Контакт

Свет

Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за уривањето на малезискиот авион во Украина

Објавено пред

Четири мажи се обвинети за убиство при уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Холандските истражители ги обвинија Русите Игор Гиркин, Сергеј Дубински и Олег Пулатов и Украинецот Леонид Харченко за вмешаност во соборување авион, објави Би-би-си.

За четворицата мажи се издадени меѓународни потерници за апсење, а судењето е закажано за 9 март 2020 година.

Истражителите нагласија дека ќе побараат од Русија да ги екстрадира осомничените што се наоѓаат во таа земја и се верува дека државјанинот на Украина се наоѓа во Украина.

Летот со патници „МХ17“ беше на пат од Амстердам до Куала Лумпур кога беше соборен над источна Украина на 17 јули 2014 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Војна на улиците на Мексико поради апсењето на синот на Ел Чапо

Објавено пред

Во мексиканскиот Кулиакан избувнаа судири меѓу безбедносните сили и припадниците на моќниот нарко картел Синалоа, чиј поранешен лидер е Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо.

Причината за конфликтот било апсењето на синот на Ел Чапо, Овидио Гузман Лопез, кој полицијата го пронашла при рутинско пребарување на неговиот дом.

Според Би-би-си, членовите на Синалоа организирале голем напад за да го извлечат помладиот Гузман од затвор што е можно поскоро. Засега нема официјални извештаи за судирот, но се појавија фотографии на кои се гледаат мртви тела и запалени автомобили низ градот. Објавени се и снимки од конфликтот на кои се слушаат истрели.

Помладиот Гузман ја презеде улогата на неговиот татко во картелот. Според Би-би-си, Гузман е на возраст од дваесетина години и се бара во САД за трговија со дрога.

Еден од најмоќните светски наркобосови, 62-годишниот Ел Чапо, е осуден на доживотен затвор плус 30 години дополнителна затворска казна.

„Овде нема правада“, кратко рече Ел Чапо по пресудата во јуни, која му ја изрече судот во Њујорк.

Ел Чапо ја започнал својата шверцувачка кариера работејќи на плантажи за марихуана во колумбиската држава Синалоа, но сега се чини дека остатокот од својот живот ќе го мине во затворот познат како „Алкатраз на карпите“ – федерален затвор со најстроги безбедносни мерки лоциран во сојузната американска држава Колорадо.

Прикажи повеќе...

Свет

Авион со средношколци се лизнал од пистата во Алјаска, има повредени

Објавено пред

Патнички авион со 38 патници, меѓу кои и средношколци, членови на пливачкиот тим, се лизнал од пистата кога се обидел да слета на аеродромот во градот Уналаска, во близина на Беринговото Море.

Медиумите јавуваат дека неколку лица биле пренесени со амбулантни возила, а еден службеник во училиштето изјавил дека членовите на пливачкиот тим биле во ред и отишле да јадат пица по инцидентот.

Според АП,  тоа се случило во четвртокот, околу 5 часот по локално време, на Алеутските Острови.

Шефот на националниот одбор за безбедност при транспортот на Алјаска, Клит Џонсон, изјавил за локалната телевизија дека не може да каже засега дали некој загинал во инцидентот.

Портпаролот на Федералната управа за воздухопловство Ален Кениер, во мејлот упатен до американската агенција соопштил дека локалните власти пријавиле дека покрај патниците, во авионот имало и тројца членови на екипажот.

Прикажи повеќе...

Свет

Eксплозии и пукање во Сирија, еден ден по договорот за прекин на огнот

Објавено пред

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел Ајн во североисточна Сирија, на само еден ден по договорот меѓу Турција и САД за прекин на огнот на пет дена.

Главна цел на договорот е да им се овозможи на курдските сили да се повлечат.

Според информации од Ројтерс, во градот Сејланпајнер, оддекнувале експлозии на гранати и се слушало пукање од автоматско оружје.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот потпретседател Мајк Пенс вчера во Анкара постигнаа договор за преки на огнот во северна Сирија на пет дена.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Eксплозии и пукање во Сирија, еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел Ајн во североисточна Сирија, на само еден ден по...

Европа1 час

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет13 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион15 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија16 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет16 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион17 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија18 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија19 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија19 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ21 час

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија21 час

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ21 час

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија22 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа22 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија23 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа24 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион1 ден

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет1 ден

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа1 ден

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Досие