаснувајќи дека тој мислел на процесот на вакцинација.

Прикажи повеќе...

Свет

ОН: Нападот со дрон на аеродромот во Ербил има цел да ги разгори тензиите во регионот

Објавено пред

Специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Ирак, Жанин Хенис-Плашерт, предупреди во четвртокот дека нападот со беспилотни летала врз седиштето на глобалната коалиција против ИД на меѓународниот аеродром во Ербил има цел разгорување на напнатоста во регионот, пренесува „Анадолија“.

„Синоќешните настани во регионот Курдистан се уште еден пример за несовесни обиди за разгорување на тензиите и за загрозување на стабилноста на Ирак. Ние ги осудуваме овие акти на насилство и ги повикуваме федералната и владата на Курдистан да дејствуваат бргу и едногласно за да спречат понатамошна ескалација“, објави Хенис-Плашерт на „Твитер“.

Претходно во средата вечерта, Министерството за внатрешни работи на регионалната влада на Курдистан преку соопштение објави: „Беспилотно летало со ТНТ беше испратено кон коалициска база на аеродромот во Ербил“ додавајќи дека во експлозијата не е повреден никој, но дека зградата е оштетена.

Зачестеноста на нападите против американските сили и странските трупи од глобалната коалиција против ИД ескалира во текот на последните неколку недели. Иако ниту една страна не презеде одговорност за нападите, Вашингтон ги обвинува ирачките вооружени групи поврзани со Иран за изведување на нападите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Нови 908 заболени и 31 починат од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 367,...

Македонија14 минути

Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина

Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но презумпцијата...

Македонија2 часа

Богдановиќ укажува дека ако се суспендира планот за зградите кај „Холидеј ин“, штетата ќе ја платат граѓаните

Во стариот Закон за урбанистичкото планирање општините немаа никакво ограничување за тоа колку да трае суспензијата или неспроведувањето на плановите...

Македонија3 часа

Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

Министерството за здравство следната недела ќе преговара со српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стртепки...

Свет4 часа

СЗО: Стапката на новозаразени се ближи до нов рекорд

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот на неделно ниво е речиси двојно зголемен во последните два месеца и...

Европа5 часа

Првите „ковид-фри“ возови од денес превезуваат патници од Рим до Милано

Денес, тргнуваат специјални „ковид-фри“ возови, во кои патниците ќе може да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, што...

Регион6 часа

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу

Граѓаните на Србија развија имунитет најбргу со вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата доза, што е за...

Македонија6 часа

Во болниците во земјата се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус...

Регион6 часа

Србија ги отвора училиштата

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата...

Македонија7 часа

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата...

Европа20 часа

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија23 часа

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Македонија1 ден

Мицкоски: Илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите обелодени нов скандал со назив „Мафија 2“, кој се однесува...

Европа1 ден

Фон дер Лаен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на...

Македонија1 ден

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион1 ден

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион1 ден

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа1 ден

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет1 ден

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени по избувнувањето пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија1 ден

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска, почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку vakcinacija.mk или преку матичните лекари....

Досие