Контакт

Свет

Тројца тинејџери се повредени во престрелка во средно училиште во Чикаго

Објавено пред

Тројца тинејџери се сериозно повредени во престрелката во близина на едно средно училиште во јужниот дел на Чикаго.

Според патролата на шефот на полицијата, Фред Верер, две лица се во притвор, а пронајдени се и пиштолите и куршумите со кои било пукано.

Засега мотивите поради кои дошло до престрелката во средното училиште се непознати. Полицијата го истражува случајот.

Свет

Повеќе од 50 жртви во поплавите во Јужна Африка

Објавено пред

Најмалку 50 лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во јужниот и источниот дел на Јужна Африка, објавија официјалните претставници денеска.

Спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат луѓето од руинираните куќи во крајбрежните делови на провинцијата Квазул-Натал, каде што загинаа 51 лице.

Во регионот дождот паѓа со денови, но властите не очекувале толкаво количество дожд минатата ноќ, изјави портпаролот на регионалната влада.

Ова резултираше со поплави и лизгање на земјиштето, при што некои објекти се урнаа врз луѓе, рече тој, според Ројтерс.

Уште три лица загинаа во поплавите во источната провинција.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски не треба да се сретне со Путин лице в лице, предупредува неговиот советник

Објавено пред

Новоизбраниот украински претседател Владимир Зеленски треба да оствари разговори со рускиот претседател Владимир Путин само со посредство на западните земји, изјави неговиот советник за безбедност и одбрана, Иван Апаршин, пренесува ТАСС.

„Не би му препорачал украинскиот претседател да се сретне со лице в лице со Путин. Ние не можеме да бидеме еден-на-еден со Русија, бидејќи тогаш нема да го решиме овој проблем”, изјави Апаршин за телевизискиот канал ЗИК, истакнувајќи дека разговорите на Зеленски со рускиот лидер треба да вклучат претставници на САД и на Обединетото Кралство.

Според Апаршин, Зеленски не треба да одржи разговори со претставници на самопрогласените народни републики Донецк и Луганск.

„Јас никогаш нема да ја поддржам идејата дека новиот украински лидер треба да седне на преговарачката маса со таканаречените ЛПР и ДПР,” истакна тој.

Според советникот, Зеленски се обидува да ја реши кризата во Донбас, но под услови кои ќе бидат од корист за Украина.

Зеленски, освои убедлива победа на претседателските избори во вториот круг од изборите на 21 април, обезбедувајќи повеќе од 73 отсто од гласовите. Новиот претседател треба да положи свечена заклетва до 31 мај.

 

 

Прикажи повеќе...

Свет

Јапонската влада се извини поради законот за присилна стерилизација

Објавено пред

Јапонската влада се извини и вети компензација за десетици илјади луѓе, кои биле присилно стерилизирани врз онсова на закон кој важел порано.

Генералниот секретар на кабинетот, Јошихида Суга, рече дека државата испраќа искрени извинувања и жали за таквите постапки, пренесе агенцијата АП.

На извинувањето од владата претходеше усвојување на закон во парламентот кој предвидува мерки за надомест, вклучувајќи и отштета од 3,2 милиони јени (28.600 долари) за секоја жртва.

Според американската агенција, од донесувањето на Законот за заштита на селективното размножување во 1948 година до неговото укинување во 1996 година, присилно биле стерилизирани 25.000 лица.

Според законот чија цел била да го спречи раѓањето на неквалитетни потомци, на лекарите им било дозволено да ги стерилизираат лицата со посебни потреби, ментална попреченост или луѓе кои страдаат од сериозна хронична болест.

Од друга страна, оштетените страни во овој случај, во тужба која ја имаат поднесено, бараат по 30 милиони јени (268 илјади долари) и укажуваат дека владиниот надомест е премногу мал за нивното страдање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија32 минути

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од Судот, во изјава...

Македонија1 час

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија3 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет3 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија16 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет22 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија23 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ23 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ24 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет1 ден

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ2 дена

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа2 дена

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20192 дена

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет2 дена

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Досие