Европа
Трудо: Канаѓаните ги отфрлија поделбите

Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој освои втор манадат, им порача на Канаѓаните дека ги отфрлиле поделбите и избрале програма за напредок.
Трудо на вчерашните парламентарни избори, според првичните процени, го победи конзервативниот ривал Ендру Шир. Тој го изгуби мнозинството, но оствари изненадувачки добар резултат и покрај тоа што беше ослабен со низата скандали што му го нарушија имиџот на либерален политичар, наведе АП.
Агенцијата коментира дека канадскиот премиер го прекршил протоколот, бидејќи одржал говор во исто време кога се обраќал и неговиот политички опонент Шир.
Трудо истакна дека ќе работи и за тие кои не гласале за него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ердоган за изјавите дека е диктатор: Италијанскиот премиер е дрзок и нема почитување

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини италијанскиот премиер, Марио Драги, дека е арогантен и без почит откако Драги го нарече диктатор.
Да потсетиме, Драги минатата недела го обвини Ердоган дека сакал да ја понижи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и рече дека треба да се настапува отворено со диктаторите, предизвикувајќи осуди од Турција. Ердоган ја прими Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во Анкара, а снимките од почетокот на состанокот покажаа дека Мишел добил стол покрај Ердоган, додека Фон дер Лајен мораше да седи на каучот од страна.
Ердоган, пак, вчера изјави дека Драги ги нарушил односите меѓу Турција и Италија и дека италијанскиот премиер нема легитимитет да упатува вакви критики.
„Изјавата на италијанскиот премиер е чиста дрскост и непочитување. Додека се надевавме дека турско-италијанските односи можат да достигнат високо ниво, неговата изјава, изјавата на тој човекот по име Драги, за жал ги торпедираше тие односи“, рече Ердоган и продолжи:
„Вие сте таму затоа што некој ве именувал, а не ве избрал. За да можете да дадете такви критики за Таип Ердоган, прво мора да бидете свесни за сопствената историја. Но, видовме дека не сте“, нагласува Ердоган, притоа јасно алудирајќи на италијанскиот фашистички диктатор, Бенито Мусолини.
Драги, поранешен претседател на Европската централна банка, не дојде на власт преку избори, но беше назначен од италијанскиот претседател на чело на владата, по падот на претходната коалиција поради внатрешни превирања.
Европа
Чешка се понуди да ги купи вакцините на „Астразенека“ од кои се откажа Данска

Чешка се понуди да ги откупи од Данска останатите дози од вакцината „Астразенека“, откако тие одлучија целосно да ја прекинат употребата на оваа вакцина.
„Подготвени сме да ја купиме вакцината ‘Астразенека’ од Данска“, истакна чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамачек.
Неколку земји досега ја ограничија старосната граница за употребата на оваа вакцина, но Данска е првата која се одлучи на целосен прекин, и покрај тоа што ваквиот потег може да предизвика одложување во кампањата за вакцинација.
Европа
ЕУ договори итна испорака на 50 милиони вакцини на „Фајзер“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во средата објави дека е постигнат договор со „Бионтек/Фајзер“ за испорака на 50 милиони дози вакцина во вториот квартал и најави почеток на преговори за трет договор за купување 1,8 милијарда дози од производителот во текот на следните две години.
„Задоволство ми е да објавам дека постигнавме договор со ‘Бионтек/Фајзер’ за забрзување на испораката на 50 милиони вакцини, кои ќе бидат доставени во вториот квартал наместо во четвртиот“, рече Фон дер Лаен.
Таа додаде дека испораката на тие 50 милиони дози вакцина ќе почне во текот на месецот. Со забрзувањето на испораката „Бионтек/Фајзер“ ќе испорача вкупно 250 милиони дози вакцина во вториот квартал. Овие 50 милиони дози ќе бидат дистрибуирани до земјите членки пропорционално на населението.
Фон дер Лаен потврди дека Комисијата во иднина ќе се потпре на вакцините засновани на информациската РНК, нова технологија, која ја докажа својата вредност.
„Сега влегуваме во преговори со ‘Бионтек/Фајзер’ за трет договор. Тој договор предвидува набавка на 1,8 милијарда дози за периодот 2021-2023 година“, рече претседателката на Комисијата.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш